И мене ми е многу ниско. Докторката ми рече дека не е стршно,само што имам малку повеќе болки во грбот. Додуша,мене ми шета,некогаш до под гради ќе ми дојде ми се чини по желудник ми мава. Ама повеќе од времето многу ниско го носам.
Не се буни. Се што треба да направиш Митко убаво си пишува во извештајот. Скринингот на своите пациенти тој го прави. Немаш потреба как димчев да закажуваш. Как Драшко Димески ти кажал да одиш за срценцето на бебето. Јави се и закажи си. Овој преглед можеш, ама и не мораш да го правиш. Митко секако гледа срценце и комори предност е што ако го направиш, по пораѓај имаш бесплатна проверка на срценцето на бебето. Се прави околи 23та недела еден, па за 5-6 недели друг. Јас само првиот го правев.
Знам дека докторот ми направи све што треба вчера го правев вториот скрининг и убаво све ми објасни но ми спомна дека треба да се направи кај др.димески за секој случај плус и во извештајот напишал.. немам никаков број како да закажам
Не е страшно Ретко кое бебе одговара точно до ден според последна менструација. Разликите се мали, ако е поназад или понапред до 2 недели, се толерира.
Знам дека нее задолжително но убаво е да се направи плус и др ивановски ми го кажа истото.. да во систина планирам да се породам и кукла ми го кажа истото после пораѓај му следи бесплатен преглед.. ти благодарам многу Мила има пишано во извештајот изнам точно за што ме упатува..Сепак ти ти благодарам
Јас така си замислував те дека ми е мал стомакот, дека дека мн ниско ми е бебето. Кај мене бери скоро две дланки ако ти е за утеха. Исто сум 25 недела. И др ми рече дека си е нормално. До крај на втор семестар бебе било до висина на папук. Во последнот семестар се кревало на горе и исполнувало простор над папук. Јас сум посебно загрижена затоа што моаја сестра се породи во 7 баш поради ниска носивост, ама матичниот ме смири со ова. А исто и во Плодност кога прашував ми рекоа дека немало ниско или високо носење и дека сите жени ги носеле исто и дури и ми се изнасмеа на прашањето.
Женски дајте некој совет не престана да ми се лоши дури и со го разранив грлото многу ме боли не можам даголтам гребе ли гребе дај кажете што да купам се побудалив
Fala ti mnogu.Bash i zatoa se plasev da gi koristam zosto vo upastvoto e napisano da ne gi koristat trudnici. Fala ti uste ednas na sovetot
Мене за грло само лути бомбони ми даваа и чаеви без кофеин. Што мислите за летување на море во 25та недела ? Дали некоја од вас била ? Смеам ли да се бањам ? Инаку имам многу мирна бременост... ни ми се лоши, ни ми се гади, ни свест ми се врти...
Мислам дека можеш. Јас прашував во 21 и добив дозвола, ама ни излегоа некои работи и ме бевме. Сега имам прилика за другата недела кога ќе бидам 26. Вчера на контрола матичниот баш ме праша дали сум била и ми рече па оди сега.
Феминки, дали некој имал искуство со константна сува надразнителна кашлица во текот на бременоста? Јас сум 10 недела а оваа кашлица ја имам веќе 3-4 недели без престан. Направив крвна слика, брис од грло и нос но на резултатите се беше во ред. Пијам добростон и аспирин 100 па дали е можно некоја реакција да биде и од нив?
Само јас ли имам проблеми со повраќање во втор триместар? Сега се напив вода и како да претерав и одма ми доаѓа да исфрлам се Исто и со јадење, ако каснам малку повеќе одма ми е лошо. Се мислам на диета да се ставам.
А дали некоја има користено zincovit c таблети за шмукање тие ми ги препорачаа денес во аптека заради разрането грло пошто не можам да голтам.... Се мислам дали да пијам ве молам помогнете....
Зедов б6 да пијам по потреба, ама во упатството пишува да се избегнува во бременост, и сега ми е шубе да се напијам..ам ве читав дека пиете така? Јас ги имам на алкалоид тие.
Јас во првите три месеци по препорака на доктор пиев Б6 по една за да ми ги смири "вечерните мачнини". Тој ми рече дека можам до 3 по потреба. Мене ми се лошеше само на вечер и тогаш пиев. Исто на алкалоид и јас ги имав.