Дали во прв триместар за сува кашлица имате пиено сируп Хербион-Исландски лишај/Тегавец или Др Тајс-тегавец? И дали знаете дали е дозволено? Мојот доктор гинеколог ми рече да пијам еден од овие ама читам во упатствата дека не се препорачуваат во бременост... Пробај со Антиметил апчиња од ѓумбир
Добар ден мешковци, Јас како тазе во оваа работа сум се еден куп прашања . Прво до кога смеам да спијам на стомак? Така ми е најубаво но знам дека за брзо треба да почнам да се одвникувам. Незнам како да се справам со стравот што го чувтсвувам постојано. Знам дека треба да бидам смирена не е убаво за бебето, но ете таква сум паничарка и на секоја блага болка јас се потресувам. И плус многу сум нестрплива, едвај чекам да одам за срцева реакција, да видам дека се е во ред. Како се справувате вие со стравот? Пред да останам бремена мислев дека тоа ако се случи веќе нема да се грижам толку, но ете не е така.
Ја имав исто лоша кашлица ама мене не ми даваа да пијам сирупи. Само природно, овошје, чаеви и сл. Ама што тебе ти дале, валда во ред е. Ти треба да одлучиш.
Верувај душо сите сме со истиот страв. И да те лажам дека ќе помини откако ќе слушнеш срце, нема, затоа што потоа идат и други стравови и стресви. Дали се ќе биде ок на прв, па на втор скриниг. Па после се појавува стравот од порајѓај и дали се ќе биде ок и така во круг. Но, гледај колку што можеш опушти се и релаксирај се со работи кои те смируваат. Читај, шетај, дружи се, готви, плети...прави се што те исполнува. Јас еднаш во подршка на сите оние кои сакаат да забременат ви го кажував ова и ви велев да уживате во тој период, затоа што допрва идат вистинските и до некаде реални стравови. Инаку за спиење на меше мислам дека некаде до кај 3 месец е безбедно, но јас лично откако останав трудна не спиев ниту еднаш затоа што побрзо сакав да се навикнам да спијам на страна. Колку сум се придржувала до тоа во сон не знам, сега и да сакам не можам, мешко смета. Битно сега смееш на грб, а во иднина и тоа не е препорачливо. Инаку за болките, мојот матичен вика, па како сакаш трудна си. Се шири матката, расти нов живот во тебе и чудно е ништо да не почуствуваш, Ајде со лесно и смирено само. Се ќе биде супер и добро дојде во тимот на загрижени трудници.
Се додека не почне да ти пречи спиењето на стомак, мене во 7-8 недела ми засмета, нема да се чувствуваш убаво, туку некако оптегнато кога ќе спиеш на стомак. За стравот и јас бев таква се додека не појдов да слушнам срценце, секоја болка во стомакот се на лошо ми идеа мислите, среќа појдов на работа каде што имам две колешки во поодмината бременост па нив ги прашував, а ова нормално е, а ова вака треба да биде, да не треба да појдам на лекар (жива досада) и тука редовно читав ама баш тоа што ми требаше изгледа го прескокнував односно слаби “менструални“ болки додека се подносливи, нормални се, чувството на затегнат оптегнат како жица стомак, нормално е, немање мачнини- ретко е ама нормално е, имање мачнини и повраќање- често е ама нормално е, промена на столицата - нормално е (доколку дијареа трае подолго од 2 дена обавезно советување со лекар), лоши мисли бркај ги подалеку, мисли си позитивно, опкружи се позитивни луѓе, читај некоја лесна книгичка онаква за ладење мозок и редовно прати на фемина Труднички муабети и Прво тромесечие а по потреба и листај наназад страните
Здраво женски да прашам денеска бев на доктор и ми кажаа бремена сум 9 недели и сега ми кажаа за во септември за проверка на крвта и да ми прават 4d испитување и сега сакам да прашам тоа испитување на приватно колку изнесува
Девојки, како се справувате со запекот? 20та недела сум, и мислам дека стомакот ќе ми пукне од што не сум олеснета 2 дена веќе... Јадам овошје, пијам многу вода, јогурт и пак ништо... Некој совет?
Nesto suvo ovosje imas li probano? Jas porano imav nonstop zapek ne odev so denovi u vece. Ama koa ne mozev da izdrzam veke zemav i mesav: Dve supeni lazici soncogled, Edna supena lazica leneno seme i Edna supena lazica integralen susam. Se toa se mesa so edna lazica malteks. Se e prirodno i proteruva. Ako go konzumirqs sekoj den ke odis ednas dnevno vo vece sigurno.
@Milaaa991 и @S.J.Parker ви благодарам на поддшката, навистина многу ми значи кога ќе слушнам дека не сум сама со овие мисли. Вчера си земав една книга и планирам да почнам да ја читам, малку да се релаксирам. Ќе помине и овој период па после ќе се грижиме и тажеме во мајчински муабети .
@Smokva90 Јас за кашлица пиев мед со прополис од Бомед. И вит ц од 1000 од каливита. За 2-3 недели ми помина. А од медот по 1л на ден. И пиев вода со некоја капка лимон Ги купив тие за лижење од ислански лишај, ама не ги користев.ми беше страв
Суви сливи свари ги како компот, без шеќер, нема потреба доволно се благи. И пиј ја водата , а јади ги и сливите. Ќе ти помогне.
Во првото не користев , а понатаму да ,но во мали дози колку да одржувам имунитет (неколку капки на лажиче мед) и со паузи (преку еден месец не цело време . Ова во консултација со гинеколог а и медарот (си имаме човек од кај што стално зимаме мед прополис и матичен млеч) истото ми го кажа. Човекот исто ми напомена да не користам матичен млеч за време на бременоста.
Веќе сум во 5ти месец и мислам дека почнав да го чувствувам бебето Само некако многу ниско го чувствувам тоа мрдање, неколку сантиметри под папокот...Дали е нормално вака?