Јас 2-3 месец бев подуена како 5-6. После едно време спласна и преку ноќ повторно кај 5-6 почна вистинското меше да расте и да се познава.
И јас така се осеќам преподуена и веќе се забележува дека имам стомак ептен ми се познава уште од почеток
Феминки, дозволено ли е во прво тромесечје, па и понатаму да наносуваме ув гел лак (не оној тешкиот гел туку гел лак) на нокти кој се суши на ламба? Зборувам за употреба во домашни услови и за моја лична употреба, не во салон.
Не се оптеретувај до толку. Мајка природа е посилна од се. Јас не прескокнав ниедно правење нокти со гел. Кај лошо, кај се, уште без средени нокти
Ужас со оваа моја несоница , бројам уште 10дена до термин . Ниту можам да седам ниту да спијам ниту да се движам ... Ова стврднувањето на стомакот ми ги кочи нозете дур не попушти не можам да мрднам.Единствено не осеќам болка на косата друго СЕ по список ме боли седам и препотувам дури и со клима . За отоци цела сум ,ма како мравки да ме лазат по дланки и стапала , трпнење чиниш не се мои . Знам дека нема чаре ама да си кажам а ми се спие ,и покрај толку перници јас пак неможам положба да си најдам .
Девојки, мислев да се воздржам, но место не ме држи. Пред два дена бебето го чувствував многу (дури зз прв пат така поинтензивно). Но, вчера бев активна низ двор, при што клечев и бев наведната и преку денот само мал удар почувствував од бебето и толку. Читав дека помалку е активно кога јас сум поактивна. Искуство некој? Цела ноќ ме утепаа мисли, да не нешто го повредив бебето со активноста Патем, колку е дозволено тоа клечење? Не ме болеше ништо, зашто и онака стомакот не ми е голем.
Па избегнувај клечење и наведната да седиш колку можеш. Инаку која недела си. Ако скоро си почнала да го чувствуваш не е чудно воопшто тоа некои денови послабо или да не го осеќаш. Еве јас скоро 26 недела и сеуште преку ден кога сум активна послабо го чивствувам, ама затоа навечер не ме остава да спијам.
Кога сме ние активни за бебенцето е како лулашка и најчесто спие. Се будат кога ние мируваме. Јас така знам. Физичка активност секој според тоа како се чуствува, да се следи телото и препораката на доктор.
Здраво идни мамички сакам да ми дадете совет, дали е безбедно да се бањам во Охридско езеро. Летово одлучивме да одиме таму на одмор поради климата и близината. Кога ќе идам за недела дена ќе бидам влезена во 13 недела. Некои викаат дека не е безбедно да се бања во езеро поради бактерии :/ ве гушкам
Не е препорачливо во бременост да се бањаш во езеро или базент можеш само до колена да се разладуваш јас така правам кога идам на базент дите се бањаа јас си се разладувам тоа можеби ќе нема ништо али психата прави своето јас гледам многу трудници во поодмината бременодт се бањаат во базент али мене ми е шубе