Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    И јас ноќеска сонував, дека ми кажуваат дека не сум веќе трудна,повеќе среќа следен пат. И наеднаш другарките ме чекаат за излегување во град, да бркаме дечковци, а јас си го барав мм и го немаше ни него. И се мачев во сон, како тоа сега да излегувам и да барам допрва дечко, кога си имав и маж и дете на пат :D
    И кога се разбудив со стомакот и маж ми до мене заспан, ми олесна. Од кај извадив ваков сон, си се чудам :D
     
  2. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Кога сме кај соновите, јас во мојот сон ноќеска си се породив и тоа многу лесно без никаква болка :D дури и веднаш станав и ја изметов собата во болницата, а плус си го видов моето бебенце, со широко отворени крупни очи како да е поголемко не сега родено :D не знам што ќе беше ова, ама убаво се чуствував кога си се раззбудив, едно дека си го видов бебенцето (на сонов беше машко а јас сеуште не знам што е навистина :D ) а од друга страна што си имав лесно породување :lol: Поздрав до сите
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Лесно породување во сон обично значи дека во реалност со леснотија ќе надминеш некои пречки :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Во врска со соновите, освен овој најморбидниот еве уште неколку :$
    На почеток од бременоста многу сонував, до некаде 15н, тогаш уште не знаевме дека е цуцка, а јас неколку пати сонував како е девојче веќе родено, пораснато.
    Последно сонував како се родило, ама било ептен многу грдо, воопшто не личело на девојче, црно едно, уффф. Ова изгледа беше последица на муабетот со маж ми , на кој ќе личи :lol:

    Докажано е дека трудниците многу повеќе сонуваат, јас ви викам до 15н многу сонував, потоа паузирав се до сега, кога скоро секоја вечер имам некои глупави соништа, без разлика дали се или не поврзани за бебето.
    А читав некаде дека трудниците кои кон крајот на бременоста имаат кошмари , имаат лесен пораѓај. Е оваа теорија допрва ќе видиме дали е точна :P
     
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ауу кошмари се моја тема.
    Одкако забременив се будам често и сфаќам дека сум имала кошмар.
    Последно што памтам е дека дојам бебе и прво излегува млеко и после почна крв да ми тече од градите :puke:
    Не им се потресувам многу иначе кај ќе ми биде крајот.
    А да и често сонувам како возам и имам сообраќајка. :tmi: :^)
    А да нагласам дека уште на почетокот на бременоста сонував дека е девојче и така испадна.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Аааа значи интересно е ова со сонувањето на полот и како тоа погодуваме. Види интересно, јас кога сонував дека е девојче, на јаве бев сигурна дека е машко, а кога се разбудив си кажав, ете секогаш е обратно од сонот, значи дефинитивно е машко. Но :!: , не сонот бил вистина :lol:
    Cecilia каква интуиција имаме значи, верувам дека кај сите трудници има врска ова.
    Сега ми текна дека, пред да одам на вториот скрининг, кој всушност требаше да биде 4д, сонував како сум отишла , ми го извадиле бебето да го прегледат и потоа пак го ставиле во мене , а сум им викала уште малку да го остават да го погледам, демек сега на тој преглед реално се гледа. Бев разочарана во сонот оти не ми го оставија да го видам убаво.
    Утредента кога отидов на преглед, си излегов разочарана оти не беше 4д како што очекував, туку 3д. Па , си ги поврзав работите и ми стана јасно |(

    Зборот ми е дека дефинитивно има некоја поизразена интуиција кај нас трудниците, само треба да ја следиме.
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле навистина јас последните 2 месеци секоја вечер многу сонував, а многу често го сонував бебето дека било женско, некогаш пораснато, некогаш бебе, а послето излезе дека е обратно од сонот, бебето е машко :D. јас пијам б6 после јадење ама сега ке пробам и пред спиење, благодарам на советот. :*
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јас само да ве поздравам идни мајки и за да не си сонувате многу никако јадење непосредно пред спиење и за да не ви снемува здив на сред сон, никако на грб да спиете, само на страна.
    Вчера ме фати тој наплив или инстинкт за гнездење ли како ли веќе го нарекуваат, па се испрано и сушено е и испеглано, и фино лепо средено спремно за бебуш. Остана количката и транспортерот, ама ги чекаме баба и дедо дека им беше особен мерак и тие да дојдат, прва радост. Часот за трудници помина супер, гледавме и видео од пороѓај и си велам ако е вака Sign me in. Толку професионални беа сите, соба само за тебе, се чисто, смирено, разни техники на опуштање со масажа, топла бања, вежби на пилатес топка, ах, само да е така како на цд-то. Следно уште еден час и состанок во клиника за да не упатат што очекуваат од нас и што ние очекуваме од нив.
    Ви посакувам пријатна бременост и лесен пораѓај и не се замарајте многу туку одмарајте и терајте тоа мажите да ве масираат и угодуваат, дека сега се се врти околу вас, а наскоро околу најубавиот подарок на животот.
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    NoellePage каде беше на часови?? За во Македонија ли зборуваш???
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    За жал МеУ не сум во Мк. За во Ск некоја феминка имаше линк дадено. Бабицата ни даде книга и на интернет ја има во пдф фајл со техники за олеснување при болки во бременоста и правилно опуштање и полека подготовка за големиот ден и како да си олесниме. Само не е на мк книгата.Ако си заинтересирана ќе ти пратам линк само пиши ми лп. Имаш слики објаснето мн убаво е, и со помош на чичко гугл превод ќе средиш работа ;)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ај пријателчиња да ве прашам јас нешто :)
    конечно после 5 месеци се решивме да се љубиме со мажево :$ и докторката го убеди дека тоа е убаво и во ред дека е , ама незнам дали со кондом или без, затоа што некаде на инт прочитав дека препорачливо било со кондом,вие како правите? :$ :$
     
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    И јас од мои блиски пријателки што имааат раѓано имам чуено дека и нив гин.им препорачал да водат љубов ама со кондом. Оваа претпазливост е да не закачат некоја инфекција од партнерот.Додека во последниот месец се препорацува без кондом,наводно спермата ја омекнувала матката,и ја припремала за полесен пораѓај. Се надевам ти помогнав барем малце... :$
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    meU Една моја другарка идеше пред еден месец на курс за идни родители и исто како и NoellePage имале прво часови за вежби, па видео снимка, па обука околу подготовката пред и по доагањето на бебето.. А исто така ги носеле и во државна мислам дека за да им покажат што како треба.. Еве ти линк од ФБ па види распрашај се, има и други здруженија и можете да посетите некое.. И јас планирам кога ке си дојдам ( бидејки не сум во Мкд а и сеуште ми е рано), но сепак сум во план да посетам некој ваков курс :)
    Се надевам ке ти помогне линков
    Поздравче :*

    https://www.facebook.com/pages/Lulka/195134460846


    Исто така и јас имам слушнато како и Каталина дека во текот на бременоста, водењето љубов треба да биде со заштита за да не се фати инфекција а дека во 9 месец препорачливо да биде без заштита поради истите причини (да не се пофторувам) :) :)
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    е тогаш ке си се љубиме со кондом, за да си бидеме мирни сите ;) ако не се премислиме со мажево утре ке ви раскажам, ехеххе :D
     
    На Katalea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    И јас видов за оваа група, знам и за на ГАК дека има, а има и во св. Лазар, сите се бесплатни, но нема да можам најверојатно да ги посетувам.
    Па сега ќе барам од Ноелле да дава линк од брошурки, па да видам дали ќе се снајдам нешто :)
     
  16. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Мешињa како сте? Како напредуваат малечките? :) Јас само сакам да споделам со вас една слика, мојата алка и алката на мама која веднаш се добива откако ќе се роди малечкото, верувам и вие имате такви и допрва ќе имате од вашите малечки.
    Ве гушкам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 11111111.png
      11111111.png
      Големина на фајлот:
      1,4 MB
      Прегледи:
      233
    На Katalea и Unique.chick им се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ме потсети :) и јас имам, мајка ми ја чува заедно со мојата папочна врвца :)
    Какви спомени се ова, само мислам дека кога ќе порасне детето разбира, а посебно ако е женско многу по емотивно ги доживува.
    Јас уште од мала обожавав да ги гледам, постојано ја терав мајка ми да ги вади за да ги гледам :wasntme:
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ве молам за одговор,многу ми е хитно...Пред неколку саати излегов на балкон и сакав да седнам на столче, од оние платнените што се,како за на плажа, ама само што седнав платното се скина и јас со цела сила треснав доле на плочките. Сега имам многу болки во кичмата и стомакот, имам остри чудни болки. Ве молам кажете ми дали може нешто лошо да се случи со моето бебе...
     
  19. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200

    Се надевам дека веке се чувствуваш подобро и дека се е во најдобар ред.. Мое мислење е дека секогаш кога се има силни болки без разлика дали е од паѓање или се предизвикани сами од себе дека треба да се посети доктор и да те прегледа. Немора да значи дека се случило нешто лошо на бебето но сепак мислам дека најдобро е да си отидеш и провериш барем така ке бидеш помирна и нема да се нервираш..
    Поздравче и пиши како се осекаш..
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    силк ајде тркни до кај гинекологот на едно ехо и кажи ни со се случи и јас во 4 месец имав паднато по скали ама срека се држев со рацете за оградата па не ми бесе ништо освен нозете што си ги излупив а и добар пад си направила чим имаш јаки болки мораш на лекар