нека ти е со лесно бременоста.. лекарот ке те советува за настинката.. ама мислам дека од лимон, цај ,парацетамол и нозете во топла вода подобар лек нема за настинка..сега е сезона на настинки грипови вируси така да трудниците цесто ги зафакат секако со добра нега и гриза ке помине се поздравцеее
со лесно мамицке узивкај си и гускај се со меско несто најубо е а за настинката цај од сипинки ке помогне и топло млекце со малку маргарин ,топла супа од домати или каква ти се допага кај мене секогас помагало па и сега кога сум во 5 месец а осетам глава ме боли киванје или слицно одма топла супа со малку оцетце биберце и сркајј а и за цајот нема да згресис поздрав и се најубоо
Да се замешам во труднички муабети може ќе ме фати мајата Мамички имам прашање, колку се слични од ваше искуство пмс симптомите и симптомите за бременост во однос на грчеви и стегање во долниот дел од стомакот и болки во половината? И дали сте имале прво негативен тест на денот на недобивање па подоцна позитивен??? Воопшто несакам лажно да се надевам ама никогаш не ми доцнела ме боли половината, стомакот малце наутро и навечер како пред добивање а ништо градите во пмс ми се како пред експолодирање сега така-така уфффф толку е нормално некој месец да задоцни макар и ретко ама пуста надеж со лесно на сите
azelea Честитам, со лесно нека ти е. За настинка како што си почнала тоа и да се продолжиш, супа со црн бибер, чај со лимон, парацетамол на 8ч/1 и тоа е тоа. Ништо друго не можеме да направиме. Спојлер Јас и онака слаб имунитет, веќе неколку пати го поминав ова. Само да има некој настинат во моја близина и јас во рок од неколку саат качувам температура.. .Исто туширање со топла вода помага, пареата помага на дишните патиша. И спреј во нос, (прашај си гинеколог дали може да го коритиш ама не би требало да е проблем. Ако ти е затнат носот можеш и со малце вазелин да се намачкаш, мене и тоа ми помага) Wanna.be.mum јас бев 100% сигурна дека ќе добијам затоа ги имав вообичените пмс симптоми. После прочитав дека тоа е нормално. Ти веќе направи тест? Спојлер Тестот може да биде лажно негативен ако нема доволно хормони да се приметат, посебно ако се оние тестови со само една лентичка што се натопува во мокрача . Најдобро би ти било да си почекаш уште некој ден (2-3) па направи тест ако не добиеш, и купи си од тие SureChek или Self Clear. Ајде почекај па пиши како си поминала и да се дружиме на темава
Здраво идни мајки и сегашни мамички. Само што се вратив од пазарување бев да купувам алишта за син ми. Инаку малку сум загрижена синока додека спиев кога се свртив на друга страна толку силно ме заболи стомакот едвај дишев дали можеби знаете од што може да се таквите болки? Или пак може се од нагло свртување?
добар ден драги најубави мешиња добри ли сте? ние сме добри,спиеме добро и веке повеке јадеме често мокриме,па навечер 3пати стануваме,се надевам не е ништо лошо тоа,инаку кога мочкаме некако чудно осејкам доле,како напон да имам,малце имам страв од тоа?!!.. денес треба да ги земам резултатите од крв и мокрача,Sе надевам таа инфекција да ја немам,се надевам се ке биде ок!. аааа да си кажAм го сонував бебушко малце убаво Mаалце неубаво,демек сум го Rодила пред време и бесе мало,ама беше толку слатко.. хм ова оти свек...ми зборише да не сум го родила пред време хм,како јас да незнам!. па секоја мајка го посакува најубавото за својето бебе најубави тие
Тридници и мајки имам едно прашање од синока таман да се наведнам да потфатам нешто слушам чрчорење во стомакот дали е нешто сериозно има ли некоја да знае? Аман многу сум страшлива.А денес откако се вратив од пазарење многу ме боли глава , ми се стемнува пред очи добивам болки во стомакот ... И најлоШо од се ми се поврака а неможам да повратам никако
Здраво , да ви се придружиме ја си моето меше кое тасте веке 13 недели,инаку се е во најдобар ред барем засега а деновиве чекаме резултати од брис и од приска со големо нетрпение поззз .........
Еве ме и во оваа тема. Денеска го направивме првиот скрининг, направив и микробиолошки брисеви и приска па за недела дена чекаме резултати. Од денеска ја прекинувам фолната и почнувам со мамавит и магнесол 150, па мешиња кажете ми магнезиумов да го пијам еднаш или два пати на ден? Не пишува во упатството ништо за бремени жени, само по една шумлива таблета за деца и две за возрасни, а аптекарката ништо не ми запишала на кутивчето. Вие како ги пиете?
Ви благодарам труднички на топлото добредојде јас само што се вратив од лекар и како и што претпоставив рано е ,4 недела и два дена сум,има плод во матка убаво,само др рече дека е рано за срцева акција па да отидам за една недела,и за настинката и кажав,рече само парцетамол,чаеви витамини,и ако кренам температура само ампицилин да земам.Се читкаме поздравче до сите
pa jagoda stom e od 150 jas mislam po dve edno posle pojadok i posle vecera jas taka gi piev inaku sea pijam magnezium direkt od 300 dva pati na prasok koj se topi vo usta bez dopolnitekni tecnosti pak ako skas prasaj si go doktorot
Мене матичниот ми кажа дека магнезиумот се пие по еднаШ на ден а ако имаш грчеви се пие по 2 пати. Зошто магнезиумот е 300 мг и било доволно по 1 доза . Јас користам магнезиум од 350 мг и пијам по 1 на ден
2x1 и јас така ги пиев дневна доза потребна е 300 мг,а магнезолот шумечи е 150мг,затоа насабајле и навечер по една
Јас магнезиумот го пијам 2х1, од по 250 мг, значи дневна доза ми доаѓа по 500 мг, ама по препорака од лекар. Пиев по еднаш на ден, ама поради грчеви ги пијам по двапати сега, се до 37 недела.
[/quote] Последиците од алкохолот не се гледат во текот на бременоста, се гледаат од кога ќе се роди бебето. Ако количината на алкохол кој си го конзумирала е повеќе од чаша пиво на ден, особено ако си пиела жестоки пијалоци (вотка, виски, коњак итн ) добро би било да му го кажеш тоа на матичниот гинеколог. Конзумирање на алкохол во текот на бременоста е еднакво на дрогирање со тешки дроги, истите последици ги има по плодот.[/quote] Известен е веќе благодарам за советот инаку сум пиела по една чаша вино или пиво се надевам нема да има големи последици ако недај боже има никогаш нема да си простам
Честиткии се најубаво и лесна бременост да си имаш и јас си настинав бев на преглед кај матичниот гинеколог и ми даде витамин ц и алмацин .. Патем кажа дека овие лекови се дозволени во текот на бременоста но секако треба да одиш на преглед докторот најдобро знае што да ти даде како превентива