Јас бремена се имам брцнато на два три пати колку само да се оладам на плажата на свети наум таму е најчисто. Ова лето се ладам во туш кабина
Феминки осеќам од левата страна од време на време некакви болки и некако кај стомакот денес ми се случи да ме сечи наеднаш во секунда 8 недела и некој ден
Јас во охридско не се капам никогаш, многу ми е ладно А и еднаш пред 5-6 години фатив цистит откако се капев таму и сега само до колена и назад. Инаку др ми дозволи само на море.
Нормално е тоа, на почетокот тие болки се нормални, ако ти е кај стомакот може да биде поради послабо варење на храната, мене ми помогна сирупот од слива и смоква баш за болките во стомак , желудник и твда столица
Јас 22 недела сум, повремено го чувствував, еден ден поинтензивно, па еве два дена само по некој удар. Зависи како е наместено, а? Полудувам До сега не сум имала проблеми со физичка активност, поубаво ми е да се движам и да работам, ама ете сега други грижи, само мисламн
Приската,брисевите и уринокултурата во ред. Желудникот постојааано е празен Во долниот дел од стомакот имам повремени мали болки, од ширење на матката ќе да се?
Денес го направив и тој фамозен тест за скриен шеќер и супер поминав. Ништо страшно, само што се здрвив 2 часа во чекална. После си се почастив интегрална пица, нова фризура и нова трудничка облека. Крвта за чудо уште не ми е ослабена (121 хемоглобин и 23 серумско железо.) Др се зачуди дека слаба мислеше сега катастрофа резултати ќе имам, па дури минатиот пат некој сируп од Грција ми препорачуваше, ама ај рече ќе почекаме да провериш да не треба тотхема. И уринокултура во ред се. Мочањето на 5 минути изгледа си е нормално.
Мочкањето мене ми се намали малце а и болките доле во коската изгледа настината бев. Денес малово за мерак си клоцка а јас се топам мислам Сега сама ќе се боцнам со клексан па ќе биде мечка страв мене нестрав @Milaaa991 Создравје да си носиш облеката,иначе три шнајдерки прашав за ќебенцето и ниедна не се нафаќа за шиење изгледа сама ќе шијам на рака некако
Жени денес на работа осетив болка во стомакот, како да ми се истегна мускул некој.. Па после тоа кога се вратив дома осетив дека стомакот ми е некако чуден, мек и спуштен. Ме загрижи некако... Свекрва ми вели беба се свртела со газето горе, затоа така го чувствувам мешко мек. Мм исто ми рече дека приметил дека стомакот ми е чуден, мек и спуштен.. Исплашена сум некако, 22 недела а првпат вакво чувство.
@monik55 И мене ми се намали притисокот во бешика и мочкањето, ама пак е почесто од пред бременост. А за ќебенцето јас одлучив да не му правам ништо, ако воопшто го преживее процесот на чистење. А мн сакам бебе да има нешто старо наше. Ама кај нас во фамилија сестра ми имаше прво малечко, па таа ги наследи плетените работи. Си чувам само едно ќебенце мое од крштевката скроз ново неотпаковано. И мерак ми е да го искористи беба моја здравје Боже. Па од разни бутици тука низ Битола, ама не се класични труднички (уште носам s, m, l) зависи од моделот. Само широки модели на сукни, пантолони и фустани.
Подобро да не си правиш претпоставки сама, џабе ќе се вадиш од памет. А останатите да не ги слушаш, освен ако не се доктори. Нормално е во бременост понекогаш да има болки, се шири матката.
Во која недела се прави тоа д-димери и скриен шеќер? Со првата бременост не правев ништо од ова, кога го прашав гин пред 2 недели ми рече рано ти е, а јас сега 24та недела сум додека се врсти од одмор ќе бидам 26та. Да ги правам на приватно или да почекам?
Скриен шеќер се прави од 24-28 недела. А за д - димери не знам. Кога и да го прашам матичниот ми вика нема потреба, имаш ниски тромбоцити и чиста постилка без лакуни. Сигурно треба да има некоја индикација. Макар што овој мојов никаде не сака да ме пушти. Едвај го измолив и за скриен шеќер и уште денес ми се смеj ми вика гледаш дека немаше потреба, демек знаел тој. Ајде си се изнапив шеќер за цела година.
Доктори се и мм и свекрва ми, ама не гинеколози.. Чудно чувство имав до пред скоро, не ме загрижи болката туку наглото омекнување на стомакот.. Сега како да се среди некако, дали дека одморив незнам..