До 7 месец треба да го исполни просторот до папук. Потоа нагоре. Така ми кажа гинекологот кога го прашав зш ми е толку ниско стомакот и мрдањето. Така да нормално е.
Мила немој толку јаки средства да користиш сега во бременост. Особено доместос. Јас препуштив на мм таа работа, а се друго си беше моја одговорност. Често си врвев сама јас само со глос марамчиња...
Батали чистење со хемикалии во бременост. Освен миење садови, другото препушти им го на домашните. Не чини со самото тоа што вдишуваш. Ти дури и нај јаките средства ги користиш.
И јас имам болки во кичмата,не е страпно кај мене зошто бебето многу ниско го носам. Докторкта магнезиум ми даде и подобро ми е. Денес ептен ниско, цела дланка под папокот ми мрда. Понекогаш па горе ми се чини кај желудникот ми е.
Поздрав друштво! Еве ви уште една другачка Сакав да ве прашам дали смета рускиот чај ? Секој ден си пијам ама дали да продолжам или да го ставам на пауза сега ? Пс. Какви се не глупи прашања ќе чуете, колку да бидете спремни најавувам И едвај чекам да ми се запознава мешкото
Кукле колку што знам јас тој чај е јак. Црн, зелен, жалфија,кантарион и некои појаки избегнувај. Вари си какао. Железо ти треба.
Затоа реков и јас ама сепак реков да си прашам. Дека напрво и се те занима Дај Боже да си дочекаш и ти