Жал ми е срцка, дај боже за брзо уште едно бебенце... Од што срцка што ти рекоа? Немаше мачнини нешто? Многу тешко е ама мора да бидеш силна, за брзо те чекаме пак во темава дај боже само за убави работи
Ја знаеш онаа поговоркана ? " Секое лошо за добро е " ! Едноставно, ова бебче не било за тебе и поарно сега што се случило тоа, отколку во покасна бременост. Сигурно нешто не било во ред штом дошло до вакво нешто. И не грижи се, набрзо повторно ќе си останеш бремена. Штом си останала еднаш, два пати, ќе биде и нареден пат. Биди сигурна во тоа, од искуство ти кажувам. Од нас тука имаш максимална поддршка и само храбро!!! Вртење назад нема, паѓање нема. Главата горе ! Ти посакувам се најдобро и што поскоро повторно тука да ни се придружиш
Го знам тоа чувство многу ми е жал опушти се се ќе биди во ред така требало да биде .... Биди храбра .... Те бакнувам и гушкам
Девојки веќе неколку дена ме боли доле кај бешика ми рекоа сум имала песок незнам колку е точно ама мене без здив ме остава дури кога ме фаќат болки неможам ни чекор да направам дур одам четврток систина вака ли ќе издржам прв пат вака ми се случува пијам чаеви колку што можам ама пуста болка кога ме фаќа мислам цела бешика и вагина ќе ми излезе.. бебушка си е добра си мрда цело време за тоа мирна ми е душа еве лежам ама неможам боли многу
Вчера вечерта, 22,23 часот претпев голем страв и стрес, се траеше 1 минута но изгледаше цела вечност..во истиот тој момент почна да ме боли стомакот, ниското во јајници, како да ме сече, легнав лежев, се смирив колку можев, и чекав да видам. Болките се намалуваа но сигурно траеа 2, 3 часа и се смирија скрос па заспавме..мислите ли дека треба да идам на ехо, дека од тој страв нешто можело да му биде на бебчето, 4месец сум? Ве молам за мислење.
Прашај дали смее Прлом вода да пиеш и ако смее до четврток пиј вода и брусница. Па ќе видат после они што е и како е. @bella.s И мене вчера исто ми се случи па јадев чоколадо дали ми мрда бебето од што викнав силно се исплашив да не му прекина срценцето. Но јаки се малите издржуваат се.
@monik55 ти си малку понапред, јас уште не осеќам движење, ама гледам и утрово си имам труднички киселини па по тоа се малку тешам дека се е во ред..во Мк.сум и не знам ни каде да идам на преглед, пошто живеам во странство..да идам кај кој било гинеколог во градот да ми направи еден обичен преглед на приватно дали би ме примал? Колку од прилика наплаќаат за тоа, знае ли некој?
Јас си одам чат пат кај една приватна дека многу ми е добра за покомлицирани работи (дека хаос сум со мензис, цисти често), постара апаратура има (нема 4Д) ама доста е стручна и добра, фина. Серафимова, Ганеш и се вика ординацијата, има бројче на нет. Ехо и е 1000ден и денес да се јавиш, денес ке те прими.. само ке речеш дека побрзо сакаш преглед и дали може денес, ептен ако неможе баш денес, ке ти закаже за утре Нз во кој град си, ова за Ск кажувам...
Ептен ми е добра да. Мене не ми се чека низ гужви кај матичната кога ми било поитно нешто (и во бременостите дури), па и се јавував и одма ист ден ме примала, секогаш детално ме гледа, не брза, се објаснува, срцка е. Скоро бев кај неа, незнам само на одмор од кога ке биде...
@Veki4kaa Ајде убавице ништо нее. Ти да си здрава и жива па пак ке има бебе, млада си, нема потреба од голема секирација мислам Те гушкам и ти праќам сила
Девојчиња со стомачиња Се трудам да ве пратам, но не можам активно ко порано, заради баткото што ми е ко лепенка, по жешково се носиме ко кенгури Имам Тотема ампули цела кутија неотворена со важност до 06 2019. Ако му треба на некој нека ми пише порака, ми седи за џабе.
@Veki4kaa, биди силна, одмори се и за брзо пак да се прикличиш во оваа тема со здрава и лесна бременост.
Мешковци, спремам за одмор лекови,сакав да прашам смее ли во бременост Лоратадин или цетиризин? Немам проблем со алергии,но нели за недај боже...
Мешиња помагајте, 14+5 сум ама моиве мачнини и лошења абер немаат да се намалат или да ги снема, мн истоштено се осеќам за ништо не сум способна..До кога ви траеа вас мачнините?
Мене до средина на петти ми трае.Со повраќање,со претерана осетливост на мириси со све.Не дека нема случаи каде што траат цела бременост.Ти посакувам поскоро да поминат и да уживаш во бременоста. @Veki4kaa дигни ја главата.Штом еднаш се случило,ќе се случи уште еднаш.Верувам дека не ти е лесно,но мисли на следниот чекор и верувај дека ќе биде успешен.