Пија некоја од вас Прегназон? Ај ако не е проблем ставете слика да видам како изгледаат,бидејќи ми ги препиша гинекологот да ги пијам,а јас минатата бременост пијав едни од кои ми беше премногу лошо,па да видам дали се истите. Инаку денес прв пат на гинеколог ,по последна менструација сум 8+0 а плодот одговарал за 7+3. Покасно зачнато. Имаше срцева акција и засега е се ОК. На контрола по 1 месец
Мене за димери ме прати поради покачени тромбоцити. А картончето со печат од државна трансфузија (не приватнине кај што вадиме доказ за крвна група за полагање за возачка) ми рекоа повеќе доктори меѓу кои и трансфузиологот дека треба да си го чувам и задолжително да го носам со себе на породување,каде и да сум се породувала.
Може и да не те прати. Само ако има индикации. Уживај, не си ставај непотребна мисла во глава. Незнам каде се вадат сега картончиња при полагање (мојата е мнооогу стара), но тоа картонче од Адриалаб ми го прифаќаа во болница двата пати.
Ја Јас имам од поликлиника Букурешт, таму праев на времето за возачка кога полагав. Пошо ми стои во книшка матичната го виде и кажа а супер знаеме која крвна група си и толку. Валда ќе врши работа тоа картонче.
Јас ги пијам , а ги пиев и во претходната бременост . Ма да во првиот триместар пиев прво Фемибион 1 + фолна , па од вториот триместар со овие продолжив. 60 капсули 930ден по една на ден , плус магнезиум си зимам . Не ми се гади од нив но тоа е индивидуално. Ти посакувам лесна бременост
Фала за сликата. Тие се истите од минатата бременост,јас ги пиев првото тромесечие и ми беше лошо многу. Ајде ќе видам во аптека што ќе ми предложат или ќе го прашам докторот. Лесна бременост и тебе
Девојки, ми треба ваше мислење. Влегувам во 20 недела. Од пред некој ден почнав да го чувствувам бебето и тоа убаво, некогаш како нешто да лета внатре, а некогаш баш како удари. Е сега, кога лежам, најчесто на грб завележувам дека на одредено место стомакот ми се затегнува и потоа следува најчесто мрдање на тоа место. Немам болки. Го чувствувам, доста е темпераментно уште од ептен мало на ехо се превртува 100ка на саат Најчесто тоа затегање ми е на ниво на папокот од десната страна. Дали е нормално вака? Уште што не прочитав и веќе не знам што да мислам. Ве молам за мислење, благодарам
Знам дека треба прво на некоја комисија да одам,закажано ми е во 08.30.После тоа одма се прави или пак се чека термин? monik55 многу ти благодарам за се што споделуваш ,многу ми помогна
Одиш на комисија па на преглед па пак кај комисијата да потпише и после на шалтер историја да отворат и на боцкање. Само незнам дали ќе ти го задржат примерокот таму да го испитуваар или ќе треба да го носиш во ману.
Слободно Пантенол ориблети за шмукање, дозволени и ефикасни! @m.i.g Ги пиев јас цела бременост Прегназон, и тоа на своја рака си ги земав и покрај препораката на докторката за Премама, одлично ги поднесував и немав гадење. Башка 60 се во пакување, со 1000ден 2 месеци минуваш и ова значи многу,нели
Да прашам нешто што ме става во мисла да не приметил некој слично. Кога го ставам утрогеатанот како гролото да го напипувам многу ниско. Нормално лие?
Нормално е. Треба да се помине цервиксот, така ја разбрав матичната. Слободно цел прст, подобро подлабоко отколку на врв. Јас од страв цел месец површно си ги ставав па некогаш испаѓаше растопена цела.
Немаш гајле, само лежи. Ја мислам уште некогаш мака има дека како вклештено ми е посебно наутро. Болка осеќам дури додека да ја ставам. И на крај на тоалет гледам цела растопена. Ајде пак друга. И така 4 месеци... Извинете за детален опис, ама не знам како на друг начин. Јас кога кажав како ги ставам, гинекологот само ми рече дека ништо не сум направила. Се погрешно.