Последно што ми кажаа комбинација од суво грозје и леблебија меѓу другото многу го средувало железото, како ужинка грст два секој ден. Може да пробаш ако ти годи
Женчиња, дај кажете како се справувате со константниот глад??? Само ми се јаде, нон стоп... а прво тромесечие ми е, кај е третото. Многу ќе се здебелам до тогаш!
Devojki Mn aktivno go custvuvam denes kako balgomi mi.pravi me udira i mn dolu go custvuvam me udira mn dolu
Ќе си јадеш главен оброк + ужинка. Еве јас второ тромесечие па сеуште глад ме напаѓа на три часа. Јади здраво и нема да се поправиш. А и да се поправиш, има време за симнување кг. Имаш тема мени за трудници, ете некои идеи за јадење.
Втора бременост ми е, знам како е да не се поправиш. Првата бременост и вежбав и здраво се хранев. Овој пат хормоните ми се лудило некако, само на јадење ме тера.
Мене сега во третава бременост таков благодет ме снајде жива не најадена сум , се тешев на почетокот дека ќе ми помине моментално може е , ама не било. И пробав да се воздржувам па форсирав овошје зеленчук . И тоа не помогна . После 20минути јас пак гладна ,цревата фолхармонии ми свират , ма неможев да заспијам од глад И така еве ме +22кг неколку дена пред термин сум . Кај тебе може ќе го снема гладот понатаму не можеш унапред да знаеш . Со лесно и убаво понатаму низ бременоста
Ко за мене да читам се што напиша.... само со овошје се лажам, па дијареа добив од тоа овошје хаха. Со лесно и тебе <3
Феминки термин ми е 20.08 ама ова од синоќа гаќи не ми останаа чисти од секрет а и чепот малку по малку . Препотувам на секој пола саат , нозе ми се кочат, ме сечат менструални болки , кичма и колкови болат ужас , стомакот камен , како печење пецкање во вагината... И не се кратки туку траат и се на интервал од пола саат, издржувам со дишење некако и знам дека со вакви контракции не се раѓа рано е . Ама ме збунува тоа што во претходната бременост не ми беше ни приближно . МОЖНО ли е вака 2-3-4дена да ме мачат вакви контракции ? Ми прават ужасна нервоза
Многу долго трае една контракција тоа ме збунува , еве веќе 15часа сум вака , па се замислив ДАЛИ е возможно вака да си туфкам неколку дена . Со претходното бебуле контракциите почнаа на 20мин и за 4часа на 15мин по интензивна болка и отидов во болница.Па за 3-4часа на 10минути , преспав таму 2-3 часа на цтг и ме разбудија за раѓање .
Можно е, јас за првото така, имав контракции, а мислев лажни се, оти очекував многу да болат. Ме натераа од дома да одам на доктор, и бев 6 прсти отворена, па по 3-4 саати се породив
За контракции на пола саат се доста јаки дури се препотувам се нервирам.Со претходното бебуле со ваков интензитет ми беа на 15мин . Се породив за помалку од 12 часа . А еве веќе 15часа вака терам со овие контракции . И сеа се нервирам Оти ќе одам и ќе ме вратат пошто ми се на пола саат контракциите. Џабе возење 30километри . Затоа прашувам дали некоја мамичка имала вакви "чудни" контракции .
Оди си на време Јас немав никакви,една имав во 12 и после час и половина се породив во приемна соба Едвај и до таму стигнав Нека е и за џабе подобро оди нека проверат Не си прворотка за да те вратат
@lackygirl јас ги пиев, докторот ми ги даде поради тоа што други лекови за железо ми правеа страшен запек и болки во желудник. Презадоволна сум јас немав никаков проблем од нив иако се доста поскапи од останатите лекови за железо, јас ти ги препорачувам.
Дали издржувате цела ноќ на лева страна? Јас некако поубаво се чувствувам на десна ама ми е страв. Како е кај вас?
Јас спиев како што сакав. И на грб и на десна и на лева страна. После 30та недела некаде на грб не можев бидејќи снемував воздух.
Денеска Бев за ехокардиографија кај др.димески човекот некако чуден но битно убаво објаснува и супер си поминав дунде си нема никаква мана све е како што треба ќе треба 28/9 та недела уште еден преглед.. за бешика го прашав оти толку болки незнаел тоа митко да си го прашам а ни митко незнае што да ми прави освен чај од брусница и увин ќе издржам уште 3 месеци па ќе видиме што како..