Jas pravev analizi na krfta i mokracata i od tuka mi izelze slabo krvna zelezoto i infekcija pa ginekologot mi rece ako zq 10 dena ne se povleci ke napravime brisevi posto jas pravev pred mesec dena brisevi
Докторот денес мереше со глафчето беше 19 недела а со коската од нозете 21 а јас сум според мемструалниот циклус 21+5 незнам ме плаши оваа прошлиот пат беше една недела назад ама сега излезе 2 незнам дало некоја имала ваков случај
Кај мене беше така. Ама се додека напредува добро и си расте од контрола до контрола нема место за паника.
Можеби прашањето ми е малку глупаво и не е за тука ама нз кај да го поставам. Вејќе неколку месеци на едната града веднаш до брадавката забележувам едно чворче (всушност ми се појавија повеќе такви и знам дека се нормални), но ова е како со црно дупченце. Прво мислев да не ми никина влакненце, ама поминаа месеце и ништо. А вчера го приметив како позголемено и сега има 2 дупченца (како од игла боцнати) и такви црни. Знам дека вакви чворчиња нормално се прават и лачат некакво антибактериско масло ама дека црно вака ме загрижува. А глупаво ми е да го прашувам гинекологот. Се проверив од грутки немам ниш и не ме боли.
И кај мене има нешто слично, како црни дупчиња се со две потемни точки...и многу ми се стврднуваат во тој дел. Така да, мислам дека е нормално. Имам прочитано некаде дека се прават топчиња во бременоста на брадавиците, некакви жлезди биле тоа
Девојки вчера правев крвна анализа и сите резултати ми се супер е сега само ме загрижува седиментацијата пишува 30/60, референтна вредност 4-6. Другото се е добро и е во границите на нормалата.
Во бременост нормално е да се зголемува седиментацијата исто и холестеролот. Не се плаши. Мене ми беше 22 седиментацијата во 26 недела.
Кај мене седиментацијата е 43. Нормално било во бременоста и до 85 да дојде. Дури не требало ни да се испитува. Исто леукоцитите се покачуале и холестеролот.
Дали некоја има пиено беналгин во рана бременост ? Имав големи главоболки и морав да се напијам , може ли да биде штетно ве молам кажете ми . Се плашам да не го убие фетусот несвесно . И дали е нормално во првата недела да имаш големи главоболки ?
Нормални се такви главоболки во рана бременост ги имав често, јас не пиев ништо, издржував некако, а ако пиеш само парацетамол, не друго. Ништо нема да му биде но колку што можеш одбегнувај апчиња во првите три месеци.
Главоболките се и повеќе од нормални во бременост. Еден од најчестите симптоми. А не сум се напила баралгин, ни никаков друг лек. Мораш да си прашуваш доктор пред да земаш лекови на своја рака. За да ти е мирна душата, јави му се на матичниот , и оди на ехо да те види. Не верувам дека има некои последици од еден баралгин, ама да си си ти помирна.
Од едно ништо не може да се случи. Не земај повторно и не паничи зошто од паника повеќе беља може да се направи отколку од апчето. Беналгин мислам дека се по состав како Аналгин, а ако (провери) е мене ми е дозволен, ама мене. На сам лек пишува дека прв и втор триместар со консултации од лекар можеби може да се земе.
Околу папукот имам од време на време боцкање како со игличка нешто да ме боцка од што може така? На некој друг му се има ли случено вакво нешто? Инаку сум 12+5 недела
Девојки, дали некоја од вас имала искуство со алергии во бременоста, не на кожа, туку на респираторните органи..чешање во нос, грло и сл. Што може да се пие во тој случај? Или мора да,се помине без лекарства?
Мешиња уживајте во најубавиот период од животот тек ве чека "тешкото" ве читам и многу ми фали мешко се смеам со мм велам ајде друго да правиме вака се осеќам празна не веруваше кога ќе прочитам некоја мама како вели дека и фали мешко, ама стварно било така. Ве гушкаме со синко