Добро утро мамички Ние утрово рано станавме , бебушко не разбуди со клоцање уште во рани зори. Од денес бараме приватна клиника за породување бидејки кај нас ги затворија оделениата за геникологија.Се надевам во скоро време ке ги отворат зошто мн мамички чекаат за порагјај
Како ги затвориле оделенија за гинекологија?Што ќе правите сега? Посебно тие мајки што не можат да си дозволат да одат во приватна клиника? Не даваат ли од таму опција? Не работиме обратете се во таа и таа болница? Не разбирам како е можно вакво нешто. А да ве прашам, откако станв сабајле во десното уво си го осеќам пулсот, ем го слушам ем чувствувам како тупака. Што ќе биде?
Во една тема веќе имав пишано дека завчера додека докторката ми ги земаше микробиолошките брисеви изгледа ме повреди и ми пушти крв. По прегледот имав малку (неколку капки) свежа крв на гаките, па цел ден немав ништо. Вчера на две секојдневни улошки имав кафен исцедок, дали да се обратам на гинеколог или нормално е? Ве молам некој со слично искуство да ми пише. Си велам, сигурно се прочистувам од повредата, но сепак сум исплашена. Утрово е се во ред, ама ми е страв и денеска да не продолжи така.
Сосема е нормално да потече крв после земање брис. Брисот се зима со тоа што се отсекува кожа ,нели буричка внатре со неколку чепкалки за брис па ако ви има пуштено на екран да гледате што вади т.с како зима брис ке видите дека со буричкањето насоберува кожа па ја вади со чепкалка и затоа прокрваруваме. Не грижи с етоа е нормално. Па ке си бараат чаре матичниот ми рече скопје или велес или пак на приватно. А зошто се затворени незнам во една од општините е затворено зошто нема гениколог.
Zdravo na site Eve i jas da se pridruzam na forumov .. Denes mi potvrdija bremenost od 2 nedeli .. Presrekna sum !!! .. Pozdravce do site idni mamicki imajte lesna bremenost, a drugite sto se vo iscekuvanje sto pobrzo da ne izraduvaat !!
Mn rana bremenost e povrdena ama najbitno e sto e potvrdena .. Veruvaj nemozam uste pri sebe da si dojdam od ovaa vest .. Eve i sega i se javiv pak na doktorkata hahah da mi potvrdi uste ednas .. Mi vika da potvrdena e bremenost od 2 nedeli ne se sekiraj samo uzivaj i so lesno za nedela dena na kontrola te cekam
МаченцеЕНА во јужна Македонија зборам дека се затворени повеке оделениа во болниците.Незнам кој точно други оделениа се затворени но за геникологија знам дека е затворена и затоа јас сега закажав во СИСТИНА струмица Во фторник треба да одам на контрола па ке видам што ке ми каже матичниот дали ке е царски или природен порагјај. Инаку ако е царски во приватните клиники е мн скапо во систина 5 дена престој во двокреветна соба без анастезија (анастезијата ја плакаш плус) е 100000 денари , во ремедика прашав 5 дена престој во двокреветна соба и анастезија 95 000 . А природниот порагјај е 35000 во систина а 30000 во ремедика. Дали знаете друга приватна клинка ?
е ова уште го немав слушнато како може да ти потврдат бременост од две недели? нели најрано што може да се потврди е 4 недели, а и тогаш уште не е баш сигурно.... стварно не ми е јасно... дали можеби докторката ти ги рачуна неделите од зачнување а, не од последна меструација? сепак честито и со лесно нека ти е
Јас се секавам кога отидов прв пат на преглед и ми кажа дека имало распрснато јајце клетка и ми кажа за 2 недели да одам а кога 2 пат отидов после 2 недели бев скоро 5 недели бремена и тогаш ми кажа дека е рана бременост. Сепак нека и е со лесно бременоста и се надевам докторката не ти погрешила бидејки утврдување на бременост во 2 недела да не те разочарувам но имам слушнато од една жена дури чекав ред за преглед дека вака и на енјзе во 2 недела и рекле демек бремена била а потоа испаднало дека има некакви грутки крв па за 2 недели прокрварила и тогаШ и утврдиле дека всушност не била бремена. Се надевам твојата ситуација нема да биде иста СО ЛЕСНО НЕКА ТИ Е . Еве јас кај и да е го очекувам бебчето уште 1 недела влегувам во 9ти
Значи воопшто не се фер што се прават, само пари да земат. Досега нон стоп сум одела во авицена и знам се си е со плави картони, ама бидејќи им сменија локација поблиску ми е во Аеродром и ми одговараше, ај си велам да не лутам и да ја барам новата, ќе одам во Аеродром. Кога таму таа ми вика, 630ден. и ја таква :geek: колкууу? за крв,урина и шеќер. Знам другарка ми, ми кажуваше 190ден. ја фатило исто таму била. И таа ми вели, да ама ние во оваа лабораторија не работиме со плави картони + упат ти треба. Како не работите,велам авицена е и ова, и таа во тафталиџе...+ ете упат си имам од матичен гинеколог. Ми вели: ааа не не, ние не работиме на плави картони само таа во тафталиџе + не ви треба ваков упат од мат.гинеколог туку од мат.општ лекар божееее си велам овие не се нормални. Ништо си платив 630ден. што ќе правам. Ама за следен пат, патот под нозе и во тафталиџе. Па со тие 400ден. за бебушот ќе земам нешто, не се работи за 100ден. разлика.
здраво мешиња како сте ? ние сме добри со бебњнцево во стомаче,денес му се јадеше пита па мама му направи пита се изнајаде онака убаво.. ги имам резултатите од крв и мокрача али сеуште не ги има разгледано гинеколог, ме загрижува да не имам нешто а сеуште се врткаме навака натака. денс бев и ми рекоа дека гинекологот неможел да ме прими,оти немав закажано..се бадевам нареден пат ке ме прими. ви посакувам убав завршеток на денов
зенски да ве прасам колку се цекаат брисеви од микробиологија?мене матичната ми ги носеше и ми зема 850ден правев пред недела ипол,ми рекоа понеделникот и еве уште ги нема
Nova денеска сум супер, ти благодарам што праша. Нема ништо, тоа вчера било најверојатно прочистување некое. mace31 мене ми земаа брисеви во вторникот, а резултатите треба да ми ги пратат по маил во понеделник. Брисевите сама ги однесов во Институт за јавно здравје, а на микробиологија не знам колку се чека. Јавувај се на телефон, да не се малтретираш да одиш секој ден, кога ќе ти кажат дека се готови тогаш појди да ги земеш резултатите.
Сноу јас испитувам во адриалаб и мислам се најевтини, значи крв, урина и уринокултура ме чини 400 и кусур денари со тоа што морам да ти нагласам дека уринокултурата не ја покрива фондот(приватно си ја плаќаш мислам дека е околу 300 или 350 ден), резултатите ги имаш на маил истиот ден после 14 часот, а од уринокултурата наредниот ден, иначе да, упат ти треба од општ доктор не од гинеколог. Сакав да ве прашам феминки вие не правите секој месец уринокултура? маче31 зошто дозволувате гинеколозите да ви земаат толку пари? јас ако сама си ги носам ме кошта 350 ден и тоа тие пари ги плаќам на микробиологија а не на гинекологот, а ако сакам таа да ми ги носи и плаќам 550 ден као божем поскапо ради транспортот. Како и да е резултати имаш за 2 дена пр ако си ги дала примероците во среда, во петок после 13 часот имаш резултати и најново сега е што не мора да идеш да си ги земеш резултатите, можат да ти ги пратат по маил
Сноу сето ова можеш да го испиташ кај Ложанковски, тие имаат договор со со Адриалаб. Комплетна крвна слика и урина ке те кошта 250 денари и резултатот на маил ке си го добиеш. Поздравче
Мамици ќе ви бидам благодарна ако некој ми одговори на моето прашање. Бремена сум 9 недели и денес ми е прв ден без утрински мачнини, без замор, без поспаност... исто како да не сум трудна! И сега некому може глупо ќе му биде моето прашање ама возможно ли е наеднаш да немаш никави симптоми на бременост! До вчера повраќав декој ден, денеска се осеќам исто како да не сум бремена! Апетитот последните 9 недели ми е катастрофа, денес од ништо не ми се гади... Всушност сакам да ве прашам дали ви се има случено наеднаш да се чувствувате толку добро што дури забоавате дека сте бремена! Нормално ли е да има денови без мачнини,замор, поспаност? Јас поточно стравувавм од тоа што имам ниско всаден плод и се плашам дека не дај Боже се исушило...или што знам! Ве молам за одговор!
Честитки за бебушот, со лесно да си го носиш. Јас сум крај на 6ти месец и стомак ко лубеница па понекогаш заборавам дека сум трудна додека не го видам стомакот во огледало. Нормало е, треба да бидеш радосна затоа што не ти се лоши. една од ретките си.