Ве читам и во се се наоѓам, буквално колку сме комплицирани ние жениве општо па во бременост уште повеќе Да не ова, да не она....небаре ние сме први што ќе раѓаме, изгледа сме разгалени
@lackygirl se slozuvam so tebe.bas sme razgaleni sto posto,premnogu optereteni so simptomi nekoj,zatoa i sekoj den nesto ni fali.
Што и да прашаш искача нормално дека е, изгледа само ние сме ненормални. И баш така се чувствувам како полу нормална. Не сме ние комплицирани колку што е оваа бременост како процес комплицирана и тешка. Те исфрла од колосек, од комфорната зона. Ако мажите ова го минеа ќе завршеше бременоста во вториот месец многу трагично со далекусежни последици по здравјето на околината. Јас лично кога ќе прочитам “си уживкам во бременоста” се ежам. Незнам дали е до мене или погрешно се интерпретира чувството на создавање нов живот. Убаво е создавањето,тежок е процесот. И не, не уживкам, уживам во далеку пофини ствари во нормала отколку “помочана” да седам по цел ден со вртоглавици и хормонски дисбаланс.
Искрено ако сега во 24та недела ми требаат 10 минути за да станам од кревет и се врткам како засукан кит пошо секое мускулче ме боли си се чудам што ќе се прави понатака.. Денес синусите ми се тапан, глава боли, очите оток како да сум плачела 3 дена... Па после се ќе ми мрдне девојчево убаво во мешево па ќе си речам сама на себе да не правам драми, дека има безброј жени што душа даваат за вакви болки како нашите.
jас не се сметам за разгалена воопшто,не ни сакам да ме галат,не сум болна бремена сум (иако и на двапати бев болна до сега ) тоа што е во мене ми дава воља да издржам и да се гордеам со тоа... на секоја болка,вртоглавица,настинка,итн си викам тоа е МАЈКА
Мешиња кажете како спиете јас сум 38 недела и повеќе од 2 саати не можам да отспијам и се сум кома транс. Цела бременост не сум имала проблеми со спиењето ама последниов месец ми е катастрофа. Крвна слика одлична, притисок како на дете 80/125 а јас цела без енергија. Плус и стомак боли доле а и тешко се дише. Некој совет од некоја друга како мене што си пати
Јас денес заборавив дали се напив аспирин и не земав не сум сигурна да ли сум се напила. Има некоја фрка? Посекако вечер клексан ќе си ставам.
jas cesto go zaboravam aspirinot nekogas go pijam preku eden den.trombociti imam uvek poniski od normala pa sega so aspirinov uste poke a vikaat da go pijam
Јас сум 37ма недела. Последниве 2 3 недели ми се убиство. Навечер не можам да сврзам цела вечер во спиење. Или не ме фаќа сон, или за во веце станувам или ми е жешко...
Здраво мешковци. Кој тоа ужива во бременоста? Абе ја викам 10 деца ќе ги гледам ама да не сум бремена.Гасови,подуеност,болки,несоници,а па тоа одењето во вц ексик.Таман сум заспала убаво ете ти притисок на бешика.Јас сиум 27 недела и искрено ми е смачено веќе.А трета бременост ми е.Ве читам и добивам впечаток дека на повеќето ви е прва.Е во неа треба и пожелно е уживање и разгаленост.Ма ич да не ви чуе.Секоја наредна до вас ќе имате човече/човечиња кои ќе врескаат мамамаамама,а вас ви тежи меше.За спиењето искрено неколку пати на стомак се будам,страв ми е ама што да правам,тие два саата сон како во кома сум.И да и мене ми се стврднува стомакот,обично когасе преморувам.Помага магнезиум,лежење и бедоксин некогаш.
Ние денес бевме на контрола. Се е во ред,бебче е малку понапредно од колку што треба,во 26та недела тежи веќе 1 кг.. Ме праша докторката колку сум била јас тешка кога сум се родила и викам 3100 и добивам одговор : " Ох,твоето сигурно нема да биде само толку." Ама добро важно се е во ред,јас добро се чувствувам. И гледа на ехото и вика : " Ви реков ли дека ќе биде едно мало девојченце? " И јас и маж ми подзинати останавме,дека нели два пати машко ни рече,а и јасно го видовме И пак почна да врти да бара убаво да го фати и да..сепак е машко. Инаку,ќерка ми ќе мораше прво да ги износи сите плави алиштенца што ги купив. И така. Јас две ипол кила сум качила,ама што да се прави. После ќе му ја мислам за слабеење.
Пијам магнезиум со б комплекс што се прашоците на алкалоид ама денеска сум нешто многу нервозна смее ли бедоксин да сд напијам со оглед на тоа што магнезиумоѕќт има б витамин. Ама магнизиумот го пијам по еднаш на ден на сабајле. Валјда нема да смета вечерва ако земам и бедоксин?