Нема да смета земи слободно,и јас прашував за исто и ми рекоа два бедоксина може со два магнезиум зошто тоа што го содржи е многу мала доза на Б6 Не ги користам Б6 редовно ама ми требаа пред и после амниоцинтеза До 1000 е дозволено
Мешиња,ве исчитав сите погоре и дури сега сфаќам дека кај сите е исто. Малку тоа ми олеснува. Мислев претходно дека се размазувам или претерувам.
Јас мислев единствената сум што кукам дека ми е мачно, мислам дека ќе му здосадам на маж ми. Не се познавам понекогаш. Секој ден по нешто ми е. Станав страшно пребирлива за храна. Шеќер ми рекоа да исклучам, исто и тестенини. Стомак вика дај макарони и сладолед. Кога ќе ме прашаат пријатели како сум велам како болна да сум, а не бремена. Згора па на се ме боли од заб до синус цела линија, болка до повраќање понекогаш. Едвај чекам да ги износам и да се олеснам. Како ќе се снајдам ќе видиме.
Хаха дааа, тие се топ, ама исто добро се погодија и акцииве на сладоледи во Рамстор и Тинекс Тоа ми бара душа, валда си има причина.
Единствено нешто што ми бара душа е сладолед не јадам секој ден ама често. Иначе јас се чудам со самата себе колку помалку јадам за разлика од пред да останам бремена. Се јадев, а досега до 25 недела еве уште немам апетит. Мм ќе земи навечер смоки, грицки, блсго, си јади јас не, му велам ко ти да си бремен не јас а од секогаш мислев дека кога ќе бидам бремена многу ќе јадам, но сосема спротивно испадна.
Исто и јас се тресам за сладолед Си купувам од Тинекс кутија на кри-кри тој со смоква го обожавам,и за 3 дена лабаво си ја мавам кутијата На работа кога сум кога ке ми текне на сладоледот се тресам
Сладолед душа неми бара толку ама од пиварките со кокос од Специјал и те како ми бара Бебе се расклоца само што отворив очи,му се јаде бара поца бурек
Ај сладолед ќе сфатам ама без кроасан да не можеш уште не можам да сфатам. Мирисот на кроасан го обожавав. Пред бременост, последно кроасани јадев во основно.
Јас пак колку пица вегетаријана имам изедено одкако сум трудна. Се може да нема во фрижидер ама тесто за пица мора. Пред да останам трудна обожавав свежи печурки и само тоа јадев, сега не можам да смислам. Сувомеснато исто така. Па така моите пици се се само не пици Сега го жалам мм што секој трет ден јади пица со домат, пиперка, кромид, маслинки и тиквички. Сум му ја давала салатата во облик на пица ми вика. Ако не правам пица тогаш си правам домашни брускети (со сличен состав се и тие само на интегрално лепче). Од како ќе се породам сигурно нема нишш од ова во уста да ставам. Ама тоа му се јади на бебе и си кркам.Како само клоца кога си јадам пица со пиперки. Мм ми вика сум го направила и него пиперкар ко мене. А и кој што јади јас со се и жива пиперка јадам. Прво мм ми се смееше, ама сега и тој почна да ми ги кради моите. Што ќе се прави до Ноември кога нема да ги има.
Мешковци добро утро за мене е утро...пред малку станав па пробувам да се рассонам.Овие два дена имам страшна несоница.Во текот на ноќта се будам два пати и не можам да спијам.По два часа останувам будна не можам да заспијам,врти се на една страна па на друга па на стомак ( сеуште можам ) никако сон не ме фаќа.Дали е до мене или е до времето не знам ама знам дека се ми е пореметено.Ниту ноќта за спиење ниту денот за домашни обврски.Совет некој да дадете како да се вратам во нормала?
Девојки дали бебињата исто мрдаат секој ден? Овие два дена послабо ми мрда и паметот само на лошо ме тера...,20+4 сум....
ne mrdaat isto sekoj den,a plus vo taa nedela jas ne gi ni osekav @Charlotte* ti so bliznaci li bese i koja nedela si
Дефинитивно не, барем кај мене. Има денови едвај ја чувствувам по неколку пати, а има и денови кога скока и се превртува како на трамбилина. А сум 28 недела, па ти види.
Мешковци,денес толку не е топло,а мене некои жештини ме обливаат,ќе се стопам од топлина мислам. Психа чуда ради или има и друго меше со ваков симптом? 26+5 сум