Имаш скриен шеќер и јадеш благо? @melani@ Има тема скриен шеќер таму девојките кој имале пишуваат и за начинот на исхрана. Видиси читниси и напрај си некакпв план како мени да ти биде.
На резултатите нормален е шеќерот 5-5.5, бебето е 3 недели поголемо со калцификати на постелка сум и зголемени тромбоцити. Па докторката сака да ја исклучи можноста за шеќер и ми кажа диета, ама јас од толку информации не знаев кај е вратат па не прашав што поточно да јадам.
Бел леб,тестенини,теста,благо не јади. Ако не тие тешко врати се и да ти напише на лист што треба што нетреба. А клексани заради калцификатите и тромбоцитите не ти предложија? Д-димери провери ли?
Д-димерите ми се 655 не ми беа покачени, не ми препорачаа клексан, сега ме пратија за хемостаза. Освен во Систина и Ремедика каде што се трансфузиолозите на одмор, знаете ли каде на друго место има трансфузиолог? Освен во државните каде што ми закажаа за на 20.09.
Денес и мене ми дадоа упат,не знам за каде сте гледале со дт термини,ама имаше на 10.09 ако не ти е многу касно. Ако не друго десет дена е порано од 20-ти
Совет некој за грчеви во стомакот? Имам болка откако ручав прееска, не знам дали е од храната, ама ептен непријатно чувство цел ден во стомак имам. Не сум била во вц, веројатно и тоа има врска, подуена сум
Здраво на сите Јас сум нова членка имам 27г. и сум во 10 недела со прво дете Морам да ве пофалам многу ми се допаѓа и страната и форумот, мило ми е што ке бидам дел од Вас Што се однесува до моето бебенце ние сме веке неколку дена на боледување поради болки и темно црвено кафеав исцедок, бебето беше добро но докторот ни отвори боледување да мируваме и ни даде да користиме утрогестан. Сега немам ни болки ни исцедок само ми се случува кога ке станам од спиње да бидам целата како "помочана" дали некоја од вас имала некое вакво или слично искуство? На контрола сум дури во Понеделник неможам да дочекам да не треба да реагирам порано?? Извинете за долгиов пост *
Идни мамички,се движите ли секојдневно? Мислам на шетање или некои вежби? Со сите што имам зборувано ми викаат само движи се ,движи се,многу е битно...А јас,нити имам сила,нити пак желба,не знам како да се мотивирам
Јас бев на втор скрининг кај Димчев во Систина денес.Се е одлично според пропорции ми рече и дефинитивно полот ми го кажа и покажа,женска ќе си имам Искрено некако многу брзо беше Околу 15 минути се,и без многу објаснувања само дај си парите Кога одам кај мојава матична многу повеќе внимание ми посветува и детално се ми објаснува како што треба...ама тоа е Битно мирна ми е душава зошто се си е ок
Ајде сваќе честито А иначе Уши таков е 15 мин кај тебе дури многу се задржал ама битно кажал дека сее ок. Реално за таа сума треба подобар третман али тоа е што е.
И јас ич немам сила, ко без душа сум а демек второ тримесечје си бил у пуна снага.. како па да не бетер немам сила од прво.. пробај навечер кога нема сонце во парк јас така правам, 30 мин отприлика.
Се движам и повеќе од потребното,што навечер не можам да мрдам. Не е од што сакам туку од што морам, по цел ден трчам по деца.Но,мене ми е трета бременост.Шеткајте умерено,убаво е да не се залежуваш,но и без претерување.
Здраво и на тебе. Иначе "помочана" си од утрогестанот иста бев и јас . Со лесно нека ти е. Ајде мами вие со искуство помагајте 40 нед сум бебушов уште си ужива отворена 3 cm сабајлево имав болки на цтг покажа ама ништо се смирија и толку . Гинекологот ми предложи односи со сопругот и да се вратам сега ама ми е страв некако да не го повредиме .
Здраво, со лесно нека ти е слушај го докторот и одмарај максимално иначе од утрогестанот си помочана ти пиша и друга членка