Мешиња јас се опуштив од денес за среќа немам бактерија, мм ми ги земал резултатите од уринокултурата само што ми јави, и скриен шеќер испитав си е ок 5.2 под оптеретување. Сега кога ми се тргна од глава тоа чекам да се врети матичниот од одмор и да си ја видам ѕверка, последно изгледа за фудбалерка или евентуално каратистка тренира
Кога ќе почнете да го чувствувате движењето на бебето колку време мине до вистинско движење? И на почеток го чувствувате една недела следна не или? ( знам кај секоја различно и нормално е се )
Жени хелп!! На пап и микро освен кандида, немав ништо друго. Имав бело прање, ставав Гино доктарин, ок беше месец дена, и после тоа наеднаш некој жолто-зелен исцедок, без мирис. Чешање имам само кога ќе се премијам (обично со камилица или невен). Немам пецкање, или обилно чешање. Некоја со слично искуство?
Ѓумбир во прав смее да се става во чај за настинка? @Корнелија така погуст исцедок? Јас ќе ги земам утре резултатите мене ми се јави ова сабајлето пред брис, а после тоа ништо. Ако покаже нешто на моите резултати ќе ти пишам. Ама мислам не е ништо, само еднаш приметив.
Помина и првиот скрининг. Човечето расте, прави акробации во матка и се тегне цело време. Спрема мерките 12+2. Брзо ми поминува времево, а јас никако не можам дс се опуштам уште од лоши сценарија во глава. Туку друго ме мачи и дури се чувствувам како многу лош човек. Можеби звучи тотално незрело, ама јас се некако си замислував со девојче. Докторката не можеше да тврди со сигурност ама ми спомна дека е машко. Значи сакам да ми е живо и здраво детето пред се, само некако овој податок го доживеав многу разочарувачки. Дури се расплакав назад накај дома и не можев да се смирам. Од една страна сум среќна дека се е во ред, а од друга сум екстремно разочарана, а нема реална причина. И ете уште се надевам дека е женско. Се мразам поради овие мисли, особено затоа што бебево е многу посакувано и поминавме не баш лесен пат до него.
Голема веројатност е да е потечен клиторис . И мене ми така кажуваа.. на верифи ми излезе дека е девојче.Многу е рано да е видно точно каков пол е
Иста бев и јас и мене за синко ми кажаа во 12та недела дека е машко и цела бременост бев онака мех на првата средба се заљубив и не би го менувала за сто девојчиња, додека сега сум бремена со девојче но искрено после синко сеедно ми беше што ќе биде, мислев дека многу повеќе ќе се израдувам кога дознав. Колку и да звучи клише не е важно што е да е здраво и живо само, со лесно да си ја износиш бременоста, а потоа тоа мало човече ќе ти го исполни срцето и ќе ти ја украде цела љубов на светот без разлика на полот
Досадна станав овде веќе, ама пуста паникааа... Пред 2 дена така некако се осеќав еве денес пак. Како внатрешно ежење во половината накај анусот и онака како да ми (како да објаснам не знам...кога како одиме по вц кога даваме напон и кога се отвара нанапред) ете така го чувствувам некако...Болки немам, бебето е доста активно денеска, мрда насекаде, дури ми се издигнува како топка на некоја страна зависи каде е. 21+1 сум. Ќе полудам од секакво читање на сите најлоши работиии.
Здраво 31 недела сум бебче доста активно дури осеќам до вагината како да ке ми излезе нешто дали е тоа нормално
Тотално те разбирам, ни јас не се замислував со машко...се прашував дали сум во ред со психата и како ќе прифатам ако ми кажат дека е машко. За мој ќеф носам девојче, но доколку испаднеше обратно си викав дека со тек на време ќе ми се допадне и машко. Ќе се програмираш едноставно. Инаку јас и имав сомневање дали воопшто ќе се поврзам со бебето...може затоа полесно ги препродив двата спонтани абортуси..но ова дете што сега го носам го засакав првиот пат кога видов како мрда на ехо..а сега пак кога и го чувствувам се фаќам себеси како се смеам на глас од среќа. Ќе си го сакаш синчето, тоа природно ќе си дојде..и не осудувај се себеси, уживај си
Читам сега низ страниве, вика бебето во 28 недела почнува да ги отвара очите и да гледа. На Моето бебе во 23 недела, др му направи фотка со отворени очи!? Има ли некоја од Вас таква сликичка?
Јас цел живот се замислував со син, во никаков случај несакав девојче. Кога ќе ми споменеше мајка ми дека телото ми се шири како за девојче и се лутев. Несакав ниту да помислам дека може да биде нешто освен момче. Направив хармони тест на телефон ми соопштија дека ќе биде девојче. Чувството кое ми помина низ вени, како ураган останав без здив. Ми се насолзија очите, но не од тага...никогаш така не сум се израдувала, во секунда сфатив дека е сеедно каков пол е. Колку ми беше драго. Потоа беше потешко со околината на кои 35 години им трубев дека ќе имам син да им докажам дека не сум разочарана
Важно е детето да е живо и здраво верувам дека сега ти е тешко но кога ке се роди и кога ке го држеш во раце се ке заборавиш јас сеуште незнам што имам машко или женско и си размислувам што би било кад би било и искрено само нека е добро ке го сакам какво и да е тоа е дел од нас
Знам дека ќе звучам по малку клише, но и јас како повеќето жени сакав девојче и прилично рано др ми кажа дека можно е да е девојче. Потоа во 16 недела се посомнева др дека има некои проблеми со мојата бременост. И мене воопшто не ми беше важно што е. Ми викат чекај сега да видиме да не се смени а јас ми викам батали небитно. Воопшто не ми беше грижа само да е се во ред со моето бебенце. Чувството за дете е исто, машко женско небитно. Тогаш во тие мигови го сватив тоа. Иако сега ми е мило што е девојче, подеднакво ќе бев среќна и со момче.
Mm sakase masko I seuste vika oti saka masko a mene voopsto ne mi e bitno sto e posle tolku god maki za bebce bitno mi e samo da mi se rode zivo I zdravo
@Корнелија ги земав резултатите и реков ќе ти пишам, нема ништо. Ако немаш таков слуз сега па и понатаму мислам нема потреба од паника. Инаку кој ќе прави ТОРЧ да не се вади од памет со резултатите, требало да е нешто таму позитивно. Ме стресоа од сабајле.
Рубеолата треба да е igg позитивна поради примената вакцина. Тоа значи дека имаш антитела и повеќе не може да добиеш рубеола сипаници.
И серум за СМV, има ознаки некои дека е веќе прележано. Епа вака оддамна не сум се извадила од памет. Јас сум раат со сипаници, маж ми нека бега.