Банирана е trudnicka на одреден период поради правење оф-топици и предизвикување на расправии. Доволено беше барањето за рецептот. Па понатаму ќе видиме како ќе оди. Темава е хаос, апсолутно се сложувам. За да не стои долго заклучена ќе гледам утре да ја средам, дотогаш имате многу други теми во категоријава каде што може да прашате сè што ве интересира, или доколку нема тема слободно отворете нова, па и да е дупла ќе ја сместиме каде што треба. Едит: Темата е отклучена. И повторно ве замолувам да се придржувате до правилата, не испраќајте два поста еден по друг, кликнете на редактирај и дополнете го првиот пост, не честитајте тука, имате тема за честитки, нека не се полни оваа со празни мислења. Доколку имате посериозен проблем пишете во соодветната тема, оваа е само за муабет.
добро утро мамички , вчера бевме на контрола за крвта, лекарот рече се е во ред и чекаме сеа 5-6 октомври за ехо
Добро утро мамички , сакав да ве прашам дали во 9 ти месец се влегува со 35полни недели према 36 или 34полни недели према 35 . Бремена сум во 31 недела и 4 дена но сакм да си ги знам работиве унапред. Со лесно нека им е на сите трудници.
и мене ме интересира тоа, ама јас мислам дека со полни 35 се влегува во 9, мене лекарот ми рече во 35 влегувам во 9, што е за околу 5 недели, ама ме интересира точно пто како , мене термин ми е 6 декември , па претпоставувам дека 6 ноември влегувам во 9.
Па тоа не ми е јасно и мене така ми кажа матичниот дека во 9 ти се влегува во 35 недела само незнам дали полни 35 недели или 34 полни према 35
Мислам дека не се ни толку важни овие наши пресметки, но со полни 35, значи со влегување во 36 та недела влегуваш 9 месец.
Ти благодарам . Само што се вратив од контрола после 14 : 00 треба да одам за резултати од крвна анализа .
Здраво мешиња како сте? Јас да ви се пофалам резултатите од крвта и урината ми се одлични, само триглицеридите и креатининот ми се под нормалата. Се надевам дека тоа не е страшно? Вчера на маил ми пристигнаа и резултатите од микробиологија, сите се негативни! Денеска требаше да бидат готови и од приската, ама кога се јавив ми кажаа повторно да се јавам дури нареден понеделник. Се зачудив, па еве да ве прашам вие за резултатите од приска колку чекавте? Мене ќе ми се фатат две недели во понеделник, па ми изгледа тоа како долг период. Инаку гадењето и лошењето полека како да ги снемува, имам во последно време проблеми со желудникот, грчеви и киселини, ама се трпи. Мешето ме чешка, си расте. Јас се радувам, а по одличните резултатие (само уште приската да биде во ред) можам да кажам дека вистински уживам во бременоста.
Па и јас таму правев приска, мене не ми е јасно зошто да чекам толку долго? На 18-ти ми земаа крв, а веќе во понеделник ќе ми се фатат скоро 2 недели. Знам дека некаде беше спомнато, ама бидејќи далечно ми беше испитувањето тогаш не запамтив. Се извинувам што прашувам, а веќе е спомнато тоа, каков треба да ми излезе резултатот кога би било се во ред? Да знам што да очекувам!
добар ден мамицки да ве поздравам ме немаше неколку дена па додека да ве исчитам ухууу... ние со бебушот сме си супер си се дружиме си се клоцкаме си апнуваме и така бидете ми поздравенкии инаку во петок имам закажено кај доктор ванчо органџиски во штип па ќе си ја видам срцката моја на 4д...
здраво идни мамички! и јас денес бев на контрола и ептен ситно бројам до понеделник ми е терминот ама ни болки имам нит бебето е баш свртено со кичмата е некако накриво во лево.сепак кога вчера се слушнав со др-от што ке ме порага ми рече да одам во сабота тогш е дежурен па најверојатно ке ме породи со провокација ми е страв нешто да не се искомплицира бидејки читав за можни компликации од таквото породуванје.а и денес матичната ми советуваше дека најдобро би било да прифатам ако има предуслови за да ме породат.ако некоја поминала низ вакво породуванје ве молам пишете секое искуство ми е добродојдено. го пишав ова и во друга тема извинете што се повторувам ама сметам оваа е почитана и ке има повеке одговори.позз
WORRIED.BT мајка ми ја има сестра ми родено со провокација, бидејќи ја има надносено. Јас сум недоносена, па со мене имала многу тежок пораѓај, а со сестра ми вели дека многу лесно поминала. Не се плаши и не се нервирај, знам дека не можеш да се опуштиш, ама барем не размислувај песимистички. Се ќе биде како што треба!
WORRIED.BT и јас само да те утешам дека пораѓајот со провокација не е воопшто страшен сам по себе, едно од моите внучиња е така родено, па сестра ми се фалеше дека многу подобро поминала одошто со првото. Само опушти се и ќе бидете добри.
Зошто да те породуваат со провокација? Имаш уште 6 дена до термин а и плус се толерира уште 8-10 дена по термин, ретко која се породила баш на терминот а болките не почнуваат со недели пред терминот туку неколку часа пред самото породување. Со провокација се породуваат тие што го надминале терминот со над 10 дена или пак тие што им пукнал водењакот а процесот на породување сеуште не е почнат. Кога ќе му дојде времето ќе си излезе и не се секирај, со лесно нека ти е.
здраво девојки јас морам да ви казам нешто што ми се слуци толку сум тазна го нема вејке моето бебенце пред два дена го одзедоја мртво од мојата утроба немозам да се помирам со тоа иако сите се тука и ме тешат но душава ме боли незнам штосе деси се си бесе ок но за една недела кога отидов на контрола ми каза докторот дека е мртво немозесе да му го слусне срцето едноставно престанало да цука како цел свет да ми се сруши незнам како ке го поминам овој болен период
цветелина мила знам колку ти е тешко.нема зборови што ке те утешат во овој момент.мораш сама да си дадеш сила и да се помириш дека сигурно имало причина штом се случило тоа.подобро сега отколку покасно па да е пострашно и со последици.од искуство ти го зборувам ова го поминав и јас истото пред две години.месеци ми требаа за да можам да погледнам бебе и мајка со количка...еве сега сум повторно бремена ,пред сам порогај сум.ке биде и кај тебе .само храбро.