Бев малку низ град и влегов во продавница за чевли. И така,кко љубител на високи потпетици,кои сега не ги носам,видов едни патики онака на мала полна потпетица. Сакав само да ги пробам,ептен око ми фатија и ѝ барам број на продавачката и таа онака намуртено ме погледна : " Ама,ти си бремена. Зарем сега ќе носиш вакви потпетици? Не мислиш ли дека ќе го мачиш кутрото дете во стомакот?". И да,не ги ни пробав,само си излегов. Си викам,не знам што си мислат луѓево,боже ќе земам сега на 12ка штикла ќе се качам? Ако сум бремена,значи не смеам ништо ни да пробам ни да облечам? Па јас,сама ако приметам дека нешто не ми е удобно,чевли,или облека,зарем по секоја цена ќе го облечам? Колку само направи ужасно да се чуствувам со тоа,зарем така ќе го мачиш кутрото дете? Слично нешто пред некоја недела ми се случи. Отидовме со брат ми на сладолед и јас разгледувајќи ми фати око еден овошен сладолед,кој досега никогаш не сум го порачала,ама ајде си викам ми отиде око да пробам. Побарав една топка и продавачот одма : " Не може,не е тоа за тебе,како ќе јадеш сладолед што содржи алкохол? " Јас прво не ни знаев дека има алкохол внатре и фала му што ми кажа,ама преку глава веќе од тоа кажување и мислење дека сите и секој знаат што е најдобро за мене и за бебето. И онака ми вријат хормоните,само чекам кој ќе си го добие за сите.
Toa ti e makedonska rabota. Samo znaat da se mesaat i tugji gajlinja da berat. Sramota !!! Ne mi e tolku za sladoledzijata, kolku sto mi e za taa so stiklite. Jas da bev stiklata u celo ke i ja zakacev !
Јас сеуште понекогаш си облакам сандалки на платформа и искрено ми се поудобни од скроз на рамна пета кои немаат никаква поддршка на кичмата. Кутро мое бебе колку го мачам.
Како минува времето, стомакот ми се зголемува ама повеќе горе над папокот отколку долу, на моменти ми е како топка, оптегнат ептен. Минатата недела носев фустан со колан, коланот ми дојде под гради и така издуван ко топка стомакот (кај желудникот од прилика). Можно ли е бебето да оди веќе волку високо? На почеток на 6ти сум..
Би рекла дека е можно. Мене понекогаш до под гради ми доаѓа стомакот,а понекогаш па скроз ниско доле ми е.
Не се секирај, продавачката била од ост европа, а сладоледџијата е или турк или италијано. Германец да ти се испонаша онака нема шанси 100%. Али мешана земја се им се пише на германците иако они се народ како што ги знаеме сите ние кои живееме со нив -ладен туш. Ниту му е гајле дали ти ќе земеш 12ка штикла ниту му е гајле дали шлепер ќе те удри надвор од продавницата
Еден месец бев раат, ниту повраќав ниту имав мачнини..понекогаш од некој мирис или јадење ќе ми се згадеше ама поминуваше..сега сум крајот на 4ти и деновиве пак ми се вратија мачнини, повраќање, нерасположеност, главоболка..како е можно, зошто така?
И мене ми беше така, во 6 месец ми се случи да имам денови како во првото тромесечие. Повраќав, ми се лошеше, немав енергија... ама ете сега сум си пак океј до некаде. Сигурно комбинации на фактори си влијаат, ама од мое искуство сметам дека ќе ти помине полека
Будна сум од 4.30, главата мислам ќе ми пукне, очите ме печат за спиење, затвори очи болката се зголемува. Станав, удрив еден туш, не поминува. Измерив притисок 130 со 55. Сега пијам 3во1 зошто малиот ми е низок, а ако се качи големиот е тогаш ќе цицам лимони. Има некоја проблем со оддалечени притисоци како мене? Може ли да е од нервоза, ама и јас не знам зошто сум нервозна, еве солзиве ми стојат на готовс, мислам некој да ми прозбори ќе се расплачам во секунда.
Леле исто како јас. 17 недела сум и скоро месец дена бев ок сега пак мачнини , главоболка, па и несоница ме фати . Воопшто немам апетит за јадење
Добрро ви утро феминки. За мачини и главоболки во се придружувам во групата. Туку вчера на брзинка ја обоивме терасата со боја на водена база (јас како доктор со маска бев) ама се нешто ме јаде јанза колку е ок да се дише од бојата да не му е нешто на бебуш? !
Има некоја користено или слушнато од некоја што користела епи но? https://www.epino.de/en/epi-no.html Тоа е апаратче кое се користи од 36та недела заедно со дамм масажата за подготвување за породување. Искуството кое го читам е многу позитивно и жените се породуваат многу брзо и лесно. Развиено е во Германија и тука најмногу се користи за прво породување. Ако има некоја искуство би сакала да слушнам како поминала на породување.
Здрсво мамички имам прашање до вас.вака јас сум 6 та недела пд бременост притисокот од секогаш ми бил 90 со 60.меѓутоа деновиве осеќам притисок позади во главата и вчера измерив 140 со 90???денес ке одам да се посоветувам кажете ми ваше мислење
Ние варосувавме дома со вар и јас цело време чистев по мм и еве нишш не му е на бебка. Барем си мислам дека не му е нишш. И мене тогаш ми беше шубе ама немаше кој.