Вториот скрининг е со абдоминално мерење на органи. Јас не сум чула некоја на втор скрининг вагинално да ја прегледувале.
да не мислиш на втор скрининг не на трет? зошто колку што памтам си 10 дена само пред мене...а ја сега правев втор, трет нели е многу покасно?
Vtor ke mu dojde inace jas eden pravev vo 20 ned ama koga veke doagam za sk za kontrola na ocite I kontrola na tiroidata da go napravam uste eden pat I ovde
Src I jas bev denes kaj Dr lazarova I super e dr ,dr kocovski bese ptezafaten pa ona me gledase mi go pravese skriningot
Еве кај мене беше случај. И секој пат е прво вагинална проверка потоа абдоминално. Живеам во Германија може имаат различен концепт. Со вагиналното гледаше дали е во ред грлото на матката, па потоа имаш физички контакт со матката да видат дали е тврдо грлото, па имаш напипување на стомак од горна страна да не случајно имаш болка некаде, пх вредност проверка па тек потоа е абдоминално. Секој преглед е ист. Овој пат плус мерење на плодот целосно со димензии на органи.
Аха, епа може таму е таква праксата. Тука у МК не е. Јас пример бев и патолошка па доле не ме чепкаа, освен за брисевите што се земаат во 12та и 36та недела. Сега сум на почеѕок на 39та недела и првпат вчера ме прегледуваше докторот рачно.
Таму ги страв да не направат беља толку се сигурни во себе Овде без да ти го напипа грлото на матката ( колку е тврда ) не поминуваш. И без вагинално со сонда да влезат да разгледаат што има не сум имала преглед. И трето што го прават е напипување на гради да не случајно има нешто што не им се допаѓа. Ти стискам палци да поминеш лесно со близнаците
Мене Кочовски ич неме бендисува и плус ич нее заентересиран за пациентките. Јас се кај Лазарова одам сега на скринингот и нејзин број ми даде, ми закажа контрола на 4 недели и се кај неа ќе одам кај матичниот ич. И Ливринова е одлична и она ме гледаше два пати но е многу тешка жена несмееш ништо да ја прашаш.
Бев денеска до микробиологија, нема резултати, значи има нешто чим ќе чекам до понеделник. Не знам како е можно, немам ниту исцедок или било што, ниту проблеми со мокрењето. Ја прашав матичната, ми рече да ги ги почнам Панцефот па во понеделник ќе видиме што е работата...
Жени помагајте, се разболев ептен.. Грлото ми е жар црвено и ме боли, носот затнат а синусите воспалени. Од ноќеска се мачам, чаеви, мед, лимон, супа со пилешко а од лекови мукоплант со тегавец и аквамарис спреј и немам никакво подобрување. Омалаксана ептен сум. Измачување, жал ни е за бебето.. Како да си помогнам?
Не се секирај се ќе биде во ред ни прва ни последна што ќе пие антибиотик во бременост. Ќе се среди со терапија. Јас па имам исцедок и тегоби зачестено мокрење, а докторот го препиша тоа на кандида која не излегува на микробиолошлиот наод од брис. Веќе некое време сум во мисла дали воопшто се точни резултатите и сакам да ги повторам во Струга таму ги фалат дека биле поточни, а овде неретко ја уткале работата.
Таман работа, ќе ја испијам терапијата, помачно ми е што треба два пара вагиналети да ставам две недели, аман... Само се надевам се ќе биде во ред после.
Мешиња, нешто ми се случува. Прва бременост ми е,повеќето тука знаете и се ми е непознато,ново и цела сум во прашалници. Кога ќе го пипнам стомакот имам чувство дека ми е тврд но по вертикала, односно горе и голе од папокот. Кога ќе ги подигнам градите и ќе пипнам исто е тврдо. Како бебево да е поставено вертикално. Кога ќе се навалам нанапред со грбот (згрбавено како да седам), како да чувствувам дури некоја болка и непријатно чувство подобро да го наречам одма под градите. Си правам филмови дека бебето е негде горе и дека нема каде да оди . Кој знае дали убаво објаснив и дали ме сфативте што сакав да кажам.
Здраво на сите, Бремена сум 25 недела, до сега бременост уредна и без никакви проблеми. Пред 2 недели имав ептен мало крварење (две точки) бев на преглед и ми најдоа полип за кој ми рекоа дека не би требало да прави проблеми на плодот. После една недела бидејки приметив вагинален исцедок со жолтеникава боја на мое барање направив брисеви на кои покажа присуство на стрептокока. Сега имам 10 дневна терапија од антибиотик и вагиналети. Некој со слично искуство со оваа бактерија?
Мене за грло ми дадоа проанги. Во случај на јака кашлица Хербион. Ама ја сепак не пиев, земав чај со многу лимон, шмукав витамин ц, Аквамарин спреј за нос, супа... Но еве пред два дена на крвната слика покажа покачени леукоцити,почнав со антибјотик. Направи си една крвна слика, а до тогаш вака со природни работи терај.
И мене горе под градите мие тврдо доле кај папокот меко па не се плашам пред некој ден бев на контрола и се беше ок ако имаше нешто ќе ми кажеше дури мојата матична ми го пипна стомакот па ништо не кажа.. не се секирај ваљда нормално е..
Nez jas prv pat bev tamu na skrining I stvarno mi se dopadna Dr lazarova I sega za mesec dena mi kaza kontrola
Откако забременив,само еднаш на почетокот од бременоста со сонда ме прегледа и само еднаш,во 26 недела вагинално да види дали е затворено грлото на матката. Не е секаде исто.