Зошто на погрешни? Сосема сум задоволна од докторката и бидејќи до сега е се во најдобар ред со бременоста,не гледам причина секој пат непотребно да ми буричка со рака и сонда. Исто и прегледот за градите,два пати до сега само.Крв,урина,притисок,килажа, стандард на секоја контрола,после ќе си го видиме бебушот на ултрашал и толку. Следна контрола 30 недела кога ќе бидам и тогаш нормално ќе си провери дали е нормално затворено сеуште грлото на матката.
Мене искрено откако ми се скина кондомот на сондата кошмар ми е да ме чепкаат долу. И еве 30 недела влагам и си чутам за таков преглед, А, знам дека од сега повеќе ќе ме буричкаат и мора да си се помирам со гадливоста и стравот од зарази.
Морам да признаам сега некако ми е уште понепријатен прегледот со сонда ,не знам зошто. Ама тоа беше таму некаде 10 недела можеби и од тогаш веќе не. Со рака прв пат кога и се пожалив дека имам многу јаки болки во кичмата,па сакаше да провери само како лежи бебето дали е заради тоа. Ах,низ што се мораме ние жените да поминеме. Пред некој ден случајно,иако воопшто не сакав да видам,ми излезе слика од породување на инстаграм. Ама она баш породување. Не е пријатно за гледање,ама ич.
Deneska imam cesanje i me przi vagina me boli buzite nemozam da se dopram pred tri nedeli imav i fekcija stavav vaginalni i piev tableti mi pomina nemav nis sega pak
Мамички вчера проверув крвна слика и мокрача денеска ги земав резултатите ама дури у понеделник ќе одам кај матичната. Ги споредував резилтатите со тие од минатиот месец и на новиве забележав кај кетони има ++. Што значи тоа ? Нешто опасно ли е? Неможам да издржам до понеделник се испалашив
Кетони во урина се знак на дехидратација... Ти имаш не еден, туку два плус, таман си за една две инфузии за освежување. Но, дури да појдеш кај лекарот да ги прочита резултатите пиј мн.течности, да се рехидрираш. Претпоставувам си забележала дека урината ти е потемно обоена и со остар мирис? Тоа се знаците, не е ништо опасно, но пробај да ги снема кетоните со внес на мн.течности
Да имам приметено. Па и вчера сабајлето сестрата што ми зимаше крв ми рече дека сум бледа на лице да не ми било лошо ама не ми беше ништо најнормално се чуствував. Инаку за течности знам дека слабо пијам ама не знаев дека тоа значеле кетоните. Фала ти многу . Ќе пијам од утре мн течности
Глупаво прашањеама да прашам..знам дека во бременост честото мокрење е нормално, но не знам колку пати би било нормално..јас сум 18 недела и навечер обавезно морам два пати да одам до вц, не знам од бременоста е или сум настината или нешто трето..?
И јас сум исто во Германија, до 13та недела цело време вагинално ме прегледуваа и од 14та на стомак..ама до сега не ми направиле преглед на гради, кога го прават тоа?
@an4ii Така покажува и кога си во кетоза. Јадеш храна што има јаглехидрати? Да не си на почеток на бременост и повраќаш? Каква ти е исхраната? Кога во организмот неколку дена има помал внес на јаглехидрати, се влегува во кетоза, чисто за објаснување, тоа им се случува на тие што држат протеински диети како аткинсова и кетогена диета, кај тие луѓе во урината има кетони.
Не, не сум во кетоза ниту имам предходно држено диета. 15 недела сум и не повраќав.Минатиот месец немав кетони само сега овој пат ми покажа со ++.
И јас го имам истиот проблем,една членка ми пиша да земам Донафил вагинални на природна база биле. Јас уште не сум ги зела бидејќи ми се смири чешањето. Чај од камилица и една лажица сода и поминува сега за сега. Ако не помине ќе си купам тие вагинални.