Сабајлето си бев за крвта После 2 и пол резултатите,од таму правец кај матичен Едвај ги чекам да видам како се држам Дај Боже се да е во ред.
Која недела си? Јас сум 27, па вечерва ми се случуваше исто, без киселини. Никако не можам да заспијам, не знам дали ми е ладно или топло, а доцна го пиев хеферолот, накај 1, па мислев да не ми е од тоа
Heferol pij po rucekot I ke nemas maki I vit c pij so nego zaedno a za macninite mene caj od nane mi pomaga
На секое направено цтг мене ми е мачно се препотувам незнам дали од паника или од нешто друго дали сте имале такво искуство
Веројатно од тоа што лежиш на грб, јас прв пат кога отидов мислев несмеам да се помрднам, почнав да се препотувам да ми се лоши, како да се гушам мм викна сестра и таа ме сврти на страна и ми кажа дека кога ќе ми стане така лошо да се наместам во положба што ми одговара @Minnie 1 или евентуално желудникот па цело време киселини
Мешиња, како си лета времето. Полна 30-та недела, максимум уште десет недели ми останаа. Дај Боже да биде се како што треба и да се навистина десетина недели (добро или нешто помалку). Јас сум со редовни "несоници". Почнаа негде од 20-та недела и не престанаа. Мака мачам со забите. Цела ноќ сум со болки. Се напив еден аналгин. Јас го прашав мојот матичен и ми рече аналгин дека можам во екстремни ситуации да се напијам , но да не претерувам не повеќе од 3 пати неделно. Секако дека тоа не го практикувам. Во седум месеци три пати се имам напиено.
Еве и ја да споделам како сум... до сеа терав нормално, со минимални мачнини, не повраќав, кашлица имав одреден период ама се смирив, нормален апетит, 2кг едвај качив, скоро па и да не се примеќаше дека сум трудна. 23-та недела сум. Ама последниве две недели не да ми се јадееее, завршувам со јадење и пак сум гладна. Сеа искрено се плашам до кај ќе стигнам вака, на вага нејќам да застанам Инаку бебе е супер, на скрининг Димчев ми кажа дека е 550гр., сè се развива како шо треба, одговара според недела, плодова вода во ред итн.
Трудници постете ли денес? Јас се нафатив од сабајле и до сега добро се држев, ама ептен ме фаќа криза за нутела..
Јас сум 33 недела и од сега докторот почна и контрола за две недели Значи можем да се мрдам и јас цело време седев во таа положба како што ме намести сестрата не се помрднав воопшто и се препотив за нигде ми беше само што станав немав никаква мака
Јас бев на последна ехокардиографија супер си поминав бебушка е све во ред кога ќе се роди и следат бесплатни прегледи тоа докторот ми го кажа иначе цена за породување во систина е 702000ден..
Денес бев на преглед, бебенцето е добро 27+2, одговара на неделата тежи 1150 грама, се е во ред си го видовме на ехо утре ќе испитувам скриен шеќер и крв па ќе видиме како е, се надевам добро ќе биди.
Што убаво се осеќам кога читам како сите пишете дека сте одлични и дека бебушките ви се во ред,се разнежнувам и одвај чекам и ние да порасниме за да го осекам повеќе душичето мое утре ке одиме на прв скрининг одвај чекам да го видам тоа чудо Имајте убава вечер лесен и мирен сон на сите
Девојки, 23 полна недела сум, бебето го чувствувам си мрда, посебно навечер. Некогаш ме клоца толку ниско што мислам ударот го чувствувам кај отворот на вагината и анусот. Ви се случува ли вака? Инаку си мрда насекаде, дури веќе и високо кај желудникот.
Да често таму долу го осеќам и јас исто како што опиша, исто и горе, секаде сега е веќе поголемо и почнува и да боли
Девојки имала ли некоја болки во папокот? Ноќеска неможев да се свртам од што ме болеше,и стомакот си го чуствувам скаменет во долниот дел.
Јас имам понекогаш болки во папокот, то е кога ми е стврднат стомакот и кога расти и се тегни кожичката околу папокот. Заприметив подобрување и скоро да ја немам таа болка откако секој ден почнав убо да го мачкам и папокот со бадемовото масло кое го користам и за стрии, убо и внатре и надворешно околу папокот мачкам, сега последниве недели нема внатрешен дел папокот ми е израмнет со остатокот од стомакот и целосно истегнат, хехе некогаш има чувство како да ќе ми пукни папокот од мн тегнење.