Кога се вртев најповеќе болеше иначе како константа болка имав пред да почнам да го мачкам со маслото, сега веројатно е поеластичен оти кожата на стомакот доста еластична ми ја направи маслото.
Пробај мачкајго се тоа што си ставаш против стрии и обавезно спомниму на геникологот на наредниот преглед. Јас мачкав и ете во ред е сега скоро и да немам болки а и геникологот ми рече дека од растежето на стомакот и тегнењето на делот околу папокот била болката. Поздрав и се најубаво мила
Женски ајде мала консултација.Вчера бев на прв скрининг кај докторот и се си е ок.Е сега ми рече дека имало уште некое друго испитување што не било задолжително,обично го правеле тие што имале проблем со висок притисок и трудници во поодминати години,но бидејќи овој месец тоа испитуавење кое инаку е во Чаир било бесплатно за негови пациенти па да сум го искористела.Дали знаете за какво испитување станува збор?Јас од возбуда и не прашав за што точно станува збор.
Ми се случи и мене. Ептен голема болка и веднаш отидов на лекар, ми кажа дека било од истегнување и ширење на стомакот. Мене не ми изгледаше на таква болка и затоа испаничив, повеќе како внатрешно беше одколку како надворешна болка на кожата, не знам како да објаснам, еве си остила Не можев ни да се кренам да седнам од болка, а пак свртување никако. Еднаш ми беше таква ужасна болка, а потоа понекогаш ми се појавува пак ама мала или пак само при допир се осеќа болка...
Приската се прави во ист ден со првиот скрининг,тоа е 12 недела. Брисевите мислам беа исто 12-13 недела. Јас сум на скриниг в петок,без приска. Од денес сум 12+1.Ако ми спомни за брисеви ќе и кажам дека наредната недела заминувам странство,па таму ќе си ги испитам. Мене ретко ме има во темава ама уште ме држи сеќавањето од првата бременост и затоа не прашувам ништо. Плус,овај пат сум ептен опуштена за разлика од првиот,така да воопшто не се замарам
Додека сме кај болките јас имам многу непријатна болка во срамната коска, кај препоните и вагиналниот отвор. На моменти ме заболува многу и ме фаќа паника. Исто во движење и станување и седнување ја осеќам, кога лежам или седам не. Бев на доктор пред една недела и уште тогаш чуствував нелагодност и му кажав ме намачка со тоа виолетовото и ми кажа ако не ми се смири за неколку денови да почнам со вагисан. Ги почнав синоќа бидејќи не само што не ми се смири туку и ми се зголемува болката. Незнам дали да одам на преглед колку да се смирам или откако ќе ја завршам терапијата. Си правам филмови дека ми тече плодова вода, дека се отворам. Уринокултура ми беше уредна, брисевите во 12 недела ми беа во ред се мислам да ги повторам но немам односи па да имам бактерија може ако сум закачила нешто од езеро. Шубе ми остана зошто на резултатите од урина имав присуство на бактерии и епители. Се паничам незнам дали се одново да испитувам, увртено ми е во глава пред време ќе се пораѓам
Не се плаши и јас таква болка осеќав уште многу рано, а се ми беше уредно. Сега ми се смири, само некогаш кога клоца бебе мислам до клиторис ме заболува. Баш денес мерев цервикс и 46 мм ми беше, грло затворено се супер. А и мене ми се има увртено страв дека пред време ќе се раѓа мојава не знам зошто. Мене ме чуди како во 16 недела цервикс ми измерија 30 мм, па во 21гн. 35 мм и денес во 30 гн. 46 мм. Некој очигледно не знае да мери по се. Нели тој како напредува бременоста се крати, а не се зголемува. овие мерки се од 3 различни доктори.
Различно мерат различни доктори, за право досега никој цервикс не ми измерил а одам кај двајца ама затоа кај едниот бебе секогаш е ден два како по циклус а кај другиот недела и пол помало и го води како покасно зачнато и ајде сега јас по кој термин да се водам. А за цервикс и јас мислам дека со време треба да се намалува како одминува бременоста.
Да видов веќе беше доцна да изменам И јас имам болки во папокот овие денови многу ме боли..бебето многу доле го осеќам како удира тоа е нормално ваљда..
И двете може да одат до крај и да се менува дозата,се е индивидуално тоа одредува доктор. Јас двете ги користам од прв ден и како ми изгледа ќе терам до крај