Јас на скрининзи одам кај д-р Органџиски во Штип и сум презадоволна и од односот на сестрите и од докторот. Скринингот е 20-30 мин детален со објаснување за се што гледа докторот, потоа плус имаш време уште 15-20 минути слободно ако те интересира нешто да прашаш, слики не само што добивам на харија туку преку апликација ми ги префрла сите директно на мобилен (небитна работа, ама сепак интересна , битно со бебето се’ да е ок). Инаку за преглед се плака 4.000 ден
Здраво девојки веке некое време ме боли горната коска кај карлицата го прашав докторот ми рече се спрема телото обично покасно почнува после 30 а јас сум 26 и друго ништо не ми кажа освен дека некој ја осекале таа болка а некој не и сеа ме фака паника вака со бебуле се е во ред грло затворено незз ама многу се плашам дали и некоја од вас ја болело
Секоја жена е различна, секое тело е различно, штом е се во ред со бебето, нема потреба да се плашиш, опушти се, немој со такви мисли. Другарка моја од 4 месец ја болеше се до крај. Слушајте ги докторите и верувајтему
Мене исто така ме боли не само коската кај карлицата туку и препоните кога ќе се свртам уз спиење и кога ќе се залежам.Исто и доле боли значи се болиии нормално е.И кај мене е затворено грлото и се е во ред но ете притиска матка притиска бебе и ќе си трпиме тоа е И опашка боли не се седи и кичма и се хахах алал да им е на ретките што не осеќаат вакви болки ама кај мене се веќе со недели тие болки...
Фала на одговор ми олесна јас и по природа сум паничарка ама битно е се во ред И мене исто кога се движам вртам а опашката од самиот старт ме боли епа вака полесно ми е кога ке видам и некој друг дека има фала на одговорите
Од вчера по малку како да имам некое пецкање и чешање површински го чувствувам не длабоко внатре. Правев депилација и сега не знам дали е од тоа иритација или почеток на инфекција. Брисеви ќе правам во Понеделник а рез. ќе имам во Среда. Искуства ваши што да земам до тогаш? 21 недела сум.
Само што се вратив од болница наеднаш осетив дека ми тече вода и одма во болница ме прегледа докторот вика бебето е супер плодова вода има ме прегледаа со прсти најстрашно нешто што сум видела беше тоа затворено грло вода не тече.. ај вика оди во гак што ќе барам јас во гак кога сум Добро ако ми тече пак ќе одам за систина сега за сега малку болки доле што ме прегледаа со прсти изгледа..многу се исплашив што ќе биде сега си реков дај боже да не се повтори пак
Која недела си? Јас и ти тука негде бевме?! Девојчиња јас сум со болки во стомакот. Мислев дека е поради потреба за голема нужда,но не е. Се напив магнезиум директ и легнав. Болката ми е типична стомачна болка. Искуство слично некоја има ли?
Јас се напрегам,се наведнувам,чистам. Да дигнам рачна изгледа треба?! Се исплашив. Само да догураме до 9 ти... @Lavica2016 како си? Те мислам...
Жени па неможам никако да се приклучам со одговори ние сме многу мали немаме искуство, но ви посакуваме лесен период на сите и што побрзо да ни помине времето за што поскоро да си ги држеме во прегратка нашите најмили Еве сега ми текна да ве прашам дали сте во работен однос и дали ни следува скратено работно време?
Нема скратено работно време. Олеснителна околност за трудници е само тоа што работодавецот не смее да те обврзи на прекувремена работа. Исто така бремените жени не смеат да одат на работа трета смена.