фала ви на подршката иако во дусава имам голема празнина пред вас кога ова го пишувам и солзите ми капат мозам само пред вас да се исплачам несакам вејке да ме гледаат со солзи во очиве знам дека ги боли и нашите родители но никој неможе да ми продре до душава сепак му сум благодарна на господ што се помина во најдобар ред со мене иако беше ризично неможам да ги заборам зборовите на сестрата кога рече дека дел по дел го вајѓаа од мене толку боли но морам да престанам со солзи ништо нема да ми го врати сега само очекувам со резултатите да биде се во ред па повторно на работа и повторно со надеж дека овој пат се ке во ред ве бакнувам душички мои фалави на поршката уште еднаш
пробај мила повејче да излегуваш од дома да се дружиш со твоите роднини-пријатели па макар и да се исплачиш пред нив така че ти помини побрзо цела мака...немој во никој случај да се затвраш во себе....те гушкам со цела душа и ти пуштам сила
Мила моја, многу ми е жал за тоа што ти се случило.верувај потполно те разбирам, и јас поминав некое слично искуство, знам колку боли не сакам да ти давам никакви совети, бидејќи знам од лично искуство не помагаат. времето и само времето ќе ти помогне да живееш со тоа. ништо друго и никој друг. потруди се да не размислуваш за тоа, знам тешко ќе ти оди ама мораш. мислите нека ти бидат кон нешто друго насочени. да заборавиш неможеш, неможе никој, еве и јас после скоро 10 месеци понекогаш помислувам на тоа, но во главата си врежав дека така требало да биде и дека секое зло за две добра. Еве јас сум повторно бремена, го молам бога овојпат да биде се како што треба друго ништо. Ќе си направиш испитувања, па по неолку месеци пак ќе си пробате со твојот сопруг и ќе биде. Ќе видиш! се најдобро ти посакувам1
Се пронајдов во ова погоре напишаново. ... Влетав во темава залепена од мојата денешна среќа , воопшто не ни прочитав страница на назад за да видам што пишувате . Многу ми е жал драга цветелина за твојата загуба ... Го молам Бог да ти даде сила ,верба и трпение во овој тежок период низ кој што минуваш . Времето е лек за секоја рана .... Биди храбра , биди силна издржи го овој тежок период. Господ ќе ти дарува бебенце и ке ја заборавиш оваа болка . Искрено многу ми е жал и ти посакувам се најдобро .. .
Добро утро мешковци, ептен ми фали форумов...ама пукнав бвз интернет,искрено се разочарав од Т-мобиле од нивнава одговорност. Се надеввам наскоро ке го средат нетов и ке можам да ве дружам пак, инаку вака на моб ем е спор нетот ем е непрегледно. Имаку си имам мака, десниот краjник ми отече...се напив сега вдвн чаj ама дефинитивно ке морам и нешто што навистина ке делува, 26та недела сум и ме интересира дали смеам проанги капки да земам или фтосепт/септолете и сл.
Мораш со консултација со доктор. Мене септолете не ми дадоа од аптека додека не ми одобри доктор. Не земај на своја рака, макар преку телефон прашај.
Цветелина душо моја, знам низ што поминуваш, тешко е како ништо друго на светот... Ќе помине верувај, иако знам дека дури и те нервираме со ова ќе помине, ќе помине сега кога ти се срушил светот, но навистина ќе помине! Неможам да ти објаснам колку бев преплашена за воопшто пробам да останам бремена после тој спонтан, какви кошмари имав. Форумот ми беше невидена поддршка, се најдоа еден куп паталци како мене кои ми помогнаа невидено, па сега се надевам дека и јас ќе ти помогнам тебе. Мисли на тоа, и преболи го. Тоа беше мојата најголема грешка што се обидував да се направам како да не постои, како да не било и преболував со години. Кога се соочив со желбата за бебе и стравот од загуба, тогаш дури го исплакав и преболев тоа што го изгубив, после 6 години!!! Нека те боли сега до срж, чупај коса, зборувај со блиските, истрескај се од земја, и ќе помине. Ќе помине малку време и ќе се радуваш пак, има Господ, голем е. Тоа е моето искуство, и мислам дека ќе ти биде од помош. Абдејт за мене и моево ќофте... Реши милата таа дека и е доста, и посака да излезе во понеделникот, па почна да ми тече плодова вода и да добивам контакции... Трк на ГАК, триста глупости и сега сум закована за кревет до пороѓај, пак се дружам со утрогестанчето и Прогестерон депо, скоро еден грам магнезиум примам на ден против контракции, и среќа се се смири. Мојата претерана физичка активност од немукает ќе завршеше со пороѓај во 28 недела, па сега ќе се бориме што подолго да си биде кај мама во меше. Не се плашам, знам дека ќе издржиме!
сестрами на ова вика-Jас 9месеци и неколку недели ја носев керками,ја рајгав 12сати,иако има 4години пак неспијам ноке,и на крај да личешE на таткои добро ке бEше туку сите ми викаат на свекрвата личела инаKу добро утро ние сме добри,јас спијам јадам иначе чAт пат и повракам,резултатите од крв и мOкрача се добри сега Eдвај чекам 2неделки да поминат па да си го видам бебушот,хахахах мм ми вика видија гирл мири кOја се плашише Oд болница,сега едвај чека да оди бидете насмеани и весели, убав ден.
elena.mak чувај се, лежи, одмарај, мирувај! Бебушка сака да го види светот, ама рано и е, нека ужива уште малку во мешето на мама. Ние сме добри. Навечер се почесто имам киселини во желудникот, не можам од нив убаво да спијам, но до креветот си имам шише со кисела вода, па од тоа гледам ми поминуваат. Вчера пак бев до ГАК да видам дали ми се готови резултатите од Приска, не беа. Не знам што е работава, таа на шалтер дури не сакаше ниту да ми одговори кога ќе бидат готови. Не разбирам каква е оваа неодговорност?! Денеска треба да ги земам резултатите од Кумбсов тест, искрена да бидам малку се плашам. Се надевам дека немам создадено антитела и дека со бебето е се во ред. Дај Боже да видам негативни резултати. Овие денеска и тие од приската па да ми олесни веќе. Ова чекање на резултатите психички ме убива.
Добор утро и од мене. Кончно наспана. Не знам колку ноќи спиј 15 мин разбуди се на саат и пак иста песна Уште сега малава ме учи што ме чека И само што се разбудив мрда ли мрда, како да сака да ја тргне раката на тато од стомакот Сноу, пробај гаргара со чај од жалфија, и Трохал или така нешто се викаа таблети за лижење(Секако прво прашај доктор). Овие се на природна база и мене ми рекоа дека само тие можам да ги користам додека сум трудна. Спојлер (МОже името ми е погрешно, ич не ми текнува како се викаа. Големина како аналгин се, и такво е пакувањето, црни се по боја. Се надевам ти помогнав повеќе одколку што те збунив
elena.mak лежи и одмарај и без нервози, само смирено и ќе си ја износиш бременоста до крај. worried.bt те прочитав во други теми и ај да бидам во офтопик таму со лесно нека ти е утре. Дај боже да имаш најлесен пораѓај.
таман си е ни мало ни големо јас и двете ги родив 3600 и 3640 не се плаши така има сила бебушко и само да се турка за да излези
Уште десетина денови и влегуваме во 9-ти . Возбудена сум, едвај чекам да се породам, толкава нежност во мене, чудо едно . Јас сум груб и ладен човек, и се чудам самата на себе колку се разнежнив во бременоста. Почнав со купување, деновиве гледам за да купам нешто за изнесување од болница, па се мислам сега. Мами дали мора да е во плик? Јас бендисав комплетче, плиш е, плус ќебенце. Бели се, односно извалено бели накај крем. Преубави се. Најверојатно ќе купиме транспортер со количката, па ако не ме изненади бебушка, ќе го вадиме во него. Во хаос сум, имам премногу работи за купување, плус од оваа недела започуваме со спремување на домот, на спратот, како ќе постасам не знам. Инаку, и кај мене дојде до прскање на водењакот, односно високо прснат водењак. Претходно, неколку недели ѓаките ми се мокреа посотојано, мислев дека е од топлото, но еден ден ми протече поголема количина на вода. Имав и менструални болки неколку дена. Ме испратија на ГАК, оттаму ме пратија дома бидејќи ми рекоа дека имам инфекција, па барав друго мислење и на крај се виде дека бил водењакот. Постелката уште во почеток на 33 покажуваше зрелост, но плодова вода има доволно. Превентивно примив инекции за созревање на белите дробови на бебето, во случај на предвремено породување. Инфекција немам, проверив, освен бело прање, кое очекувано е дека ќе се зголеми на крај. Овие од ГАК се тотално незаинтересирани и воопшто не се грижат за пациентите. Во никој случај не би се пораѓала таму. Катастрофа е. Ми рекоа да одмарам повеќе, ама јас ете ден не седнав. Плус какви стресови имам деновиве, ама добри сме со бебето. Се надевам ќе издржиме до крај, мама има еден куп работи за средување . Еленче поздрав до тебе, на бебушките наши не им се седи внатре, сакаат да излегуваат .
Mamicki ve molam lek za kiselinive, duri i jazikot mi se isplici... mi kazaa nekako so soda ama nezz da rastvoram soda vo voda??? Pls help ne se spie *
Ја немам искуство со бременост, ама знам другарка ми кога бесе бремена имасе многу киселини и јадесе кисели јаболки, тоа многу и помагасе! Пробајте мозеби и вам ке ви помогне, поздрав
Еве ме мене со детален извештај, вчера имавме премногу работа па немав време да пишам. Кумбсов тест - НЕГАТИВЕН Извадив и документ дека сум АБ-Негатив, па и тоа да имам црно - на бело. Сега за сега не сум создала антитела, што ми е многу битно за втората бременост. Истава постапка ќе треба да ја повторам уште еднаш до два пати во бременоста. Ги очекувам истите резултати. Ми падна камен од срцето, се е како што треба! Бев во црква си запалив свеќа, му се заблагодарив на Бога за сите добри резултати. Да се работеше само за мене и моето здравје мислам дека немаше да бидам олку загрижена за резултатите. Сега знам дека не сум сама и дека на моето бебе треба да му обезбедам здрава средина во која ќе се развива и расте овие 9 месеци. Грижата ми стана дупло поголема! Луѓето веќе почнаа да ме загледуваат во мешето! Растеме, растеме.. Ај да си прашам, во која недела да почнам да очекувам бебушка да претне? Знам дека рано е за да почувствувам убаво преткање, мислам на она чувство како змиичка да шета во стомакот? Едвај чекам!