Мешиња вчера пишав дека имав болки во горниот дел на стомакот. Пиев магнезиум,одмарав и се потсмири болката. Во истиот период од денот денес пак ме боли во истиот дел на стомакот,но боли повеќе од вчера. Многу сум исплашена,30+5 сум. Дали се болкиве нормални? Цело време ми е увртено дека бебето порано ќе се роди,испаничена сум,ми се плаче. Пред 6 дена бев на преглед и ме гледаше матичниот само со абдоминално ехо и зборовите беа супер сте и ти и бебе. Помагајте ве молам
Земете си Феррум лек сируп, 2год со анемија страшна се мачев и што не испив, а сирупов за месец дена ми ја направи перфект крвната слика (трудна бев некои 3,4ти месец со второто), и од тогаш ми е супер. Џабе пари е, состав ист како Малтофер (дури и изглед и вкус ист има сирупот), ако сте чуле и тој го фалат само го нема кај нас. Во упатството има дури и колкава доза треба бремени жени да пијат, јас пиев 10мл дневно и обавезно вит Ц.
Зошто се секираш за болки горе кога си била на ехо неделава се е во ред. Да се доле па да се секираш за цервиксот. Веројатно притиска на орган некој горе затоа боли. Смири се.
Девојки искуство со вагинален исцедок, а брисеви уредни? Последниов месец ми се зачести не е кој знае колку многу, но ми пречи. Инаку 17 недела сум, а брисеви правев пред една недела.
Јас 17/18та недела бев на одмор, се бањав во море. Кога се вратив вагинален исцедок ептен често, се исплашив да не сум закачила нешто иако бањањето ми беше одобрено од гинеколог. Правев брисеви и се беше уредно. Гинекологот ми кажа дека во тие недели се зголемува вагиналниот исцедок, а ете мене ми се поклопи со одморот па паничев безвезе. Инаку сега 23та недела, уште исто. Зголемен вагинален исцедок си стои како нормалнен симптом во сите прирачници, немај гајле
Јас сум цела бременост еве до 30 недела со зголемен исцедок. Нормална работа,беше коментарот на секој доктор кој го прашав за мислење
Докторката ми рече дека ако ептен ми пречи да земам канестен маст, но мислам дека ќе можам да издржам. Многу е различно прва и втора бременост, сега во вторава обрнувам внимание буквално на секоја најмала промена.
Девојки јас почнав многу да јадам еден апетит леле ако продолжи вака се колнам 10 кила за 2 дена ќе качам ненормално е ова одеднаш ми се зголеми апетитот колку и да јадам после пола саат пак гладна
Мене секое ковче ме боли денес,стомакот ме наболува од лева страна како топче ми се стврднува,кичмата исто и гасови исто. Среќа знам како изгледаат породилни болки па не паничам ама пак ми фуфка.
Јас од вчера чувствивам болка во препони и долу ниско кога стојам како лигаменти истегнати да имам. Си реков вчера дека повеќе шетав да не се заморив и од тоа да ме боли. Се напив магнезиум и си легнав, ама денес пак така ми е. Особено кога се наведнувам или клекинам. Ама не е некоја силна болка и си велам нормално е. Бебе натежнува и нормално е по малку да ми тежи. Или?
Ќе си болат препони, мене од 7ми месец па еве до крај... Докторот ми рече нормално е се истегнуваат лигаменти, бебе си тежи, телото си се спрема.
Си имав убав план за викендов, ќе одев на депилација и на шишање, ќе шетав на ручек со другарките па ќе си купев некои бебешки алиштенца ама.... ме фати стомачниот вирус и мене, или пак како последица на хеферолот и фероглобинот што ги почнав од четвртокот, а петокот правев тест за гестациски дијабет стомакот не ми издржа. Петок навечер до пред скоро, неможев да се мрднам од кревет, сите мускули ме болат како последица на напрегањето додека повраќав.. Бебко вознемирена не прекина да се превртува и клоца. Го измачив кутрото, една недела болна настината, следна со повраќање и дијареа. Си поплакав зошто колку и да се вардам пак се разболувам и вака ми се мачи бебето..
Jas sum 32+6 odkako ke se najadam pocnuva da ika moze 2-3 minuti ,zboruvam posle sekoe jadenje imam zaprimeteno
Имам премногу грчој во нозете пием магнезиум но пак имам неможам да ја оптегнам ногата и кога ке ме фати после ме болат нозете и ми се омалаксани магнезиум пием од 245мг можеби е тоа малку да земам по 2 или да се консултирам со доктор
Jas pijam magnesium direkt so B-complex 400mg e po edno navecer pijam i eve ne sum imala do sega problem so grcevi,a vo 8 mesec veke sum vlezena...
И јас сум 8 месец и до сега немав проблеми така понекоаш ама овие два дена буквално неможам нозете да ги оптегнам одма ме фаќа грч и ужасно ме боли и ме омалаксува цела нога наредна недека сум на контрола па ќе прашам дали може да пием по 2 таблети