Мислам дека можеш по 2. Јас пијам од 375 мг со б6 во комбинација о до сега немам мака со нозе. Немој па за 2 недели и тие да почнат да ме болат. и Инаку се имам неколку пати по потреба напиено по 2 ќесички. Др ми има дозволено.
Девојки да ве прашам,дали на своја глава можам да земам капки и сируп малтофер. Железото ми се намали етпен,пиев апчиња не помага. Ми предложија да користам малтофер без консултација од гинеколог и матичен. Бремена сум 7 месец. Мислење од вас?
Не земај ништо без консултација. Со секој суплемент за железо што го земате, избегнувајте бар 2часа пред и потоа внес на кофеин и калциум заради подобра апсорпција. Витамин Ц задолжително.
Девојки ставам утрогестан по два пати на ден . Пред некоја недела фо става по еднаш но со консултација со друг доктор ми рече за сиг по два пати а матичниот вели може и по еднаш бидејќи не крвавиш. Но денеска кога го ставив лежев пола саат и морав да станам бидејчи имав дијареа и кога бев у вц цело апче растопено ми истече ама стопено па сеа се мислам дали да ставам пак одново или секако вечер ставам па да оставам до вечер шо мислите? И аку лежам по саат ипол стално ама денес морав да станам за пола саат
Јас така ставам друго одма. Нема штета, до три е дозволено. Но ако дозата ти е по едно, и не мораш да ставаш.
Сега ми е по две на ден до пред некоја недела ми беше по едно но бев на второ мислење и таму ми рекоа по две на ден а матичниот смета по едно дека е доволно бидрјќи немам крварење ама ја сепак по две ставам
И јас исто ставам по две еве веќе месец и пол и ми се има случено истото, но не сум ставила пак. Јас имам чувтсво дека постојано имам утрогестан во мене. Постојано излегува.
Магнезиумот кој го пијам содржи и б6 и ц витамин. А и убаво е да се комбинира со б6 за подовро искористување.
Девојки 40+6 сум на бебушо не му се излегува,денес бев докторката ми вика ни милиметар не си отворена и уште имаш многу плодова вода а синокја цела нок болки во грбот и плус менструални болки слаби. Ми предложи да останам во болница да ме надгледуваат но не прифатив па викам ако осетам промени одма доагам само тука да не сум. Е сега ме фака паника бидејки терминот ми е поминат што како ке биде дали е се во ред дали некоја има со слично искуство?
Devoki denes bev na kontrola kerkata e vo red najmila moja 26 nedela od denes pocnivam imase 870 gr.super bese se bese ok
Денеес бев на факс и почнаа да ме боли десната страна од стомакот некое време па птекина..вообичаено бебушот (20недела прва бременост) на таа страна ми стои но тогаш баш си беше од спротива...што може да биде? додека одам во вц ме боли долниот дел на стомакот остро..било за мокрење било за другото..и кога ке завршам ми се олеснува и опушта и бебушот и стомакот...совети? (задутре ке проверам мокрача и крв)
Де да ве прашам нешто. 3 ден по ред како повремено ме заболува на десната страна од стомскот, како убоди осеќам кои траат кратко по 3-4 секунди и прекинуваат. После некое време пак ќе ме заболи. Одвнатре не чувствувам да клоца на тоа место, па не знам дали е од бебето или некој орган мој? Бебето мрда околу папокот и долу ниското. Некоја со вакво искуство?
бебушот е без грижи..стиска или клоца на таа страна а ти го осеќаш на крајот на тој нерв и затоа така чуствтваш
И мене истото ми се случи пред два дена, а сум 11 недела. Цел ден ме боцкаше на левата страна на стомакот и тоа баш како што опишуваш, 2-3 секунди траеше па после одредено време пак. Гледав да одмарам цел ден, се напив магнезиум и утредента кога станав помина се. Ептен бев загрижена, особено што уште сум на почетокот. Ама како што читам често се случува.
Јас сум 26 недела и прв пат имам вакви болки, затоа се исплашив. Синоќа баш додека лежев ме болеше, а ете одмарав и се имав напиено магнезиум. Сега сум на работа, во седечка положба и ме заболува.