Јас на пола сум. Мислам од 18та ќе осетиш подобрување, сега не е сјајно ноо ете така што велам ја "мрдам" по малку. Крвна слика испитај си обавезно, спиј колку ти душа сака и некои пастили за лижење за киселини и гадење, друго чаре нема. Се за бебушки! Јас велам ако ништо друго, овие труднички маки ќе ме направат поотпорна за понатака, зошто јас од затнат нос паѓав во постела болна. Сега замисли жива сум 5 месеци со затнат нос
Добро утро на сите. Вчера бев кај матичниот со резз од крвна слика, хемоглобинот ми е 105 мн низок железото 8. Пред некој ден ги почнав тотемите, др ми рече по 3 на ден да пијам и да ми отворел боледување со ваква крвна слика да не одам на раб дека сум можела да се онесвестам . Баш ме преплаши некако, 30та недела сум. Што друго можам да земам на природна база нешто исхрана за да ја подобрам крвната слика?
Црвено месо, какао, наут, аронија, леќа и многу сок од лимон и портпкал заради вит ц. Млекото и кафето не му дозволуваат на железото да се врзе, додека вит ц му помага побрзо да се апсорбира.
Земи и семе од коприва го има по аптеки исто и калинки, цвекло и спанаќ овие ти се најдобри конзумирај ги и се ке биде во ред не се нервирај нормално е да е намален бебушот влече за него
Додека се регулираат пиј Тотхемата, нема штета пишува на неа дека е за бремени жени. Јас по две пијам. Се што навеле горе правев. И семе од коприва земам, 10зрна аронија секој ден и што уште не.
Мене ми се качи железото и хемоглобинот за 1 месец матичниот ми даде кесички за пиење се викаат Сидерал фолико 20 има во паковање и се 950 ден во Зегин. Јас сум задоволна.
и јас пијам хеферол месец ипол...и правев крвна слика пред некој ден и мнг малку ми е покачено само едно бројче погоре ќе пробам ова што викате семе од коприва во мед
Јас пиам таблети за железото уште од 5 месец сега сум 8 месец и сеуште ги пием сега железото ми е добро али докторот ми ги продолжи ради превентива така да нема штета ако ги пиете
Одамна се немам пожалено, ме боли стомакот долу ниско веќе 4-5 дена, болката е издржлива и затоа не кревам паника, но малку се плашам, сега и бебево таму ми мрда т.е ме клоца, цел стомак се поткрева и ме боли посилно, нормално е така??? 28+5 сум дали ќе боли вака до крај некој да сподели искуство иначе правев и уринокултура фала Богу нема ништо, зголемен исцедок имам веќе 2 и поќе месеци, немам друга мака. Следен преглед ми е кон 10 октомври нз дали да одам порано или да си чекам? Што мислите?
И јас имав такви болки по малку и кога го прашав докторот ми рече дека е нормално да не се пкашим ама немав нон стоп се дешаваше понекоаш ако ти е на мисла направиси порано термин и ќе бидеш мирна зголемен исцедок и јас имав уште од почеток на бременоста а фала му на господ секој брис ми е чист еден период ми се смири сега пак исто инаку сум 34 недела
Апетитот ми е на нула,а 28 недела сум. Обично би требало сега што повеќе да ми се јаде. Некој нешто слично?
Јас од 27ма така мм по цел ден вика по мене зошто не јадам греота за бебето и јас сакам ама неможам дај боже да се среди
Истоооо Јадам исто како порано може и помалку....ме караат и мене по дома нонстоп,ама што да правам неможам со сила... Сварно незнам од што качив 6-7 кила,нека оди се во бебето најубаво така
Жении проверив крв и се иако ме фати вирусот крвта ми е супер само штоо имам покачен холестерол ии две + на мокрача...понеделник сум на скрининг во 20 недела во ремедика.. сеуште повремено ме жега околу јајниците и бубрезите особено кога бебушот е во нивна близина..ее сега ме интересира некоја искуство со ова? и што да превземам до понеделник за подобро да ми биде?
Neznam koj od Dr ti e pisal da ispitas holesterol koga se znae oti vo bremenost e normalno holesterolot da e visok