Ама различни мислења ми даваат гинеколозите, дилемата е кого да го послушам... инаку, да сите сме различни, знам дека не е исто за секоја од нас, но ете ме интересираше до кога повеќето од вас ги пијат. Сите го прекинуваат некогаш, кој порано кој подоцна, веројатно не заборавил, туку за тебе така треба А, добро, значи и покасно може да се прекине...
Јас па скроз заборавив за аспиринот а никој неми кажал,следна недела сум на преглед па ќе прашам. Денеска сум каде каде подобра,истеравме и ручек на почист воздух на убаво место сега нозете во вис Ноќеска во 2 јадев гевречиња со сланина од силбо,му реков на мм немој без две гевречиња да си ми дошол
Браво за ѓевречињата ја одамна не сум ги каснала, ама ептен ми се вкусни Добро е што вирусот брзо те напушта ајде бркај го... А за аспиринот... уф ...мене ми е страв да го прекинам, да не се деси нешто без везе ако го прекинам... ама ако мора... тоа е ќе го прекинам. Инаку ја си имам проблем со хиперагрегација и пред бременост, а знам дека во бременост се зголемува... па ќе видам како ќе се одвиваат работите. Ама страв ми е ... да не се зезне нешто без аспирин...
Јас колку што знам дека ние што сме со некаква си дијагноза го примаме до 32 недела е сега ќе видиме како ќе ни кажат. Нема ништо да се случи бидејки нели и плус се боцкаме.
Боцкањето мислам дека беше антикоагуалција, а аспиринот антиагрегација, затоа и се плашам, мислам дека не се исти... А инаку пред 2 дена бев и кај Кочо Димитровски, не ми рече да прекинам со аспирин. Затоа и сум во дилема. Како и да е следна недела влегувам во 24та, па ќе испитувам и скриен шеќер, па ќе си препрашам и за ова. уф, цела сум во мисла...
Јас и ти сме скроз исто,не се секирај и помалце мисли и ако мислам фека е правило за аспиринот до 32 недела да се прима а останатите недели ќе си ги покрие клексанот и нема што да се случи.
Е дај боже да е така...ама пусти страв... се молам се да биде во ред. До сега барем се е како што треба. А шо ми требаше да читам ... за апиринот...грррр пишува дека може да не се затвори некој крвен сад во срцето кога ќе се роди бебето ако се пие премногу долго, а пишува и дека ако се прекине прерано може да настане предвремено одлепување на постелката, прееклампсија и уште нешто... баш безвезе...
Многу читаме а нечини,јас читав за дијареата дека е лоша за бебето дека застанувал растот од токсините и дека настанувало предвремено породување абе мислам дека ги шизнав дома Исто дека од нервоза ми кажуваа дека може да се отворам а тоа врска си нема. Секој сие различен по себе,јас викам за мене дека по третпат несреќа неможе да ме задеси па што сака нека биде.
Е браво @Ѕвездички и @monik55 вас клексанот,а мене?! Јас само на аспирин сум. Офффф само за нешто се мислам и мачам....
Дали во рана бременост 6+5сум сте имале темна столица? Не користам за железо ништо,само фемибион,дабростон и магнезиум директ. Два дена ми е темна столицата срам не срам гасови ме убија. Денес не земав магнезиум помислив од него да не ми е. Совет некој од вас поискусни да не барам ало докторе,кај цела испаничена сум се да биде во ред па сеа ова ме утепа од мислење,а од многу мислење глава боли
Гасови имам цела бременост. Столицата не верувам дека е од магнезиумот. Цвекло ако си јадела на пример може и од него да е,од модри сливи исто така,од аронија...
Душичка сум се наоѓала во ситуација на различни мислења и јас на твое место би се консултирала со личноста на која најмногу и верувам.
може и од фемибионот и тој содржи железо. И мене некогаш ми е потемна, ама јас не се загрижив воопшто и го препишав тоа на пре мамата.
Мене ми рече матичниот гин ќе ги пиеш до кај 20та недела, како превенција само заради спонтаниот претходно. Е сега јас кога отидов на контрола бев 22-23 недела и тогаш го завршив пакетчето и не купив други и му кажав дека сум ги прекинала пред 2-3 дена и ми рече требаше да ме прашаш, треба да ги пиеш по 1 на 2 дена. И јас му реков ок ќе ги продолжам и онака само 2-3 дена немам пиено и ми вели не ги пијај сега кога веќе си ги прекинала. И јас незнаев што да правам ми беше страв исто како тебе, ова ќе биде она, секаде паметов ми одеше и еве 29 недела од утре сум, бебенце си напредува супер, клоца, расти не се плаши, прави како што ќе ти каже докторот и опуштисе.
Јас го имав прекинато на почеток на 9ти месец, во првата бременост ова. Демек од магнезиумот да не не ги осетам контракциите на матката. Втората и третата си го пиев до крај и заклучив дека џабе сум трпела, дека кога имав контракциии нема шанси да не ги осетам, и покрај дупла доза на магнезиумот. Без магнезиум не можев да функционирам поради грчеви во нозете, болки во опавче и половината. Докторот ми рече можам да си пијам до крај, дека нема такво правило.
И јас прашувам баш затоа што слушнав дека ги намалува болките,а засега го земам сеуште поради болките во грбот. За една недела сум н контрола па ќе видам докторката што ќе ми рече.
dali osekate bolka vo preponi kako koski nekoj tamu da me bolat,pri vrtenje od edna strana na druga.jas od vecra pocnav da osekam,ne znam dali e normalno 31 nedela sum so bliznaci