Мислам дека треба да пиеш витамини. Освен ако не си сигурна дека внесуваш доволно преку храната. Јас уште пијам фемибион 1 и ке продолжам понатака со него, иако внимавам на исхраната. Нема штета од витамини, а дека немора не сум баш сигурна.
Труднички, јас сум 18+3, и не знам дали сум го осетила бебенцето уште. Сум осетила нешто како тупкање повремено во мешето но не знам дали се гасови, дали е бебенцето. Инаку ми се суши многу кожата, посебно околу устата и на рацете до подрамена, и тоа одеднаш. Освен хидратантна крема некое друго чаре, како лишаи ми се познаваат?
@S.J.Parker Јас сум 19та недела,навечер кога ќе си легнам во легната положба го чувствувам. Не е нешто драстично,но се чувствува верувај и тоа неколку пати. Вчера и преку ден бев, седната на мало столче и исто го почувствував. П.с вториот скрининг на гак колку чини? Погоре пишувавте нешто бесплатен или грешка сум? До толку да сме привилегирани чудно ми е
Нормално е тоа Магнезиум ќе си земаш навечер пред да спиеш. Јас сега земам и насабајле и навечер по 350мг со Б6. Сум 29 недела, и почнуваат да ми се здрвуваат и колковите и половината. Допрва ти се маките
Моево бебе дека е бочно поставено и кога ќе легнам на страна се буни и клоца или со рачињата од лева или со ноџињата од десна страна. Па сега лежам ни на грб ни на страна и цела со укочувам кога ќе станам. Дури се раздвижам ужас. Знам дека не можам да го повредам бебе ако си лежам на страна ама несвеснп во спиењето се вртам вака. Сигурно инстикт. Инаку вчера правев зимница и си ги олутев рацете и цел ден трпев мака зошто не сакав да си ги измијам рацете со ракија. Ми се уврте во главава дека е штетен алкохолот и на раце да се нанесува. На крај не издржав и се намачкав и сега ми е шубе да не навлага преку порите.
Не го ни ставај на мисла ова. Малце повеќе се преувеличуваат работиве. Не смеело лак за нокти, дезодоранс... Јас обавезно 2пати неделно или 100% алкохол или ракија раце цели, пок нокти заради Утрогестан. Поголема штета ќе биде недај Боже бактерија некоја на раце него ракијата. Плус со антисептик сум во чанта 24/7. Нема штета, биди сигурна.
Женски дали некоја знае кога се одвиваат на клиника,часовите за подготовка за трудници за порѓај,како оди процедурата,можеби била некоја?
Ја го пијам на алкалоид со б комплекс што е но само наутро по едно пакетче на ден и преку ден ми е супер ама ноќе не.. ќе провам со тој магнезиум по колку пиеш на ден?
Пијај ги навечер или прашај го матичниот дали можеш по 2 во денот. Не е битно од која фирма се битно е колку мг содржи. Тие директ се добри пијај си ги нив, јас неможев ми се гадеше од нив и затоа капсули си земам, по 700мг во денот ми идат, ама си прашав матичен ми рече ок.
По 1 пијам јас. Плус во Прегнакер таблетите има 150мг и овие 250, значи 400 внесувам дневно. Доктор ми има кажано дека овие прашоците како Мг директ немаат големо дејство, подобри биле во форма на таблета.
Правев денес втор скрининг...сегаа дали некоја знае што значат кратенките на мерките што ни ги даде др? ии многуу малку ја гледавме на 3д а и сликичка не ми даде од 3д
Еве ме и мене 24 во оваа недела веќе почна да ми станува тешко наведуваето, клекнувањето... инаку јас го осеќам само на долниот дел, под папокот, погоре го немам осетено . Понекогаш после подолго стоење го осеќам ептен ниско, дури болно на долниот дел и тврдо
Јас овде си ги читав https://www.babymed.com/fetal-and-obstetric-ultrasound-measurements-pregnancy Ама не се оптеретувај многу Што ти кажа докторот ? Уживај гали мешко
Јас сум 22+5 мене неделава ми се качи горе над папок. На тоа претходеше 3 дена лошење до бесвест и потоа часовно ( на поручек повеќе ). Сега сум добра ми се врати и енергијата, а стомакот личи на труднички не на дебелачки само доле. Она што приметив сега шета као луда горе доле лево и десно. Тешко е навечер за спиење ако легнеш на лева страна ме клоца доле као ме гушиш намести се, ако сум на десна ми го прави истото. На грб немам воздух. Затоа несаница Наведнување и клекнување ми е исто тешко. Патики врзувам на стол седната. Иде уште потешко чувствувам.