Истиот проблем го имам со спиењето и јас. Спијам така што зад грб ставам перница и лежам ни на грб ни на страна. Утрото ужасно сум вкочанета ама ајде ќе се издржи уште малку. Од наведнување и клекнување одамна се откажав. Сандалите мм ми ги закопчува.
Супеер е се...но ме интересираа зашо не ми даде 3д сликички ..само оние обичните црно бели и сакам да проверам што е тоа на сликата пошо нишо не се разбира
Јас уште трети месец кога бев си ја купив перницата за трудници и еве сега веке влегов во 7ми, 28 недела сум и до сега мислам дека се најдобро искористени пари. Спиењето навечер е супер, не можам да замислам да спијам без неа
Ќе се качи. И јас кога стојам долго почнувам да го чувствувам ептен доле, мислам дека ме клпца до вагината и анусот, а веќе е поголемо и ударите знаат да бидат и болни, но затоа е мајка нели, ќе издржиме се, само да ни се живи и здрави
И јас немам 3д сликички дури и црно бели нс ми дадоа снемало хаартија хахах..си ја сликнаав јас со мојот телефон од, екран ;
Девојки малку сум исплашена. Во петокот носев мокрача за уринокултура и вчера кога отидов по резултати ми рекоа дека треба повторно да однесам испитувањето да се повтори кога прашав која е причината ми рекоа така докторката и напишала. Малку сум испаничена возможно ли е да се лоши резултатите и затоа да барат да се повтори? Што би можел да биде проблемот?
Можеби заборавиле да испитаат и останала така подолго време па ја фрлиле, можеби си однела малку, можеби им се истурила, можеби ги испомешале резултатите. Не паничи, почекај да видиш што како.
Кога правев анализа од крв и мокрача се покажа дека во мокрачата имам бактерии и затоа докторката ме прати на уринокултура. Немам искуство со уринарна инфекцијаа сето ова ми е ново и затоа малку сум исплашена.
Денов ми е само за во кревет. Не ми е јасно, се разбудив полна со енергија, се дотерав, се средив, си влегов во кола, си пуштив радио, пеев на цел глас, стигнав на работа насмеана, се поздравив со сите, изедов јаболко, испив кафето, и спласнав. Целото мое расположение и енергија ги снема, пукнаа како меур од сапуница, дури и главата почна да ме наболува, да ми се приспива, очите да ме печат. како ли ќе се издржи до 16.00?
ако немаш печење нешто или чешање немаш потреба од грижа.. оти ако имаш нешто бактерии ќе те пече и мокрачата ...
Немам печење и чешање само почесто мочам што со оглед на тоа дека сум веќе 5 ти месец па и нормално е.
И јас немав никаква мака освен чести мокрења кои се нормални во бременост, но ми покажа на испитувањето на урина дека има бактерии па ме пратија да правам уринокултура, направив и нема ништо, никаква бактерија. Не се грижи не праќаат за наша сигурност.
Кај мене и печкање се јавува некогаш при мокрењето а немам ништо. Некогаш и од настинка, од студ пецка така. Баш е мрзлив денов. Бебенца клоцкаат од 7 сабајле, тие ме натераа да станам од кревет да јадам.