Денес на контрола за д.димери рез ми е 3974, во 23 недела, иначе примам по еден клексан и еден аспирин. Малку ме фаќа паника дека е многу и никој не сака да ми објасни убаво и да ми каже дали треба по два клексан или што и како. Ај помагајте со ваши искуства. Ќе одам во воена болница наредна недела ама за до тогаш некој ваш совет. Плус на скрининг во 21 недела ми рекоа има лакуни мали на постелка. PS Имам и во темата за д.димери
Како се справувате со жешкото надвор? Јас го почнав 4ти месец,засега немам мака,се уште спијам на стомак ама денес беше премногу жешко,а јас морав да излезам 2 пати. Под клима не ми се седи,веднаш почнува да ме боли половината
Денес жешко? Денес камен беше (и уште е), само кон 12-13ч беше пријатно ако седиш на сонце, под сенка-камен.
Не сум Мк. Кај мене денеска како за почеток на пролет беше точно 40 степени а тек назад ни е летото. Тогаш ќе бидам ем во подоцна бременост ем пожешко.
E тоа е веќе друга песна Јас бев бремена лани и овде тогаш имаше дури и препораки трудниците да не одат на работа бидејќи беше над 40 степени. Најмногу се ладев со туширање со млака (накај ладна) вода. Не заборавај едно нешто најважно: Во ташната за излегување обавезно имај си некој кекс или мусли бар или мало чоколатце и шише со вода. Пиј многу течности и со лесно
Јас со лепеза шетав. Мене во саботата на 30с ме пукна таква вруќина во кола, мислам во живот толку склет не ми било. Иначе како што ти кажа Фана погоре, нешто благце и вода обавезно. Знам дека не смее Кока Кола, но кога одев на некои испитувања во најтоплото и тоа носев. П.С шеширче не е лоша идеја.
Па се препорачува да се избегнуваат газирани пијалоци во бременоста, кока колата газирана, полна шеќери, и плус коефеин и затоа како најштетна. Реално знаеме сите дека е штетна и нема ништо хранливо во неа, само хемии ама стварно има ситуации во бременоста кај што ни помага така да за во умерени количини се договоривме дека не е опасно Јас никогаш порано не сум ја пиела, ама еве сега во бременоста коа ќе ми се посака или се борам со притисокот не се оптеретувам со тоа дека не смеело. И шеќери треба да се избегнуваат ама ете понекогаш ред чоколадо ме враќа во живот
Ни јас не знам зошто. И за Швепс така ми кажаа. Најверојатно дека има многу шеќери, како и да е не е здрав напиток.
Дали ви се дешава одеднаш да ви се заврти памет на неколку секунди и да престане 35 недела сум железо во ред крвна слика во ред од што би можело да биде не се дешава секој ден али знае да се деси
Ние дома имаме кока кола лименки во секое време,на оваа жештина самиот организам ти бара ладно и газирано. Минатото лето пиев,сега само една лименка ако се имам напиено. Повеќе сум на вода. Денес во кола пекол,надвор пекол лудило ме фати. Ептен моравме да испазариме за дома првиот пат,па после излегов за моја потреба и мислам дека буквално се сварив. Демек нареднава недела ќе биди “малку” поладно ама сепак најниска е 35с. Да си се вратам јас во Мк нема ич лошо да биди
Имате ли болки во грбот, но не долу во половината туку во горниот дел кај плешките, дури и рбетот надолу ме заболува?
Мене 18 19 недела ме болеше така чудно неколку дена некои лигаменти мислам се тегнеа и помина после преку ноќ. Нормално било прашав
Прва бременост ми е,сега сум 19+5,синоќа си седам,гледам тв цура мава ли мава.. во една минута по три пати ме удараше. Се стопив! Ама затоа па,утрово во 5:30се разбудив и размислував како ли ќе ја гледам,па јас до сега немам ниту пелена сменето. Семестарот ќе почне за недела дена,да заглавам на педијатрија одделение и само оелени да менувам
И јас така си помислувам дали ќе знам што да правам, ова она секаде паметот ме тера, сигурно само ќе си дојди се, инстинкт мајчински.
Хахахаха и јас исто нонстоп се прашувам. Како ќе го бањам, дали ќе знам да го држам и слично.. многу голема одговорност и скроз нова животна улога е
Јас се прашувам како ќе успеам две да нахранам. Дали ќе плачат во исто време за млекце, дали памперси се менуваат во исто верме, ако ми плачат двете како ќе ги фатам? Низа прашања. Немам искуство со бебенца, освен да ги занимавам 2часа со некој до мене. Ќе се снајдеме, мајчински инстинкт водел небаре цел живот си го правел тоa. Така ме тешат. За сега едното е поактивно и посилно клоцка, се тешам нема во исто време да имаат захтеви. Еден ден нели сама ќе останам со нив.