Доколку имаш можност посетувај мајчина школа. Јас мн се опуштив и во поглед на самиот чин на раѓање и за гледање на бебе. Супер работа е. Сега некогаш и јас си правам филмови како ќе успеан се скоро сама. Ама нормален е тој страв од непознато.
35+6 дена сум, денес стомакот нагло ми се спушти и имам притисок доле, возможно ли е бебето порано да не изненади? Ако може искусните нека кажат какви се тие болки и симптоми кога се спрема бебушот за излегување?
Мила кога почна со посетување на часовите? Јас планирав од следната недела, ама испадна дека има многу трудници во мојот град па следна група е дури после 3 недели, ќе испадне да почнам во 32ра недела..
Во 31 +, сега сум 32 + и сеуште одам. Има трудници и во 37 гн што идат. Јас сум "најмала" во групата. Акушерката ни кажа дека најубав период за посета е околу 30 недела. Што значи ни јас ни ти ако се одлучиш да одиш не сме мн задоцнети.
Мила јас сум 35+ и нагло и мене ми се спушти стомакот и имам стегање и притисок доле доколку се движам исто.Кога денес го прашав докторот рече дека е нормално си се спуштило бебе во мала карлица и дека никој не може да ти каже со сигурност кога би почнал пораѓајот.Ајде некоја мајка нека сподели искуство и мене баш ме интересира.
Во Скопје одите на часови? Јас многу сакав/м да посетувам такви часови, ама овде во Кавадарци нема ништо. А не можам да патувам до Ск...
да ти кажам единствена мака тоа ми е... ме корне грбот,не доле кичмата како што кажуваш него баш така погоре како раснам се повеќе ме боли дури и нервоза ме фаќа
Не одам ни јас во Скопје, во мојот град државната болница си организира вакви часови, со упат од матичен гинеколог се пријавуваме на часовите, ама незнам колку долго ќе треба да ги посетувам..
Затоа мама во први три месеци до мене Да го бањам сама е научна фантастика. Јас бебе немам фатено во животов во раце, внуците на перница ги држев од страв да не ми паднат или да им скршам врат. Незнам ни колку се дои ни како се држи ниту како се облекува. Прав ќутук
Мене од вчера така, и се мислев дали е поврзано со бременоста од што не е во половината, ама штом има и кај вас значи тоа е..
Мешиња, оние сликичките од ехо ги знаете што ни ги даваат? Епа Верба немаше друга работа и после контрола фати да ги разгледува мерките со скратеници што се на бебче. И истражуваше,гуглаше и сфати дека ги има главчето,стомачето.. Е сега за секој дел тие мерки одговараат на различна гестациска недела. Верба откри дека главчето е цели две недели поназад од она што е гестациска недела според последна менструација... А докторот кој ме гледаше ми рече дека бебето е супер и идеално се развива,ама ете проклета женска психа!!!
Kај мене главчето на пресек одговара точно на гн, арно ама во обем е за 2 недели поголемо. Имало топчеста глава на мама и тато ми рекоа и затоа било така. Исконсултирав 2 др и никој не реагираше за тоа. Штом др вика дека е супер, ич да не се замараш.
Сега филмови за мозочето, дали добро се развива .... Периодов да бидам искрена малку се опуштив во однос на исхраната, си каснувам и благо, јадам и тестенини, внесувам што ми се посака .... Си мислам од тоа да не е
Нема врска со исхраната. Мене др ми рече дека од исхраната зависи само обемот на стомаче, додека бутната коска и главчето се од коска и тие растат континуирано. Затоа најчесто ако има застој се гледа по мешето на бебето. Така, оние кои пушеле во бременост секогаш имале деца со застој од 2 недели во стомаче. Мислам дека е се генетика, доколку ти или твојот сопруг имате помала глава не е чудно и бебе да има. А и крај краева јас воопшто не верувам на мерките на ехо. Се додека си расти ич да не му се плашиш. И моето ќе биде мало бебе, ама родилки што родиле големи деца ми викаат да се радувам ако е мало. Тек со преголеми деца се јавуваат компликации на пораѓај, особено ако си и ти ситна како мене.
Драга мама верба ти имаш вишок слободно време и си бараш грижи онаму каде ги нема. Драга мама верба опушти се, се е во ред тоа е само твојата психа. Јас сум добро и одвај чекам да те видам. Твое бебе*
Мила фала ти. @FreeMind е алал да ти е. Ме насмеа барем! Длабоко во себе, сигурна сум дека си во право. Ве двете