дај помагајте бе грбов ме искина почна да ме боли пред 2 месеца помалку а сега не се трпи на моменти мнг ми е тешко ме боли како меѓу ребрата позади...значе не кичмата него погоре и само од десната страна... пробав трудничка перница,маст на природна база,лабави масажи секој ден,витамини си пијам колку што е потребно...незнам веќе што да правам ми ствара нервоза
Јас имав исти такви болки. Сега престанаа. Како да ми трнеше целиот грб. И сама си констатирав дека ми е од тежината на градите. Мене лежењето на грб без перница, на рамен душек многу ми помагаше
@verba драга па ние жениве сме чудо. Дефинитивно си имаме премногу слободно време па мозокот триста на саат ни е... Еден добар муабет синоќа ми го направи мајка ми,што жени бевме ние,ехо немавме со труби на стомак ке не наслушаа,апчина не знаевме што се тоа,и разликата е што биле опуштени,и родиле здрави и прави дечина, не било ова во 19век во 20век. Дедо ми гинеколог па стално викаше трудниците не се болни,лесна му земја да беше жив и да ме гледаше како паничам и како си барам симптоми,сигурно ке ме откажеше,верувам. Се ке си биде во ред само опуштено и многу диагностицирање не
знаеш дека воопшто не ми текнало дека може да е до градите... ама па само од десна страна ме боли и во секој случај не ми се огромни,ми пораснаа да,ама не ми тежат или мнг големи да ми се ...шо знам ме боли константно од јули навака се повеќе без престан
Целиот стомак ми е во алергија, црвени точки.. само стомакот.. нешто до кожата што се шири ли е што може да е?
Мамички ви се случило ли да сте нервозни без да има причина? Цел ден ми е напнат, земав прошетав и пак исто, главата ми е тапан
Девојки дали во текот на бременоста ви се смени тонот на гласот? Сама се приметив, а и други веќе ме приметија дека гласот ми е попискав и истанчен...не сакам да ми е таков..
Da da I jas samo bedoksin pijam iako mi dadea I dijazepam da pijam Dr ednas se napiv I nikogas poveke
Ме изнасмеа поштено, алал вера И уште вакво нешто да ми се деси ми фали. За да ти е полесно јас ја изменив насмевката сега се смеам гласно и како да иде од дијафрагма одѕвонувам. Иначе не се смеев така како забегана.
Добро е не сум забегала. Ја мислев само јас си приметувам вакви чудни промени. Јас зборев kakо навиена, сега ме мрзи да зборам, некогаш и се правам не сум чула. Зборев гласно и погубо некако, сега едвај се слушам. Дома ми рекоа ептен сум станала фина, цел живот вака трудна да сум си била.
И јас не можев никако да ги поврзам овие две работи, но сега некаде по странскиве сајтови имаше објавено студија која покажала дека промената на гласот во бременоста се должи на хормоните. Адел пејачката ја имаа земено за пример. И не е за смеење..не можам да си го поднесам гласот..ко без душа да зборам.