Ќе пробам утре тоналитет на Мараја Кери да и фатам. Јас на косата си приметив некои златеникаво-црвени прамени. После пораѓај здравје реков прво на фризер идам да се исфарбам ииии кога ќе престанам да дојам (ако дојам) да си една.
Веќе 2-3 дена имам некои тапи болки ама не се долу туку онака горе кај слабините, придружени некогаш со гасови, некогаш ме заболува како да ми се оди во вц. Трае кратко, но ме загрижува. Повеќе ме боли на десната страна, а овие 3-4 дена бебето клоца силно баш таму кај ребрата. Дали е можно од тоа вакви нелагодности да имам? И да, мноооогу сум нервозна, мразам да зборам на телефон, не можам на моменти да поднесам одредени луѓе и се нервирам. Посебно додека сум на работа Дури мислам кога ќе се изнервирам така ме заболува стомакот нагоре и слушам се почесто како пукање од цревата.
@snegce пиеш ли нешто? Мислам дека магнезиум и бедоксин добро ке ти дојдат. Јас синока со бедоксинот уште во 21ч бев кома се изнаспав и денес сум како нова. Сакав да прашам денес ми кажаа дека од брисевите откриле дека имам уреоплазма и ми препишаа еритромицин. Има ли некој искуство со ова дали може да наштети на бебето?
Државно правеше брисеви? Јас бремена кога бев вториот пат без никакви симптоми уреаплазма имав на брисеви.. кога отидов кај матичната девојчето што работи кај неа запрепастена, рече.. аман бе вика секоја втора уреаплазма има на брисеви и ме замисли и направив приватно брисеви и ми испаднаа чисти (антибиотик не почнав и после на крајот чисти беа брисевите, цела бременост не се напив антибиотик). Првата бременост имав уреаплазма, но симптомите ми беа страшни, тогаш исто приватно направив брисеви и излезе дека е таа, Еритромицин ме среди одма. Имаш ти некои симптоми? Инаку не е убаво да се фати на почеток на бременоста и при крајот, инаку како што и тука гледам многу често се случува некој да ја има.
Пијам магнезиум, ама ќе пробам и со б6. Верувам дека се хормоните, но вака ни сама не се поднесувам камо ли друг да ме поднесе.
Да на државно ги правев само за едниот брис ми кажаа дека го нема на државно и го правеа во авицена. Незнам на кој брис има појавено не ми кажаа,само демек се е ок само имаш ова и треба да дојдеш по рецепта. А за симптоми немам никакви, имав исцедок на почеток но ми кажа др. дека било нормално. Кога мислиш рана бременост јас сум 14+5 веројатно неспаѓам во раните или?
И уште едно прашање...Сега читам дека циметот бил штетен во бременоста, а јас само што изедов една кифла со јаболко и цимет внатре...Се преплашив сега
Ништо нема да ти биде. Без гајле. И јас вака на почеток се стресирав од се, ама како што врви времето отрпнувам.
Не е ништо Јас ставав во кафето додека пиев на почетокот. Исто и за ѓумбир викаат, а антиметил се на ѓумбир. Само нагаѓаат смеело-не смеело. Сега си се напила, ако ти е страв не пиј. А во храна малце ставаат, и до некаде повеќе е хемија некоја, арома, сигурно нема ни ц од цимет..
23 недела сум од вчера, речиси купив се. Од мебел дома до облека. Ми фалат уште ситни детали кои оваа сабота ќе ги докупам и завршувам. Ми останува уште да се опуштам и одморам пред последно тромесечие.
Ти ептен на време си се спремила. Немаш до сега ништо купено? Ни еден пар чорапчиња или нешто слично?
И на друга тема напишав сите препораки водат до тоа да се направи набавка после втор скрининг во второ тромесечие зошто тогаш имаш најмногу енергија и желба за купување. Во трето е потешко и движењето и несониците и болките во нозе и во грб. Стереотипите од бабите дека после 30 недела се купува би требало во 2018 да се надминати. И на крај воошто не е битно кој кога купува, не треба да е по никаква шема. Кој кога милува и сака
Прв пат слушам за ова после 30 недела. Јас си прашав пошто желбата е голема за купување ама се мислам да не е рано уште, следната недела сум на скрининг. А пошто ми е прва бременост не знам реално што ме чека понатака и за тоа си прашувам за искуства.
Хаха еве уште некој како мене, добро е не сум јас што нема купено ништо, а веке уште некој ден и јас сум 29 недела. Јас сакав да идам до Солун, гледав нешто по Скопје и уште не можам да се одлучам ни за количка ни за креветче дека барам 140х70. Јас тамн решив да шетам ми најдоа и стрептокока и полип имам кој од време на време малку крвари и ме штрека, и сега малку повеке одмарам, ама ајде ке биде полека )) Јас овие денови правев торта со јаболки и ставив малку цимет, мислам дека не е проблем ништо доколку не се конзумира во преголеми количини. Инаку јас една недела секој ден пиев по 2-3 чаши и повеке на ден чај од брусница, па некаде прочитав демек предизвикувал предвремени контракции само нешто читаме и слушаме, малку повеке релакс