Вчера и денес силни болки во стомакот,па решив денес од работа само си легнав и не правам ништо веќе.Стомакот ми е се поголем,со тоа се зголеми и теретот на кичмата и само ме боли и стомак и кичма и грб. Маж ми се лути што уште одам на работа,ама многу тешко ми паѓа уште од сега да откажам. Сепак,ќе видам во понеделник на контрола што ќе ми речат,ама ништо чудно да откажам. Сепак бебуш е најбитен и не сакам да се оптеретувам и не дај боже да си наштетам некако.
И јас мислев дека е исто и се напив една таблетка од тие што се топат во уста и се киселкасти мислам од Алкалоид се. Се надевам не згрешив
Хмм .. останав бремена на 46кг. Од прилика .. во 14та нед имав 51 во 16та 53.. сега сум 18та ми падна железото па немам многу апетит така да рачунам 53 исто.. 7 кг. 18та нед. Па ти види упте колку ке качувам хахаха. И бебка на последна контрола ми рече покрупна е за 1 недела . Мене не ми сметаат килограмите ми се свиѓа вака таман сум освен што сум навикната на рамен стомак, воопшто не изгледаат 7кг плус. Се здебелив само во колкови, газе и мешко
Дупло магнезиум Нема друго, тоа е Туку ве читам идни мајки во врска со купувањето за зимските бебиња... По продавнициве веќе има подебела гардероба, тренерчиња за бебиња, шпилхозни дебели и слично, баш периодов докупував нешто за нас, така што можете да шетате, верувајте не сакате да шетате во девети месец Во Ваикики имате попуст на ланската зимска колекција, бебешки џемперчиња и полар блузончиња за 300ден има. Но од мој аспект, за новороденче ви треба гардероба само од подебел памук, и секако скафандер. Џемперчиња се тотално непрактични, можеби ќе почнете да ги користите откако бебето ќе биде 3 месеци.
Да не се лажеме, природни витамини има само во храната, ако и нив може да ги наречеме природни, поштом сега се е хемија. Витаминот ц во синтетичка форма не е ништо друго туку аскорбинска кислина. За жал многу витамини не ни се доволни од храната па затоа мора да ги внесуваме со суплементи. Сепак колку може да се трудиме природно да јадеме и поздраво. Јас се отепав од свежи пиперки јадење. Си посадив мое дворче и колку толку барем знаев дека не ми е прскано. Баш ме интересира понеделник каква ќе ми биде крвната слика, немам скоро 2 мес проверено и досега освен пренатални витамини и магнезиум не пијам ништо. Од понеделник влагам во 33, што за мене е огромен успех што дотука истуркав без суплементи за железо. Сега сакам барем хеферолот да го почнам зошто знам дека многу крв на пораѓај и после се троши. Ама ќе видиме каква ќе ми е ситуацијата.
Незнам мене матичната ми рече само на алкалоид ацерола дека само тој се смета за природен само тој да го земам истото и еден аптекар ми го кажа затоа само тој го земам
И јас оваа бременост досега ја истуркав без суплементи за железо,фала богу. Јадам аронија,маџун, овошјево незнам кадев многу па ми се смачи изгледа,сега само на јаболка се фрлив. 32 недела од денес, понеделник сум на контрола. Право да ви кажам, јас ќе почнам да ја спремам торбата,зашто мисла ми е холема а и за бебушко. Дома сум со две деца и не планирам да трчам ко луда тогаш. Само да помине се ок на контролата и почнувам со прибирање на тоа што немам и секако пакување. Него, некако ми се намали клоцањето,ваљда нормално е при крај сме,нема место. Мрда,но не толку ко претходно,може ред си има поставено хехе. Дека велат третото само се растело, па ова неродено си рекло ајде да си ставам ред. Да се насмееме. Убав ден мешиња!
Ме изнасмеа мамичке. И јас планирам од наредна недела да почнам повеќе да си се спремам. До 36 сакам да сум спремна се, после и ќе залади па нема да ми се шета, а и што си е сигурно сигурно си е. Што се мора, поарно порано да си се збрка.
Не знам за тоа кога треба да се купува, ама јас ќе почнам наредна недела. Тешко ми е уште сега почеток 6ти да стојам повеќе од 15мин, кичма ме боли, како пајче одам. Не оставам на маж, ќе ми ги облече како за 1ви Април . Дупли мами, едно креветче за почеток? Или вака било кој што има близок со две бебенца, не знам како оди, јас немам некој многу близок да прашам, само што сум читала неќат раздвоени да спијат. @lavica82 имаш одлучено за колички, креветчиња?
nemam odluceno uste.se mislam uste dali drveni da kupuvam ili pak od montaznite.a za kolicki pd toa so gledav nisto ne me bendisa pa moze i da ne zemam sega,tuku ponatamu i taka kaj ke gi vozam po ladnoto
Женски многу сум исплашена 8+2 сум и некаде од 5та нед па до пред некој саат неможев да се вртам во кревет од градиве. Многу ме болеа како олово ми тежеа, и еве сега наеднаш воопшто не ме болат како да не ги чувствувам. Дека ми се поголеми стварно страшни болки трпев и сето тоа наеднаш престана. Мн се плашам несакам ни да мислам на тоа ама предходниот пат во 9та нед после крварењето тоа ми беше знак дека нешто не е во ред
Јас пак со во збунка со неделите таман мислев дека фатив ред Вака сеа, на извештаите од прегледите и сликичките што ни ги даваат како ги пишува, полната недела и плус деновите, или неделата во која си моментално Еве пример кај мене има 24w4d, дали ова значи дека: - сум полни 24 недели и плус 4 дена, значи во 25та недела сум сега - или пак сум во 24та
Немој да се нервираш и да се замараш тоа повеќе може да ти наштети, ако немаш крварење не е страшно, нормално е да имаш симптоми па да ги снема па пак да се појават, мој совет не се замарај кога си на контрола ако неможеш да дочекаш оди порано, и мене д-р ме советуваше ако на психа ме мава да појдам и порано на контрола. Важно е да не се нервираш тоа најмногу влијае на бебето опушти се пуште музиче филм опушту се малку најди си занимација нешто и се ќе биде во ред, ајде малку позитивно *