Мислам дека немаш место за паника, не е секоја бременост иста, јас кога имав спонтан градите ме болеа и после киретажата уште 1 недела, оваа бременост ме болеа до 17-18 недела од тогаш до сега 30 сум не ме болат ич и не ми се тврди, само пораснати. Знам дека стравот е голем дека си поминала низ тоа досега за мене најлошо искуство, но немој така да привлекуваш црни мисли, биди позитивна, јас цела бременост сум со страв ако ми е нормална без никакви проблеми и цело време си велев ако е за мене ќе биди ако не е како што сака Господ. Мисли позитивно стресот е полош за бебушот
Не се плаши и не мисли. Еве јас сум скоро 7 ми месец а гради неме заболеле ни еднаш,никакво чуство немав и немам на градите.
Поспав уште малку и се смирив малку. Кога осетив така одма се разбудив и испаничив многу, колку и да знам дека нетреба потсвесно се плашам и се враќам назад. Во четврток сум на контрола ама ке појдам понеделник да не мислам само и дај боже се да e во ред. Фала ви премногу ме смиривте
Нешто да ми препорачате против проливпочна и гадењето сабајлево па плус и ова...7+5 сум банана ке земам ама и нешто друго дали смее?
Пробиотик можеш било каков. Ориз компир двопек јади. Пиј чај од нане и мајчина душица, ќе ти ги смират цревата.
Јас купив 2 дрвени креветчина, но сеуште спијат во едно. Им ги разделив едното в спална, а другото в дневна. Дремките преку ден си ги правиме в дневна, само навечер после капење ги носам в спална до кај 3часот и после си ги земаме со нас на спална со мм помирно спијаат. Количка зедов на чиполино и убава е. Тешка е за кревање, но лесна за возење.
Сабота како сабота, што ако не станување од 8 и почнување генералки дома кои немаат крај.. Прередување плакари, чистење, бришење па ми остана на ред да вклучам една правосмукалка па да пребришам прашина. Се убедувам дека можам се да сработам, па заклучувам дека повеќе време седам и одмарам задишана како да сум истрчала маратон.. Мешко расте, се превртува да ме потсети да не се форсирам, а мене почнуваат да ме фаќаат лудила дека не сме се спремиле низ дома со ствари. Убав викенд
Вчера бев на болница да ми закажат за преглед. Од таму ме испратија во една пракса блиску до мене,таму да одам сега бидејќи сум 14 недела,па од таму да ми закажале кај бабица на болница од 20 до 24 недела. На болница освен итен случај,до 20 недела не примаат пациентки за преглед. Па ај си закажав во праксата,вторник ќе одам и се надевам ќе ми кажат какво е. Мене ми е сеедно ама денес бевме во шопинг,се што бендисав беше за девојче и некни мм ми вика и ова дека ќе било женско,па сега ми се уврти во глава дека ќе биди пак девојче. Инаку,се немам ич напиено од витамините и од мг. Не знам ни дали да ги пијам,можеби само магнезиумот,ќе видам вторник што ќе речи док.
Опуштено само. Мене воопшто не ме болат градите. Само во денивите кога требаше да добијам малце ама ми беа меки. Пред пмс секогаш поболни ми беа, па по тоа и се посомневав и направив тест. Ако ти е на мисла закажи и појди порано чисто да се опуштиш.
26та недела, нормално ли е чувство на некаква нелагодност? Значи не е кој знае што, мислам дека ми е и на психичка база дека нон стоп мислам да не се менструални болки (уште што не се изначитав и сите ссимптоми си ги наоѓам) итн...Некако таа нелагодност ми е како во цревата, не ниско доле...Освен кога мтда ниско па ме заболува и кај бешиката. Дали сте чувствувале нешто слично? Од една страма си велам бебето расте, ударите се се посилни, од друга страна ми е страв за овие да ги кажам грчеви...
Денес ќе бидам досадна со прашања ама како ми е собрано се,ми иде да отидам некаде сама и цел ден да плачам, пошто дома не можам и не сакам да ме гледаат таква. Ми се плаче зошто вчера не сум спиела ни еден саат ем од настинката ем ме фати паника дека бебе слабо ми е активно. Цела ноќ со рацете на стомак ја поминав. Денес не е ништо подобро. Не знам дали вака се мачи бебе заради настинката што ја лечам природно без антибиотик или подобро е да земам нешто и побрзо да помине?
Воопшто не ја осеќаш или само послабо на моменти? И моето е такво не мава многу силно се јавува одсабајле и навечер само а преку ден само ако лежам на десна страна клоцка ама силни удари уште не.
На периоди е активно на сите страни после едно време го нема или скроз малку ќе се јави, и јас само барам позиција како најмногу можам да го осетам. Ама многу се плашам на секоја промена со оглед на се што имам поминато мислам дека стравот ми е оправдан. Да можам секој ден ќе одам на контрола за да ме убедат дека виделе се и дека се ќе е во ред до крај.
Пред две недели и јас бев настината и баш исто ми се случуваше, си предпоставувам и беба беше изморена и истоштена исто како јас затоа слабо ми мрдаше. И јас се лечев само со чај, лимон и мед и аква марис, по 3 дена ме опушти дури. Без секирации, витаминизирај се и ќе помине
На бебето ништо не му е, тоа веднаш да ти кажам да не се секираш. Ти лечи се онака како што мислиш, но антибиотик на своја рака- не. Отиди прегледај се, зашто за обична настинка не се препишува антибиотик. Знам дека е мачно зашто неможеш да пиеш лекови туку мора све на природна база. Јас во првата бременост почнав да работам со деца и цела бременост бев болна, катастрофа ми беше имунитетот.
Мешиња, ве молам за совет оти место не не држи. Бојадисувавме дома,(мала површина) и ме јаде јанза да не му наштети на бебе? Носев за штитина маска отворив прозори и после бојадисување излегов надвор ама место не не фаќа