Денес пак болки во стомакот. Како менструални,само не толку силни. Можно ли е да е можеби од тоа што денес малку повеќе работев,надвор доста свежо беше јас не баш топло облечена
@Корнелија Целосно се согласувам со тебе може и премногу лошо ке звучи ама мене мува не ме лази верувам дека на крај се ќе биде во ред како сите така и ние, само позитивно и опуштено, се ќе биде во ред верувам
Им пишав на ФБ, чекам одговор, само јас сакам обично креветче, не од тие 5 во едно. Овие 140х70 обично се прават во детско креветче и тоа би ми било доволно
Мони исто е и кај мене еве 3 дена многу малку мрда исто само сабајле и вечер ама доста помалку од предходните денови,ваљда чим на сите ни е исто е нормално.. Јас не се плашам со позитивни мисли се штитам Сигурно си спикаат си раснат
Ние утре со мм ќе се спотераме за Неготино во Либерта да си купиме креветче и количка едвај чекам како некоја опседната сум
Да, ке ги барам утре, фала ти многу! и јас сакав да идам да видам што имаат, ама како ми рекоа да одмарам повеке само на нет гледам што има
@Bella* јас кога влегов видов една количка 30 000, трескалце за бебе 450ден скрос обично и одма си излегов
Планирам да ја земам таа од 30 или 33 е незнам точно,ама ми ги испофалија на квалитет и 3во1 се во таа цена(голема количка транспортер и торбица) мерак ми е
Мојава бременост полека но сигурно минува.Да не ме сфатите погрешно ама баш сте ми интересни вие што станувате мајки по прв пат,какви се прашања стравови ви се мотаат во главите.Можеби е и до човекот што знам,карактерот.Еве јас да кажам во првата бременост бебето прв пат го осетив после 21/22 недела пред тоа јок.Па и од после па до крај немаше некои нагли движења дури знаеше по два три дена да го снема ма не помагаше ни благо ни к.кола нит солено.Едноставно бебе си беше такво мирно.Е ама затоа откако го родив маста ми ја извади за сите пари.Сега вторава бременост инаку 7 месец сум бебето е далеку поактивно дури и тие удари мавања превртувања салта ме здоболуваат.Со мм ни е чудно како толку многу мава.Ете доказ дека секоја бременост секое бебе е различно.И не се прашувајте дали вака е нормално или ненормално.Јас сфатив дека се што мене ми изгледа ненормално во бременоста е нормално.Во вторава бременост немам време за размислување.Скокам трчам по малиот го кревам иако има 15 кг ама понекогаш нели мора да го кренеш.Играме редовно фудбал.Јас смислив и план,чим почнам да се отварам да имам болки ќе си го земам и него во предродилно има да се отворам секундарно И поучена од сестра ми не купувам премногу гардероба дур не се роди.Она роди дете 54 см што значи во старт пола гардероба кратка малата не ја собира во неа.Ќе си купам најосновно неколку пара па нахнадно ќе ми докупат.Еден совет спијте си сега одмарајте немајте толку мисли зошто тек кога ќе се роди ќе имате.Зошто плаче зошто кака жолто зошто не спие зошто многу спие Ви престојат убави моменти ама воедно и напорни.Уживајте си сега максимално.А ќе ве боли и грб и гради и глава и мозок ама се ќе помине во истата секунда кога ќе се роди.Извинете на долгиот пост
Ние бевме на контрола беба супер си расте напредува како треба ама мене ми изгледа мала железото ми паднало многу изгледа од што бев со вирус ни јадев ни пиев ми даде тотема да пијам ама блакк не сакам замена апчиња е тоа добро..плацента се подигнала горе бебушка свртена со глава доле каде треба и ако до тогаш ќе прави салто и ќе се исповрте 100 пати .. е сега докторот ми рече кога ќе направам 37 недели да одам на контрола уште 2/3дена и ќе полнам 31 недела Нели е многу да се чека до тогаш без цтг без брисеви ај контрола не треба можеби и ќе треба не се знае ама многу бар за мене така ми изгледа вознемирена сум да не ме фатат пред време болки без брисеви без ништо така неспремна др.ивановски ќе ме пораѓа тој си знае подобро и да се случи нешто во негови раце сум така да ќе чекаме немаме друго чаре..
Мешиња како се справувате со позицијата на спиење? Јас утрово се разбудив на полустомак легната нз како ама се трудам да лежам на страна ама ете во спиењето сум се наместила така на полустомак легната се плашам на бебушот да не му наштетам?
Истово прашање го поставив и јас тука. Паники бев цела ради претходно неубаво искуство.. Бев опседната со градите, ако ми беа помеки еден ден плачев дека е крај и ете до вечерта или утредента пак болат -ќе ме израдуваа ххааа.. Помина се,се породив и сфатив дека сами си наштетуваме барајќи симптоми, стрес дополнителен и те како не ни е потребен .. послушај ме опушти се ќе летнат 9м е тек после грижите почнуваат
Јас се чувствувам чудно...Имам некои нелагодности. Е сега, проблем ми е што не можам да откријам од каде ми доаѓаат тие работи. Мислев дека е стомакот и буквално цела ноќ се будам и веднаш на тоа мислам. Не се болки, не знам ни јас што е. Сега легнав на грб и гледам дека всушност некако ова ми доаѓа од кичмата и некако тоа како ежење ми се шири накај задникот/нозее. Вчера стоев долго време, поголем дел од работата ми е стоејќи, а уште малку влегувам во 7ми месец. Дали имате вакво чувство? Некако ме плаши, неколку дена вака. Дали се шири матката овој период?
@an4ii Пробувај колку можеш на страна да спиеш, и тоа на десна страна. Јас цел живот спијам на стомак и на почеток ми беше тешко, и мене ми се случуваше да се најдам во состојба како тебе ама одма се вртев и некако се навикнав. Се тешам, спијам на перница што ми ја купи сестра ми, демек едната нога ми е поткрената и не му смета, си викам мало е се е навика пробај