И јас сум 30, деновиве ќе одам на контрола. Нели после 36 прават ЦТГ? До душа кај нас е така, а Германија од почеток на 7ми на секои две недели им прават
Ќе почне и тоа кога ќе спиеш ќе посакаш да се одмориш ама нема да можеш цел стомак ќе ти игра..Јас почнав накај 18та недела да ја чуствувам ама удари не сега повеќе се чуствува
и мене ми е на заден ѕид исто и јас 17 недела ја осетив првпат и после тоа со тек на неделите се повеќе и почесто денес бевме на контрола кај др. и кај неа не мрдаше бебка се збутала надоле се криеше спиеше, и кажав баш дека деновиве ја нема или само нежни движења.Ми рече воопшто да не се плашам дека се нормални такви периоди си расне и си спие (како што и си претпоставував) 1 кило и 50 грама се сторила срцка моја се ми е во ред и цервикс и п.вода и бебка е според пропорции најнормална. ми рече дека нема потреба да правам трет скрининг ама ако ептен сакам на мене си е да одлучам,вика нема потреба се си е во ред и отворот кај што се храни нема никакви проблеми ако имаше со тоа најмал проблем тогаш е потребно скрининг трет ама вака немаш гајле...и такааа и тек сега ми отворија тоа мајчина книшка,ме мереа 7 килца плус сум хуху и притисокот стандард 90 со 60 низок ама тоа е... а за грбот што ме боли ми рече само вежби да правам некои едноставни на интернет да видам или пак на јога за трудни да идам
Па и јас сум во Германија,затоа... Инаку не знаев ни јас,денес кога отидов ми рекоа дека ќе ми прават. Значи сега секоја 2 недела до крај Цтг?
И ние го видовме бебко денес,добар сие активен клоцаше а јас слабо го осеќам Протоците,плодова вода се супер,плацентата малце ниско ама ништо страшно. Со резлутатите од скриениот шеќер ме прати одма на ендокринологија бидејки е поголем за две недели и по нејзе сум имала скриен шеќер. Ми дадоа диета по лебни единици,пак боцкање и цел тероиден статус. И да мерам утре шеќер пред секое јадење. Д-димери ок ама пак си продолжувам со боцкање. Со ова поголемо бебе газот да му го јадат веќе.
Пак јас и мојот полип Тамн се опуштам и го заборавам еве го пак со неколку точки крв ич ли немал никој од вас искуство со полип во бременост да сподели искуство (дај боже никој да нема зашто е досадна работа)
се ќе биде во ред дека овој пат јас сум со тебе!! зетко ќе биде добар и најубав билдер ќе видиш слушај ме и опушти се те гушкам
Само стресови си правам секој ден. Се наведнав 5 секунди и кога се исправив почувствувам болка, притосок...Кога легнав како мускулите да ми се истегаа/кинеа. Уште лежам страв ми е да не му направив нешто на бебето...Мрда го чувствувам. Може ли од едно наведнување да се спушти пониско? Испаничена сум 100ка
леле како да крај ти ваква паничарка? ништо неможе да биде не се стресувај безпотребно а кога си легнала нормално е да се истегнат мускулите. а болка при наведнување секој ден осекам нормално е тежи стомачето,кога ќе се веднеш поубаво клекнувај со нозете како за чучневи а не со кичмата така неможеш ништо да напраиш
https://www.hipp.mk/bremenost/proiz...i-za-doilki/cha-za-doilki-vo-filter-kesichki/ може уште сега да се почне да се пие или не ?
И мене ме интересирљ за чајот. Инаку за тие што планирате да доите уште од сега мачкајте ги градите со ад капки. Пишав и во др тема ама ај и тука. Ме интересира дали некој практикува перинеална масажа за полесен природен пораѓај? На мајчина школа ни дадоа крем ама мене ми е језиво.
И јас денес клечев дома 5 мин и откако станав мн ме болеше долу стомакот, на работа сум, тука многу се изнервирав, ептен од контакт ме извади една странка, раце ми се стресија па се напив бедоксин, бебчево се размрда изгледа осети дека се нервирам
Овде немам сретнато Ад капки,ама се мачкам со ова од ДМ,ваљда е добро и тоа. Ако има некој од Гер нека сподели ако има искуство со некоја маст или нешто со што е задоволен.