Јас не да сум уплашена,усрана сум(извините на речник) 8 недела сум во сабота на втора контрола,еднашка изгорена жена па паники имам од втор преглед. Само барам симптоми за нормална бременост ама на крај јас ке испаднам ненормална. Со Господ напред мора да биде се во редама некако морам да се опуштам...
Може предходниот ти бил околу 26та недела, па не сакале многу набрзо да го стават овој. Се си е таман. Мене лично цтг ми беше губење време и непотребно замарање.
Како се подготвува: 25 грама од чајот потопете ги со 600мл топла вода и оставете ги 15 мин да одстои. Дозирање: се почнува од 37 недела да се пие една шоља на ден, 7 дена. Се прави потоа пауза една недела. Во 39та недела се пие 4 шољи чај на ден. Овој чај ја опушта мускулатурата на матката и ги намалува болките. Можни несакани дејства од чајот: Висок притисок, киселини и дијареа. Консултирајте се со вашиот лекар! Секако како и се останато и ова нема да ви ги исчезне породилните болки ниту ќе направи магично да се породите за 5 секунди. Овој чај е само како еден додаток во целиот процес. Се препорачуваат масажи за трудници ( овде има посебни масери за трудници), акунпунктура за трудници ( бабиците ја изведуваат) и вежби за телото.
Се пие од 35 недела, по еден шол на ден, кај 37-38 може по два. Така стои на нет. Во секој случај не смее да е прерано.
Да да кога ќе одам кај др.ќе се консултирам со него прво ти благодарам многу.. a колку кутии се потребни од чајот да знам да им кажам колку да ми донесат од Германија
Е тоа не знам,ако знае некој друг нека пише. И јас имам слушнато као многу помагал,ама прво ќе си ја прашам докторката. И мене вчера околу пола саат ми траеше,па додека го најде каде е,па тоа морав со рака да го придржувам не стоеше убаво. Единствено добро е што дојдов одма на ред,не чекав ништо.
Да ми го имаат препишано во комбинација со вагиналети и исто имав како габична инфекција меѓу градите пред некој месец. Само консултирај се со доктор секако.
Мојот бебуш е малку по тежок, па ќе морам на царски рез, за кој ми даваат упат за во Чаир. Ако може да ми препорачате доктор/а од Чаир за царскиот?
Да денес мене во комбинација со кортикостероид демек вцрвена сум била надворешно. Ама јас само со канестенот за надворешна употреба се намачкав, некако ми е страв од др маст да ставам. Има ли некој искуство со маст на корктико база користено во бременост?
Жени дали некоја има проблем со тироидните хормони и антитела? Дали некој прима еутирокс и дали има промени во терапијата во тек на бременоста?
Jas pijam eutiroks cela bremenost oti tsh kaj mene bese problem I toa ista doza kako pred bremenost I ete me vo 30 ned od bremenost sestra mi so eutiroks istera tri bremenosti I rodi tri deca
Душо јас пијам уште пред да останам бремена, за трудници со хипотироидеа постои посебен протокол со ендокринолог, каде се прават чести анализи и во однос на хормоните се дава терапија. Задолжително консултација со ендокринолог само што ке дознаеш дека си бремена. Јас користев во петти месец, има невиден кожен осип, морав. . Со консуктација со доктор а и на нет внесувањето треба да е поголемо од 600 грами маст, па да направи проблем,...
Мене ми е страв дека треба да мачкам на слузницата на вагина. А искрено не гледам толку големо црвенило. Можеби малку кандида. Ќе мачкам само канестен, па ако не се повлечи ќе комбинирам и од неа.
@Meckicja и @Dusica24mkd јас сум веќе две години на терапија а денес прв пат земав резулати и тсх е одличен само антителата ми се 334 а нормални се до 30. Подобра сум од пред 4 месеци тогаш беа над 1000, сега имам комбинација од 50мг и 75мг Еутирокс и контрола за два месеци. Мислев дали има некој слични резултати како моите дали знае нешто повеќе за ваквите ситуации
Прополис смеам да капнам неколку капки на грло? Почна едната страна да ме боли,неможам да голтам а и ме треси