Австралија. До скринингот во 12 недела бев во Мк,сега ваму не примаат бремени на болница пред 20 недела и денес бев само за крв и мокрача и тоа во една пракса(како поликлиника би дошло во превод).
zosto taka na tolku mnogu vreme da odis,od noemvri do mart zar nema da pravis kontroli sega procitav deka si avstralija
Според мене многу подобро,лично мене секој преглед ми е стресен,на 4 недели преферира мојот доктор,мислам дека е доволно.
Нема тука не можиш,јас премногу сакам да знам шо носам дали е машко или женско,ги премолив само на кратко да видат и да ми кажат само какво е и нема шанси,не те ни примаат на болница бабиците. Јас за првото одев на 5 недели ама таа бременост ми беше цела во Мк,сега вака ми е чудно ама не можам ништо да сменам нажалост
Подобро е таму, ама јас 8 години го чекам овој момент, имав една вон материча, после 8 инсиминаци 4 ивф ниту еднаш не останав бремена и овој 5 ивф останав бремена, плус околу мене се случуват случки не убави братучетка ми беше пред мене бремена после 7 години и на 12 недела бебето и престанал срцето да и чука и затоа многу се плашам да не ми се случи нешто, и ако еден ден не повраќам или немам некој симптом дирекно одам на ехо, мислам да одам додека полнам 3 месеци после можеби ке одам на 2 или 3 недели. Поздрав
Си се изнамачила!!! Ајде полека, оди си на прегледи ако тоа те смирува ама ако не повраќаш еден ден не значи дека нешто не е во ред. Знаеш дека со стрес во телото добро не правиш, само позитивната мисла дава позитивни резултати.
Со лесно мами,да си ја истераш бременоста до крај. Здраво право бебенце да ти дај Бог јас и во двете бремености повраќав на почеток до кај 11-12 недела,после наеднаш прекинав.
Тие што водат бременост во систина кажете ми во 9ти месец не наплаќате ли ЦТГ и на колку време одите?
Уште не одам на цтг ама прашав не се плаќа ако од почеток си ја водиш бременоста таму зависи и од докторот што ќе те пораѓа сака ќе ти наплати сака не.. бар така ми рекоа мене пред недела дена прашав..
значи секогаш ова ми се случува..Кога ќе се жалам дека ја нема не мрда ич,после 3 дена ми наплаќа дупло,боксирање цела вечер и цел ден ми рипа цел стомак,боли дури...ама АКО
Мене само еднаш ми направија ЦТГ и сега докторот ми вика толку дури за 4 недели ми закажа а тоа е веќе 40та недела Го прашав ми вика нема потреба да доаѓаш на цтг до тогаш а гледам вака по форумиве идете на една до две недели, па не знам што да правам...
Нема кај бабица, ќе си одиш на ДОКТОР на приватно кај кого ти одредуваш колку пати ќе одиш. Секако ако си финансиски во можност. Не може да не може, гарантирам.
Може ке звучи досадно веке од моја страна, доколку сте во можност купете си ја перницата за трудници. Еве јас во 7ми месец да не се подречам до сега со перницата си спијам како бебенце посебно овие ноки легнувам во 12 и прво станување ми е сабајле во 7, може има врска и дека не спијам преку ден...