Aj ne se zamaraj tolku jas pred nekojden doma pravev kari sos vo koj ima kurkuma se otepav jadejki pa nisto ne mi e
И јас правев кари сос пред 3-4 дена, ама сега ме фати паника...Абе не за џабе ме прекрстија веќе во Миле Паника
Ни една храна неможе да ти наштети во мала т.е. нормална количина. Како и што важи правилото за сѐ друго во животот- сѐ што е умерено неможе да шкоди. Уживај и јади си што ти бара душичката.
Јас се жалев ми го нема бето да клоца убаво,е сега зе жалам дека многу клоца бе нможам да заспијам Се крева стомак ровари внатре се врти ли се врти @Bella* Зети богами билдер ќе биде За настинка јадете супа со многу бибер и како нови ќе бидете,мене уште ме држи ама ептен ми помогна. Тогаш не шири информации кој не се точни, има многу со таа дијагноза некој кој незнаат ке кренат паника.
Е вака да споделам искуство пд јадењето на намазот што го спомнав погоре. Внимавајте што јадете, не јадете зачинета храна! Јас ноќва завршив со страшни болки во желудник, надуеност, без воздух, ме болеше и грбот на ниво на желудникот. Бебето њ фала му на Господ добро, јас мислев ќе се онесвестев. Ми кажа тој гинекологот дежурен дека ранитал слободно може да се пие. Чисто еден совет вака од лошо искуство
Со доктор се консултираше, или сама на своја рака ги зема? Пошто знам дека тука ги нема и не можи да ги препиши др. Баш пиши ми како ќе ти бидат резултатите, сакам да ги пробам. Читам сите се задовлни.
Јас од нередовно јадење со напад на желудник, почетокот на Август бев 23 недела завршив на итна и од таму на гинекологија прележав 1 ноќ, со 5 инфузии за болки со ранитали, спазмекси и нз што имаше др во инфузиите. Од тогаш пробувам да каснам нешто барем на 3 саати да не го оставам да работи празен желудникот и еве да не се подречам немам болки.
Со капките за нос најдов спас за затнат нос, ама грлото многу ме гребе што би можела да земам за грлото освен чај и супа?
И јас прочитав дека мн ги фалат и ги земав летоска од Грција, не сум прашала лекар, до сега крвта добра беше па ќе видиме
Мешиња, имате ли кошмари? Јас сум 33+2 и веќе неколку вечери си го сонувам бебето... Многу сум исплашена, не знам зошто ми се има увртено дека порано ќе се роди, го поминувам секој ден во страв, бројам денови, кога секој ќе заврши сум среќна... Убедена сум дека стомакот ми е ист и дека не ми расне, дека не напредува бебето, а на контрола бев минатата недела и во 32 +1 беше 1770 грама ....
Исто и јас па дури и станувам на полноќ и плачам како луда мм се чуди што и на женава сега а јас кошмари и еден куп мисли ми шетаат низ паметот јас сум 31+2
Jas Denes mnogu se isplasiv se sopnav I za malku se dodrzav za zelezoto na skalite da ne padnam na stomakot
Сакам да ти кажам дека и јас бев како тебе на почетокот, цела исплашена, со страв, во грч... немаш потреба од такво нешто...Што можеш да смениш? Стварно? Јас ете не повраќав секој ден, а како ќе поминуваат деновите неделите се помалку ќе повраќаш. Не си прави само стресови, мисли позитивно, и верувај дека ќе биде така. А тоа што се случува околу тебе, баш ми е жал, но секоја жена е различна... не се споредувај. Тебе сега ти вратија генетски исправен ембрион, така? И не трчај одма на лекар, седи си дома уживај одмарај, релаксирај се, не мисли на лошо... Инаку грижите нема да ти поминат до крај... да си знаеш... тоа е... мора да бидеме позитивни и да си даваме подршка сите меѓу себе.