Нема ништо лошо да се случи не се плаши,чим не крвариш уживај Само пазете се следен пат Нас до 3 месеци ни забрани докторката после тоа си имаме нормално и без никакви проблеми
Ништо нема да ти биде, не се секирај толку Инаку препораките се да се нема односи до трет месец за да се избегне крварење, односно додека убаво ембрионот не се имплантира во матката. Со други зборови, во првите три месеци е "лабаво закачено". Исто така ако веќе имате односи пожелно е со заштита за да избегнете инфекции, зашто инфекциите се поопасни за плодот во првите месеци. Спермата допира само до грлото на матката, но ако имаш нормална бременост, цврсто затворено грло, спермата неможе да ти наштети.
Сигурно ќе испаднам глупава со прашањево но морам да прашам (бремена сум) дали во бременост може да се случи јајникот да исфрли јајце клетка и по некоја случајност да биде оплодена? Се ми се чини некаде имам слушнато. Ај кажете и на смотанава
Може имаше жена која останала бремена во период од една недела од двајца различни партнери. Можно е ама е мнооогу ретко
Плодовата вода е тоа испитување ако не грешам? Ми рече докторот дека ако плодовата вода има добри резултати не значи дека плодот е добар, целото тело беше обвиткано како во оток, како да беше во обвивка полна со вода како да има дупла кожа шолна со вода, исто така органите не му функционираа убаво, голема веројатност беше дека ке се наполнат со вода и ке откажат со тоа добивам сепса без да знам и на крај мојот живот е во прашање. Имав мислење од 5 доктори во систина и матичен исто. И кога го видов и слушнав доволно воопшто не сакав нити сега сакам да ги читам резултатите што и како точно се случи за кој синдром се работи. Сега имам бебче во стомакот и несакам да размислувам што се случило сакам само да си го земам ова бебче во раце и да не ми дозволи да размислувам што преживеав
Да тоа е амниоцитеза и исто е со тестовиве што ги набројавте. Резлутатите супер а плодот нее добар да можно е и јас имав и неможе да биде хромозомска грешка да беше ќе покажеше на резлутатот. Сигурно имал тешки аномалии плодот но хромозомски не,за да не мислиш. Ние еден месец правевме секакви испитувања додека отркиеме дали е навистина со аномалиа и дали е некаков синдром. Затоа е битен скринингот бидејки со резлутатите добивате дека нема хромозомски грешки а за аномалии на бебчето неможе да јаже резлутатот.
Дада имаше тешки аномалии, дури го виделе мои блиски луѓе со голо око се гледало дека е во многу лоша ситуација и добро е што рано открив
Бидналп поминало сега сме со мешиња здрави и прави. Јас бев една во цела македонија во последните може 15 години со таква дијагноза ретка.
ова ако имала сеуште овулација и бебето не било сеуште вгнездено,и исфрлил јајникот повеќе од една јајце клетка па се оплодиле двете, мислам сепак дека нема овулација од кога ќе останеш бремена додека се породиш. Не мисли на тоа ,искрено такви работи те "прогонуваат" цел живот и не се забораваат но мора да се продолжи напред за тоа што следува, со лесно да е само
Мајки дали на некоја од вас да и се случило стомачето на бебето да е поназад недела ипол???Се друго е супер само мешето е малку помало.Ми рекоа немало место за паника ама пуста мајка да не е раат.Во понеделник сум на испитување на д димери па ќе видиме какви се резултатите.
А мислите дека има овулација при бременост??? Незнам зошто вакви идеи ми идат ама денес во светов има се и ништо не ме чуди Ве молам кажете ми што знаете за ова... Додека жената е бремена јајниците се во мирување така??????
Дефинитивно се во мирување. Јас првите недели имав болки во пределот на јајниците и прашував др.а одговорот беше дека во бременост јајниците не работат
Душо јас селен земам вака на природен начин, преку бразилските ореви. Пред да останам бремена секој ден по 1,сега 4 во текот на неделата, заедно со магнезиум.... Еден бразилски орев има од 60 - 90 мг на селен во зависност на големината. Многу ми помогна во борбата со хашимото синдромот. Податоците ми се од медицински истражувања. Во однос на твојата доза би ти рекла да прашаш зошто ти е прекинат селенот, доколку ти е даден како редовна терапија претходно. Мене ми е така една недела помалчко стомачето,... Но до сега никој не испаничи за тоа, ниту пак јас...Бременоста и по тоа ми ја водат една недела назад. Веќе сум 9 месец, но и бременоста ми е откриена1 недела подоцна од она што треба по новиве пресметувања. Имам доцна овулација. Па сега со господ напред.
Едноставно кај некои жени може да дојде до испуштање на јајце клетки во различен ден ама во тек на плодните денови кои се недела дена после тоа нема шанси жената да остане бремена.Во бременост јајниците одмараат секако и нема шанси да се остане повторно бремена веќе нема плодни денови се е статус кво кога е бремена жената.
Девојки што правевте со болките во грбот? 8 ми месец сум, влезена во 34 недела... Умрев од болки ... Грб,половина,нормално ли е?!