Мамички и идни мамички Дали некоја од вас има диоптер -6? Дали тоа ви било индикација за цараки рез? Една познаничка имала висок диоптер и ради него морала царски да оди.
Некој искуство со дупла доза магнезиум, од 375гр? Мислам нема штета, но зедов на своја рака зашто неколку дена ептен ми се дтега стомакот, а за болки во грб да не зборам. Правев и цтг нема болки.33недела.По втората кесичка се ми се опушта.
Да јас имам пишувано. @LoveHope ете како е тоа индикација за царски. Јас сум со царски рез зашо е преголема опасност да одиш природно поради напоните кои треба да се даваат а можат да го оштетат окото. Не ризикувај никако.
7 недела сум и од кога дознав дека сум бремена пијам на ден по едно живо домашно јајце и пиев до пред 10 дена исто по едно јајде од препелица. Што мислите за ова? Да не претерувам малце?
нели пред некој ден некоја од вас спомна за чајот јас го порачав чекам да дојде братучетка ми од Германија и да го донесе.. еве и за ифв се користело за зрели ј.к и за многу работи јас искрено и за менструација кога прочитав се израдував нередовна мие па ако помогне ќе продолжам и после пораѓај..
Кај мене речиси цела бременост и беше помало стомачето за десетина дена. Ништо страшно, ќе надокнади Си се роди здрава,права, сега машала си има и поголемо стомаче од што треба
Живо јајце :О јас колку што знам строго е забрането ако јајцето не е добро варено или пржено а не пак живо
Мене гиниколог уште на почеток ми рече да пазам на јајца и месо дека мора да биде добро варено и пржено, од повеќе доктори го имам ова слушнато
Нема што да се плашиш ќе биде се во ред, отвори за тоа на Google да прочиташ повеќе. Ти пишав зашто знам дека е едно од строго забранетите јадења
Фала, се надевам....и со првото пиев но во трето тромесечие...ништо, ќе прекинам, се надевам не ја утнав работата
Фала ти...во првата бременост немав вакво нешто,се си беше ок и никогаш не ми беше спомнато недела плус минус со било што.Секогаш беше таман со мерките.И докторката рече се е ок ништо страшно ама пустото кога ќе ти спомнат нешто го немаш истиот мир ко пред тоа.
Аделине по мое тука нема правила, првата бременост се пазев премногу правев се како што треба и за жал беше со лош крај. Сега решив да не се замарам со ништо да правам како јас што сакам. Затоа опушти се и уживај немаш потреба од стресови
Многу бев опуштена до вчера додека не почнав да барам ситници ама ќе престанам. Вака сега, читав за јајцето сакам и тука да споделам дека е забрането поради тоа што ако не е добро одгледувано може да навлезе некоја бактерија, е сега, читав и дека ако јајцето е добро одгледано неможе да навлезе во него бактерија бидејќи има заштитна обвивка и плус лушпата нели. Ова малце ме смири искрено. Инаку за хранливата вредност ја има многу како што и знаев. Ти благодарам @Natally90