Никако живи јајца во бременост. Само тврдо варени или убаво пржени. Можеш да добиеш листерија или салмонела. Не се играј.
Секаков вид на сурова, свежа, непреработена храна, од анимално потекло, како месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца и морска храна, некои видови на овошје и зеленчук може да содржат салмонела. Да не јадеме и салата? Овошје?Едноставно не можеш од се да се пазиш. Сепак ќе ги прекинам
Со добра хигиена и добра термичка обработка се намалува ризикот. Јас сум голем параноик откако сум трудна за овие работи и што и да јадам чувствувам грижа на совест. Знам дека претерувам, ама сепак сирови јајца, млеко, месо и пресни сирења строго треба да се избегнуваат и во небремена состојба, а не сега. Јајцата се доволно хранливи и варени.
Да, знам погоре мислам имам пост за одржувањето на јајцето дека сепак мислам дека салмонелата е на лушпата,како да кажам "нечистотијата" , се надевам нема ништо зошто и јас сум последно време паничар,но сигурна сум дека допринеле хранливост кај бебето и кај мене. Но толку доста е, не ги пијам повеќе, ќе ги варам, секако вкусот им е
Да си здрава и жива. Отров не си испила де, за толку паника сега нема место. Само немој веќе. Сега немаш потреба од живо јајце, ти кажа членката погоре.
Јадеме овошје и зеленчук, ама барем јас, прво се киснам во вода со лажиче сода бикарбона. Во кафана марула ни случајно не јадам. Воопшто не сум параноик за вакви работи но на овие внимавав и небремена, ризикот кај нас од листерија, токсоплазма и сакмонела е голем а за плодот тие се фатални.
значи болки во половината кога ќе станувам ненормални имам со влечкање станувам од кревет некако како да настината да ми е полојната или не знам што ми се дешава дали може да се мачкам со некоја маст , и лек за тврда столица ништо не ми помага ?
Probiotic na balance jogurt ke pies za tvrda stolica a za polovinata lezi na strana I nema da te boli
И за свежа салата има нагласена препорака темелно да се мие. Ете спомна една членка дека во кафана не јаде салата, и така е подобро. Ова ми го потенцираше гинекологот. Во однос на храната ова е најопасно нешто што може да се случи, значи обавезно да се пазите од бактерии. Месото и јајцата да бидат термички добро обработени (не полу живи), а млечните производи пастеризирани и поминати низ сите контроли (во превод- да не зимате од домашно потекло). А дали сте изеле урми, ананаси, пиеле чаеви од тревки, е тотално небитно.
Мене докторката ми имаше речено ако имам многу грчеви по 2 од 300г магнезиум директ да земам, сега од 37 ми го прекина магнезума.
Кога читам вака паника ме фаќа. Јас многу сакам марула најомилена салата ми е.ја чувам во фрижидер и ја мијам ливче по ливче ама пак после јадење имам грижа на совест... предходно пред недела дена ја миев ливче по ливче со ладна вода но потоа забележав црнки топчиња во неа ама веќе на крајот затоа некна со топла вода ама пак вака кога читам мн паничам нешто на бебто да не му наштетив иако само 3 пати имам јадено до сега..
Не се секирај ако јајцето до сега не покажало реакции врз твојот организам и било добро чувано на ладно нема да му наштети на плодот , мислам дека не е дозволено да се конзумираат живи за да не настане тровање и зараза од салмонела.
Јас марула одбегнувам цела бременост, додуша и салати слабо јадев, домати домашни од двор но лупени, од секогаш така ги јадам. Од марулата се правело и песок, талог во бубрези, а јас си имам талог. Не треба и да се претерува ама некои намирници подобро да се одбегнат за мирна глава. Исто имам токсоплазма прележано за среќа не беше активна на брисевите, ама таа ми е од мачки сигурна сум оти јас спиев и јадев со нив до лани
Нема за што да се избегнува и домашното ако се животните вакцинирани и проверени. Сметам дека е многу поздраво, секако секој прво дома ќе си го свари млекото и ќе изврши на тој начин стерилизација над 100 степени, за разлика од пастеризацијата која се вршни на 60/70 степени само подолго време и е од млеко собирано од 1000 фарми со секакви хигиенски услови и неуслови. А дека таму секој ден проверуваат мало морген. Има и млеко со антибиотици и свашта.
. Зошто до лани? Да не ги остави бремена некаде? Ако ги вакцинирате мачињата на време нема да има страв од болести. Јас завршувам 24 недела речиси мирна недела и енергична. Имам само голем проблем со половината. Наеднаш почна многу да ме боли. Како од горниот дел на задниците е болката до половина. Чувство како да си спиел на иста страна две години па ти е отрпнато. Има некој слично? Магнезиум пијам друго чаре?
Не легнувај на грб ептен право... ако седиш обавезно перници позади тебе. Мене од старт додека не се породам ме болеше, болката ја опишував како некој нож да ми боде во двете стани на задникот и баш така стега до кичма... јас да се случеше да легнам право, после со кран кревање, плус со офкање... Боли најверојатно дека се шири се, многу го имаат овој проблем, а магнезиум не помага... само позиции да си погодиш.
Јас кога стојам подолго, пр. пеглам па во кујна нешто спремам после тоа ненормално ме боли. Исто така и ако седам подолго или во када додека се бањам, не можам да станам. Боли ептен гадно . Гледам да лежам на страна и додека гледам тв така на лево некако се местам. Чаре нема. Пробував со една крема, малце нешто на почетокот помагаше, сега не. Иначе од страт ме боли, ама сега некако од 20та навака поинтензивно е.
9 месец сум така седејќи може да ми се заврти памет не трае долго неколки секунди само железо добро од што би можело да биде дали е нормално
Интересно е што вело време ме боли и станата и седната и легната. Ако седнам на страна уште толку боли. Вака до 9ти?
Мајки доживеав еден голем стрес сега. При бришење после мокрење на хартијата имаше како 2 точки крв, ама се допрев само на почетокот не накај вагиналниот отвор. После тоа зедов хартија сњ избришав и подолу имаше само како проѕирно. Пак се допрев погоре пак така точки. Зесов огледало и видов дека странично од малите усни имам како гребнатина. Ја допрев таму хартијата и имаше пак точки. Дали мислите дека е од таму првично? Онака секретот ми е така белузлаво-жолт...Од памет се извадив.