Кај мене така и двете бремености дури и после пораѓај додека не дојде се на место, сиг уште едно 2,3 месеци ме заболуваше, не како во бременоста ама си болеше чат пат... На цтг ми беше најнезгодно, на страна неможеа да ги наместат тие каишите, морав право 30-40мин да лежам, и после тоа плачев и станував Дали дека се шири карлица така е нз, ама ептен незгодна болка е! Дури ја памтам од што беше неубава.. а еве 11м ми е бебево
Која недела си? Јас мислам дека е од гребнатината нема што да паничш. Да е нешто опасно ќе има многу крв а не две капки
27ма недела сум. Крвта беше баш како кога ќе се изгребеш/исечеш, значи не беше ни како капка, онака мала трага на хартијата. Многу, многу се исплашив. Дај Боже се да е во ред...Ќе закажам во понеделник на доктор. И јас мислам дека ако е нешто ќе има пообилно крварење...Ова беа само траги/точки....Но, доволно да ме извадат ос памет
Охоо, не да сум имала така, може едно 10 пати тоа ми се случувало. Не се секирај, си ја разранила при бришење.
Од синоќа не знам колку тоалетна потрошив. Само се бришам и дури сега осеќам како пецкање, си ја надразнив кожата. Уште 2 пати имав така ко точки, ама мислам дека јас сум си крива сега. Дури се неприметни буквално точка дебела како игличка. Дај Боже да мине се како што треба, ноќеска спиев на штрек...Инаку пред 3 дена поради болки во желудник бев во болница го видоа бебето супер си беше, мрда, баш е активно..
Пред да се мажам живееја со нас дома кај мама а сега кај што сум мажена имам 2 мачки но надвор ги чуваме. Иначе сум голем љубител на животни, прибирам и ранам и скитници
Мајки како се справувате со мешињата ? Јас земав денес да го бришам подот со крпа седнара на спална и се наведнувам се вткам у мешето ама веќе се потешко ми е да се наведнувам и виткам После затанав и така пробав да се наведнам и свтикам за да бришам ама тешко ми оди пробав и клекланата ама и така не бива се ми е тешко веќе а 5ти месец сум тек дури и патики ми е тешко да ги обелкувам да се виткам... сеа пак ме мавна у психа дали може што се виткав нешо на бебто да му направив ?
Јас искрено откако останав бремена не го чувам мачето дома. Немам прележено токсоплазма, а мачето го прибрав од улица и не е вакцинирано. Кога прашав ми рекоа дека до 1 г се вакцинирало и не знаев колку е старо. Го прочистувам од глисти и болви, ама дома сега нема шанси. Само кога ќе се шмугне без дозвола ама одма со храна го лажам и вадам надвор. Мака ми е што со рака го немам допрено 8 месеци, ама сега бебе ми е приоритет. Не чувствувам грижа на совест зошто уште го ранам и чувам. Мм го гали, па не е запоставено. Можеби сум сурова, ама поарно вака
Само со клекнување веќе, ама кратко, страв ми е и да клечам. Јас сум 27ма недела, стомакот речиси не се ни познава кај мене уште, дека си имам стомаче од порано, ама сепак е тешко е. Пред некој ден се наведнав 5 секунди до земја и потоа имав болки, многу се исплашив...од тогаш пазам Купи си чистач на пареа или нешто такво, ги има во Топ Шоп, ќе можеш без наведнување да си чистиш
Mене ми рекоа еднаш поарно наведни се од колку да клекнуваш хаха ама ни двете веќе не ги можам. Немам болки само малце кај папукот ме затега др нишо и у моментот валјда не му направив нишо на бебе. Иако кратко беше тоа шо чистев може 2 мин највеќе
Сите различно кажуваат Не, не е ништо, без гајле. Во иднина ќе си најдеш подобра позиција, или крпата на маж ти и готово
Јас скоро 7 месеци немам фатено правосмукалка нит џогер,само прашина бришам другото маж си чисти. Одбегнувај напнување или можеш само со џогер но не се наведнувај.
хаха даа и во последно време толку мн паничам и сама се нервирам шо за се паничам. Па и ја не чистам дома маж ми е средува но воа беше малце коса шо ми пагало у спална да земам викам со една крпа влаканава да ги соберам инаку ои ја немам фанато нишо од коа останав бремена и така до сеа брзо повеќе на лежење бев сеа така малце шо се раздвижувам. И немав приметено до сеа дека мешево ми е толку порасното шо ќе ми смета за наведнување мислев у поголеми месеци е така ама денес се уверив и после па психава леле шо направив нешо на бебе да не му направив сеа и така ама веќе не се наведнувам
Кај ве читам вака ви завидувам на мажите. Не дека мојот не ми помага и не се грижи за мене. Ама до сега нит исмукал нит изџогирал се тоа сама си правам. Некогаш со доместос ми чисти во вц и само тоа полза од него. Треба да му дадам да прочита тука да се усрами малце, па можи и ќе се расчисти. Јас сега баш смукав низ дома ама веќе напорно ми е. А и заборавив маж корпата со алишта по скали ми ја качува. Кога е дома де. Ако не на три пати си ги носам по малце.
8 месеци ништо не сум фатила низ дома да чистам освен за јадење понекогаш правам све друго прави мм и свекрвата..
Ние живееме сами и ете за цела куќа се грижам сама, ама пак не чинам. Сега свеки беше на гости и ми замери зошто тревникот ми се исушил требало да го вадам. До пред еден месец и вадев и цвеќиња садев и градина си имав мала за да бидам сигурна дека не јадам прскано. И ете пак малку е. Ама уште да ги доспремам работите за бебе и јас ќе си земам одмор.