јас бев во петокот на органџиски, а вчера бев на мојот матичен. сакаше да ме гледа па го прашав да не е штетно и ми рече дека ќе биде брзо.. и самите доктори ќе кажат. сепак господ да ги чува нашите бебушки....
Добро утро на сите...јас вчера скапав на факс од 8 до 4....пукнав, не ради друго туку 8 саати на дрвено столче па и да не сум трудна ќе ме заболеше се. И после дојдов, малце прилегнав,па др.обврски...и повторно рано си легнав. Инаку вака фала богу и јас и синко мој сме добро си мртка си расте....и едвај чекам да го видам колку пораснал - на 14ти си закажав контрола. captivating,Beautiful-Princess ако зборите за вежбите на Гак, сте требале директно на централа да звоните на тој бр. lepadama честитки, нека ти е со лесно бременоста.....ама ептен брзо ова испадна едно по друго одма....ако ако само нека е со лесно.
lepadama со лесно бременоста Здраво труднички,инаку јас вчера бев на преглед и сме 6 недела и два дена,имаше срцева акција ама јас не се разбирам многу ,само зјапав во мониторот ,плодот е 3,73 мм и ме плаши да не е малку за таа недела,така нешто и др ми спомна дека било малку помало.Инаку јас се чувствувам засега одлично,немам гадења и такви ствари само одвреме навреме малку тежина на желдуник ама мине брзо,и ме заболува половината понекогаш.Ете така ве поздравувам и имајте убав ден
Последниве неколку дена чувствувам трпнење само на десната рака при спиење, дури и болка па не можам да спијам, а сабајлето не можам да вршам и најосновни физички активности Ако има некоја труднинца со вакво искуство или знае некој лек како да го решам овој проблем да го сподели истиот, зашто нит можам убаво да спијам навечер ни сабајле можам да функционирам како што треба со десната рака
Драга dejana2, мене истото ми се случува еве веќе 2 месеци. Ми трпнат рацете и нозете. За да ми помине ја исправувам раката или ногата (зависи што ме боли) да се истегне добро мускулот, и полека чувствувам леснотија. Единствено тоа знам, се надевам ќе ти помогне.
Благодарам на сите за честитките,да Snow ептен брзо,првото ми е уште бебе,ќе бидат разлика година и некој месец.Две бебиња наеднаш. Само за убаво да е,кај сите да се враќа.
честитки до новата трудница , со лесно нека ти е азелеа не се секирај, јас мислам дека покасно си останата бремена , па затоа и вредностите ти се помали на ехото опушти се и уживај си ќе си порасне бебушот Инаку, јас не се чуствувам воопшто добро, почна секој ден да ми се лоши, не повраќам ама мачнини имам ептен. И неможам да јадам убаво, насабајле што ќе каснам и тоа ми е до кај 6,7 поручек а и после ако јадам нешто тоа е минимално. Повеќе течности пијам. Сакав да ве прашам кај мене мачнините се зголемуваат поручек со кулминација навечер.Обично читам дека насабајле повеќе ги чуствувате, а кај мене обратно. Можеби бидејќи одам на работа, плус патувам по еден час до и од работа, па можеби уморот ги зголемува, ама досега единствено кока кола така малку ми помага , друго ништо. кај вас што помага? позз
Честитки Лепа дама, ти најубаво си направи, оп едно по друго и мирна глава. Си знаеш сега што те чека, нека ти е со среќа и со лесно!
Сега видов тука дека анвистина Лепа дама е бремена со второ, а пред малку видов во друга тема и забележав по тикерот ама не знаев дека навистина е бремена. Честитки драга, нека е со лесно, браво за храброста, многу брзо уште едно бебенце нели? Јас сеуште не се осмелувам, рано ми е некако уште, не можам сеуште да с епривикнам на ова зверчето мало, а камоли уште еедно а маж ми веќе неколку денови како ме моли за второ
Лепа Дама со лесно бременоста , многу брзо се одлуЧивте за второ Мене вака пре ми одговара првото веке самостално си е , големка е разбира , сама јаде ... полесно е веке .. Спремни сме за второто бебе Поздрав
здраво идни мамички, ме нема одамна да пишам на темава, видов заклучена беше еден период, не ми се веруваше дека некој може да се кара и да сплеткари на оваа тема. Напротив, ова треба да биде нашиот издувен вентил, целата позитивна енергија да кружи но за жал има секакви мизерни ликови. Туку, да баталам тоа, читам има нови мамички, им честитам на сите и им посакувам се најдобро. Ние со бебушот сме добро, веќе се познава мешенцето, маж ми се зафркава вика па до 9-ти и фацата нема да ти се гледа Расте милото тоа, иако изгубив апетит во последно време, почнаа мачнини и тоа не утрински како што најчесто се случувало кај поголем број трудници, кај мене обично е после работниот ден штом стигнам дома или навечер.Освен фолната, докторот ми рече да пијам и Б6, и од нив како да не се јаки толку мачнините. Пробувам да грицнам некој крекер, читав тоа помагало, но кај мене не делува тоа, ама затоа чаша кока кола ме подига ко авион И ментол бонбони. Синоќа и едно динче ме крена ( а не јадев диња досега), ко Алачка мрмкав цело време дур ја јадев Слабо јадам, не ми сака душата, одредени видови на храна почнаа да ми стануваат одбивни, насабајле на работа каснувам и тоа ме држи до крај на работниот ден. Во меѓувреме, ладно чоколадно млекце ми завршува работа, и многу вода, благо не можам да смислам, и со овошје намалив и се карам со себеси поради тоа, еве едно сочно јаболко и една банана ми стојат веќе 3-4 дена во фиока на бирото ама не им е време да ги лапнам очигледно За среќа опуштено е на работа, си слушаме блуз и рок со малото ми зрнце, тоа не подига психички, не ни се јаде ама затоа се смешкаме, си пееме, си го галам мешето и му пуштам позитивни мисли да знае дека е многу сакано и дека се ќе биде во ред. Поздрав до сите, се читаме.