мајки синока ми јавија резултатите од приска биле на граница многу се испласив до сега контролите се беја добри резултатите од ехо се BPD-22MM CRL-58MM NT-1,16MM дали има терапија сто ке се подобри ве молам писете
Уффф ова бебушите поголем дел од времето спијат со првото не ми беше познато,он се роди плачко и неспијач и ден денес си е таков.Уште сега кроиме планови кој до кого ќе спие кој кого ќе бања. Ама ќе биде се.Кога ќе се породиме ќе се тешиме една со друга
31 недела сум и од сабајлево имам многу мачнини,ми се повраќа. А од цела бременост само на почетокот имав и повеќе не. Некој искуство?
Приската е обична статистика, ништо повеќе. NT ти е супер, треба помеѓу 1 и 2.5. Таман си. Нормално е. И мене ми се случи во една бременост. Кај мене мина за 1-2 недели.
Здраво мешиња! Јас колку што знам ако се сомневаат на нешто тогаш гледаат на НТ ако е поголемо од 2,5 или 3мм мислам беше,а кај тебе е супер.Уживај и не се секирај,тоа се само статистики. Инаку јас терам 33 недела,но на минатиот преглед излезе дека една недела понапред сум,значи 34,па сега незнам кога влагам точно во 9 .Ова ми личи дека ќе се породам неспремна и само паники ме фаќаат.Деновиве на итен шопинг. @simona_baby и @Vennera.aa и јас сум иста како вас.Моето малово нема да има ни полни 2 години.Душава ме боли уште од сега.Никогаш не сме биле разделени.Ќе си пукнам знам.Големиот има осум,еднаш ја кркав оваа мака.Тогаш имаше шест, знам кога дојде да го видат бебето,исплашен ме гледаше во креветот (само што ме извадија од сала,ја скрив инфузијата под кебе)му рече сестрата гушни го бебево а тој ко од пушка, не ми се миени рацете.После ми подолесна малку,другиот ден пак дојдоа,третиот си дојдов дома.Сепак голем беше.Ова не планирам да ми го носат,знам ќе плаче ако ме види.Молам Бога лесно да поминеме и побрзо дома да си дојдам.Ќе заборавиме на се.
И јас не планирам да ми го носат ниту јас ќе издржам ниту он,ама нели што се мора ќе помине. Јас сум на моменти преоптоварена со тоа како он ќе реагира на бебето.Уште не зборува па тоа ни е мака плус сака нешто да каже а не го разбираме и доаѓа до фрустрации.Од друга страна сакаме сега да го пратиме во градинка чекаме да се отвори па си поставувам прашања што ако на него му се уврти во главчето ете стигна бебето па мене ме праќаат во градинка,и уште милион други бубачки во глава. Мене една докторка ми даде еден совет верувам ќе успеам да го применам.Она рече нормално е да се јави љубомора и детето да се бори за твојата љубов дека до вчера ти си била само негова мама.Е сега треба да те дели.И џабе дома цело внимание да му го дадеш на него он пак ќе има чувство како да те дели.Затоа секој ден ќе го спремиш ќе си го однесеш два саати само со тебе на прошетка да чувствува дека ти барем во тие два саати си само негова. И така се изнапишав реферати посабајле.
Мене ми е сеуште рано да мислам на тоа ама верувај исти стравови имам уште од сега, малиот здравје ќе има 2 и 8-9 месеци кога ќе пристигне бебето
И јас сум со истите стравови. Малото ќе има 2 години и 8 месеци кога ќе се роди бебето. Не планирам да го носат во болница, мислам дека само ќе се уплаши. Му зборувам цело време дека мама ќе му донесе бебе, па го прашувам што сака да му донесе бебето кога ќе дојде. За да има нешто и за него, демек подарок од бебето. Вака е многу мирно и послушно дете, се надевам дека брзо ќе се прилагодиме.
Прва бременост ми е и баш сакав да прашам за ова На последкиот скрининг бебе беше две недели понапред, и date of birth беше исто две недели по напред, не на првичниот термин Тоа значи ќе се породам порано или нема врска Пиј ладно млеко, и јади живи бадеми. Не мора одма апчиња да пиеш
Земај гастрорад, рупурут, ранитал одбегнувај. И јас имам од секогаш маки со желудник па ми помага гастрогард.
Мене ми се случи,последните две недели два пати повратив. Имам и мачнини,гадења. Претходно бев со секојдневни повраќања до петти месец. Мешиња,јас менструални болки не знам што се. Стомакот никогаш не ме болел кога сум добивала,само половината. Денес сум 34 полна,од утре влегувам во 35-та, но од саботата повремено чувствувам болки во половината,односно моите менструални болки. Читав дека тие се предвесник на породувањето,арно ама многу е рано кај мене. Нормални се ваквите болки во половината или? Инаку на преглед матичниот пред 4 дена ми рече постелка со калцификати,но рече може уште вака да издржи. Памет немам веќе
Обично за калцификати знам дека се прима клексани но неме фаќај за збор,сепал направиси уште една контрола.
сега бев да го земам резултатот од приска Biochemical T21 risk e1:321 само тај резултат и бил на граница требало до 300 да биде другите биле добри синока сестрата ми се јави и ми каци притисоко на 200 резултатите ми биле на граница ризицно било усте сто не каза
Мереше протоци,супер се рече. Бебето добива храна,качува на тежина. Веројатно поради тоа не ми даде упат.
Јас касно ве читам па еве мое видување за активност и чистење во тек на бременост... јас до средина на 6ти се си правев најнормално (само што сите околу мене викаат дека моето “нормално” е уствари турбо ). Тоа значи од сабајле од 8 докај 5 саат во канцеларија, после дома чистење раздигање лево десно, па навечер шетање за да не се здебелам , седнување или легнување дури во 1 навечер за спиење. И секој ден така. Пазарење по дукани сама, товарење колку повеке што можам, чистење и вц и туш кабина со три типа средства... Инаку бремена со инвитро, и се’ викав абе ајде другите се принамагаат само ги мачат другите околу нив јас се’ можам сама. Се додека еден ден не ме изненадија две-три капки крв и докторот тогаш ми даде еден огромен знак СТОП (знаејки ме каков ми е темпераментот) и еве ме веке месец и пол одмарам, седам и работам од дома, иако ми работи црвецот и пак чистам и пак алишта зимни летни сама средував, и отпосле кога имам болки си речам не требаше ништо да факам. Шала на страна мој совет да се штедите колку повеке можете, секој момент да одмарате уште од почеток на бременост. Јас немам ни гадење, ни повракање, нит моризби осекам да не речам се ми е најнормално, ама џабе не рекле друго стање и дека бара одмор колку се може повеке. Здравје да ја истерам оваа бременост до крај со лесно, па за втора ке знам како уште од сам почеток. И да, не е иста нит бременост нит организам на 30+ и 20+. Позз до сите имајте лесна бременост Јас 2-3 пати пишав за тоа крварење како точки, ама не добив одговор од никој на форумов. И кај мене така, не секој ден ама преку еден или 2-3 дена по 2-3 точки. И јас како да осекам дека е некое надворешно брунче, и се гледав ама нема ништо. Кај мене точкањето излезе дека е од децидуален полип кој се појавувал во тек на бременост. И така, секое одење во вц е стрес за мене ама ајде ке биде. Инаку најмногу имав точкање додека ги ставав Полигинакс вагиналетите, некаде читав дека и они знаат да предизвикаат крварење. Ставав две кутии ради бактерија која уште не е исчистена и еве докторот пак ми даде уште една доза ама ми е страв да ги ставам. Да не има некој вакво искуство од Полигинакс?