Мешиња до колку работи трансфузиологија во Воена?За испитување д димери?Инаку со приоритетен сум не со термин
Веќе не се прави болнички упат од матичниот, самата болница го креира. Кога ќе направиш прв преглед во Чаир ќе процени и ќе ти каже докторот кога повторно да дојдеш (некоја има потреба на два дена да доаѓа, некоја на две недели). Ти си веќе завршена кај матичниот, таква е праксата сега, матичните доктори ги проследуваат пациентките на болниците откако ќе влезат во 9ти месец.
Ич да не се плашиш....и јас надминав термин..и моево инет нејкеше надвор...нит контракции нит болки нит водењак имаше абер да пукни...кога отидов на преглед сум се отворила 8 прсти..ме задржаа..пукнаа водењак...и почна играта
Ќе ти речам дека си од среќните(без да ми се налутиш ) Мене со 8 прсти ме носеа на бокс,а дур се отварав страшни болки.Водењак таму ми пукаа,два пати.Верувам и ти си осетила болките,но барем отварањето поминало полесно.Како и да е се поминува за два саати,пасе заборава,со лесно на сите.
16 недела и плус некој ден сум осеќам како треперење на моменти во стомакот дали е можно тоа да е движењето не бебенцето ? не знам како се осеќа кога ќе биде тоа исто така имам долу под стомакот како болки од време на време .. и од левата страна од што може?
Искрено од кога ми го пукнаја водењакот после некое време мислев со чекан некој ме мават по кичмава..ама најискрено све се заборава навистина...кој има прилика нека оди на природно...п.с и после мажите биле појаки од жените
Здраво девојки, јас оддамна Ве читам ама сега решив да се зачленам Инаку сум 5 месец, арно ама минатата недела во четвртокот ми излезе фурункул гнојна капсула баш на левата усна, и одма на гинекологија и докторот ми препиша Панцеф ама ми се создава огромен слуз и зелен и бел, и баш кога бев во понеделникот на преврска ми кажа дека поради антибиотикот ми се создавал толку секрет, ама ајде уште денеска имам за пиење. Никогаш, ама никогаш и покрај милионите проблеми што ни се појавуваат во бременоста не се откажувајте, мислејте позитивно и се ке биде добро. Имајте убав ден
Може во 3 тромесечие да се смени постелката...без паника...гинекологот ќе прати ситуација...не се секирај...све ќе си е најдобро...и ако не се смени постелката бидејќи со плацента превиа е блокиран патот бебето да излези надвор се прави царски...
Само мирување,терапија примаш? Имав со првото,но не беше скроз превиа,туку незнам не памтам како беше некако главчето беше под плацентата или така нешто.Еднаш прокрварев околу 16 недела,така ми открија.Мирував многу после 28недела се среди се.
Jas imav na pocetokot placenta previa I za nea Dr trajkovski mi dade vit e od 400 ie da pijam plus magnezium od 400 ie I se sredi sega e ok ama ne mi gi prekinaa vit e .I magneziumot
друго е во рана бременост, а друго е ако остане така и во трето тримесечје, ај може ќе се качи... има уште некој ден време
Бев денес на редовен преглед 25 недела од денес. Вагинално опипување на грло на матка во ред, цервикс на 25 недела 4 см во ред, бебе во ред и со глава свртено на доле. Исто денес беше и тестот за скриен шеќер со она блага вода. Од кога ја испив мислев ќе умрам од гадење, толку многу ми се слоши. Потоа првото цтг денес на 25 недела. Се беше во ред и на тоа. Пола саат лежење е досадно и мислам дека некој спомена дека е губење време, се согласувам. Следен преглед е трет скрининг и потоа само цтг до крај.
Со првата бременост дури во деветти месец, и тоа по некоја само , е сега со второто ке видиме , 23 недели сум