Јас веќе месец дена секојдневно осеќам болки во грбот и тоа на десна страна ретко на лева. Незнам зошто така
зошто би се плашела? не се секирај ќе биде кај и да е...две мои другарки ги носеа по 42 недели,им кажуваа демек точно си биле според кога е зачнато бебето а не дека се надносени па сега незз...се им беше нормално природно без никакви компликации...не се плаши се ќе биде во ред кога ќе му се искача на бебко тогаш ќе си чукне
Цело време без проблеми до вчера кога почнаа киселини, ми гори грлово по цел ден само кисела вода пијам. Не знам дали ке е вака до крај ке биде интересно )))
немора да значи дека ќе ти се појават...ни јас немам па се надевам дека ич нема да излезат 29+ 3 сум е за ова исто...од пред 2-3 дена имам мнг киселини ама па од к.вода уште повеќе имам...само млеко ме спасува колку толку
Исто како јас оваа да го пишувам. Дома имам 2 годишен палавко кој постојано е во движење, а со него и јас , едвај имам време да седнам и тоа само кога спие. Трчаме, се играме , го подигам и во раце , по цел ден сме заедно, маж ми на работа па и нема баш кој да ми помага и за обврските по дома. И јас си знам каква плачка сум , не ке можам ниту на телефон да го чујам а не пак да ми го донесат да го видам, но ај си викам ниту прва ниту последна, два три дена бргу ке минат. Го учам уште сега дека мама во мешето има бебе, го гали мешето и си пее "О бебе, о бебе " . Сепак имаме уште време ,23 недела сум. И така
Да видат дали е во ред со контракциите на матката. Прва бременост ми е немам поим како е, али верувам затоа се специјалисти по гинекологија да знаат кога и што треба ( не сум во мкд). Чисто пренесувам искуство од овде и го споредуваме со доле кој што и какви прегледи прави во иста недела. Значи овде имаш скриен шеќер, цтг, вагинален и абдоминален преглед на 25та недела. Плус тестови за тохо и цмв треба два пати во бременост да се прават.
На вагиналниот отвор на лева страна имам како отечено, кога го пипнам се познава како топче и отечено е дури кон препонот..имав исто такво и со првата бременост, ставав канестен и помина..се мислам зошто бааш во бременоста се појавува..имал ли некој слично?
Женички дали имате болки во папокот на моменти? Не можев да се исправам сега од болка осеќам како бебчо да ми ја тегне папочната врвца и мн болно чувство не знам дали е нормално
Јас добив стрии после пороѓај....кога ми се повлече стомакот..ама воопшто не се видливи т.е упадливи во очи
Денес бев да довршиме втор скрининг. Е сега,докторката ги виде двата рога но cavum septi pellucidi не успеа да го види и ме препрати нана државна скопје второ мислење. Ми даде приоритетен упат. Дали со тој упат може да одам пример во петок? И приоритетбите упати кога ги примаат? Немам искуство ниту пак имам одено ск на гак. Ве молам објаснете ми..
Ако можеш оди во четврток Ливринова е во амболанта она ќе види најдобро. Прво одат закажаните па после со приоритетен
А со, оглед на тоа дека утре е државен празник? И прашањето кое сите нас не интетесира пред да одиме на доктор,, добра ли е таа докторка,,? П.с докторката Александра Лазарова да не знаете кога е на работа?
Заборавив дека е утре неработен ден. Ливринова е најдобра за скрининзи особено за тоа што те праќаат тебе. Лазарова е исто одлична но она тие дури во понеделник во амбуланта. Моја препорака е Ливринова да те види а после ќе си одлучиш кај ќе продолжиш понатака.
Моник да ја слушаш, таа навистина има многу искуство со докторите на гак. Ако вели дека е добра значи стварно е.
Ви благодарам на мислењата,посебно дека немам искуство потешко. Моник,на гак да звонам за да пташам кога е ливринова на работа? Матичната заврши со смена денесла па да бара во системот да види.
Освен Самарџиски сите доктори ме имаат гледано во овие 3 години и ме знаат по мојот случај. Затоа ни за потаѓај несе замарам кој ќе ме пораѓа кој и да се падне ме знае Нее за смеа ама мораме на шала. Она е во Четврток во амбуланта ама утре е неработен ден јави се прашај евентуално да не се сменила за петок нешто. Ако не оди да ти го поништат приоритетниот и во понеделник нов нека ти издадат за во четврток. Први јави се и прашај на клиника.