Јас иако не одам таму,имам слушнато многу позитивни коментари за оваа докторка,за секој сегмент,но особено за скрининзи. Или мој предлог пред да земаш приоритетен,провери си електронски да не евентуално има слободно терминче,чисто да не чекаш и да не бидеш последна. Ако нема термин,приоритетниот ти е секако опција
Бидејки те препраќаат за главчето ти кажав кој е нај стручен за таа проблематика. Таа Ели николовска нее во амбулантите за скрининг. За оваа проблематика не се оди кај секој.
Нормална е болка под/над папок и такво чувство. И јас се прашував од што е, но бидејќи кај сите се јавува, а и кај мене во двете бремености установив дека е нормално, веројатно поради ширење на матката. Но неможеш да знаеш какво е чувството кога тегне папочна врвца, со нејзе не си директно поврзана
Пошо некоја вујна и кажала на свекрвата дека ја познавала ели па за кај неа ако сакам затоа пишав мислење да ми дадите. Фала ви многу за советите. Ќе пишам што ќе направам..
Искрено срам ми беше да го прашам ако не се изгубеше ќе мораше да прашам, малку и се исплашив еден период беше доста големо и со допир ме болеше
Претпоставувам дека секоја минимална и поднослива болка е нормална ама поима немав дека не сум директно поврзана со папочната врвца не сум изгуглала да видам тој процес како иде Ставам крема скоро ном стоп сум намачкана ама оваа болка е внатрешно ама ме интересираше дали ја имате и вие зошто поднослива е ама некогаш не можам да станам треба да почекам неколку минути и после како ништо да не е
Јас имав последните месеци болки на папокот мислев бебе низ него ќе излезит ама обично кога беба факаше некоја позиција и ми се затегвеше све окллу папок..се мачкав со масло од лаванда на бекутан...
Е баш така осеќам ко да ќе ми излезе низ папокот тоа изгледа дека сум при крај...ајде уште малце ќе се издржи што да правиме
Јас сум миле паника. Вечерва бев да мочкам и после мочкање се искашлав и ми протече вода а бев во веце. Можно е да е плодова или нормално е од урината. Да напоменам дека на 5 мин мокрам.
@monik55 и мене денес на работа ми се случи исто и тоа два пати и трчам одма да проверам што е, јас сум рано за плодова мислев крварење да не е, ама ништо немаше, незнам што е изгледа слабо може да додржиме
Чуствувам како да ќе пуштам цело време као притисок. Плодова вода знам кога протекува тече убаво како чешма и е топло.
Ич гајле да немаш...плодова вода кога ќе протече кофа ќе ти треба мала шала пред спиење не е страшно ништо од урината ти е под притисок што си се закашлала...нормално е толку да одиш во ВЦ...само релакс...кога ќе дојде време нема шанси да промашиш..инстиктот работат Ехееее слатки маки.... Со лесно мајка
Не сакам да те плашам но да идеш да те видат на ехо, од искуство на сестра ми што и се случи ти кажувам. Јас бев таа што и викав дека е нормално често мокрење, добро што не ме послуша и отиде на преглед.(ако е навистина мокрењето на секои 5 до 10мин)
Најверојатно ти е ептен над бешика, мн ти е смачкана бешиката имаше една анимација ама е бешиката стисната при бременост... Плодова ако е, се осеќа дека баш од вагината назад протекува и водата е баш поназад на гаќи. Мене 2 дена пред раѓање ми напукна високо водењакот и ми течеше од време на време... ама баш лигава топла водичка, и ептен се осеќа како шлупнува од вагина, нешто како кога имаме добиено и истече одеднаш.. хахаха ама опишав, ама баш така ми беше